Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Потрес на мозокот,скршена клучна коска,шинување на раце,нозе,врат...
 
Ии...

Имам во животов пуно гребаници, и тоа сериозни, изгореници, па скршеници малце поретко, прстовите пуно пати ги имам набивано, мускулите на нозете истегнувани ми се стално, па идам по улица како наркоман, па ми има еднаш влезено шајка од 5цм во стапалото и не знам како уште можев да одам со шајката в нога, а од тепачки немам повреди заради брзите рефлекси на одбрана. :)))))
 
Скршена капачка на коленото, пред 2-3 месеци, како и што не е за во јавност. Уште се опоравувам. Имам телови за да го спојат назад. Бааги гадна повреда.
 
Ко мал кога и да излезев од дома мораше да се вратим со крвави колена, секогаш паѓав скоро кога и да потрчам, а и дур се учев точак да возим доста паѓав и ден денес имам лузни на колената. :)

Раката ја имам залепено на плоча од шпорет како мал...

Ја имам и главата дупнато, ме погодија со камен (големина на мобилен телефон)

Пукната буза од Албанци (само еднаш) :)

И минатата година 2 пати ги истегнав лигаментите на левото колено и уште чуствувам болки на моменти.


(има уште знам ама само толку ми текнува во моментов)


пс. Се ова што ми се дешавало ниеднаш немам отиднато во Болница на преглед ова она :)
 
Пу пу да не се урочам ме чува оној од горе. До сега го имам само изместено рамото и сум шинувал прсти неколку пати.
 
Коленици рендање многу пати, еднаш си ја изгорев раката на шпорет како мал, помодрено еднаш под око и еднаш над окото, пукната аркада ииии.... и то.
 
Фала му на Бога сум немала некој сериозни физички повреди ,и недајбоже да имам :nenene::nenene::nenene:
 
Lol колку морбидна тема :uvo:
Не да се фалам ама имам доста лузни кои потекнуваат од физички повреди:jaj:. Иако не сум суеверен сепак нема да ги набројам кои се, бидејќи последен пат кога кажав ме фати малер, па сега од превентивност ќе си ќутам...
 
скршена рака пред 1 година:salut:
 
3 - 4 пати повреда на главата од камен , еднач сум шиен (како мал)

Шинување на прст , рака ...
фрактура на лева рака и една на десна рака ...
Најчести повреди ми се од баскет шо си играм
 
Посериозни повреди како рако-ного-кршење сум немала,за среќа.
Али затоа секојдневно печати на колената при возење точак,бегање од куче:pos: и слични глупости.
Кој идев на фудбал како мала лигамент скинав на лева рака среден и досреден прст.
У жмурка играње си го скршив кецот(забот) и тогаш ми заврши детството,немам играно ништо од тогаш,тоа крајно беше,уште не го прежалив :)
Исто како мала паднав под кола и си го изрендав пола лице,среќа немам никакви лузни сега.
Пукнав аркада у спиење од што не знам мирно да спијам :pos:
И си го шинав левиот зглоб на дланката од праг на врата.

Најчесто помала кој бев,бев многу злобна и ја им нанесував повреди на врсниците или поголемите братучетки,еднаш една ја бутнав у трње,којзнае што ме изнервирала :pos:
 
Па до пред некое време бев цела али пред некое време скришив прст на левата рака, истегнав мускул на левата нога и пола лицето ми беше гребатинки а плус и аркадата пукна и добив два конци над окото.аЛИ ЗА срека сите повреди исчезнаа и брзо поминаа.
 
Ги имам исечено вените,едвај ме спасија, несреќа беше де не намерно :pos:, исто и над лактото имам голема лузна од тогаш. Имам мала лузна под носот, сум се удрила ко мала на ќош од маса, имам лузна на десната бога малку погоре :icon_lol: ама мала е. Имам скршено рака, пробајќи од на маса да летнам со моите летачки пижами,(лошо деловале и цртаните:pos:). Паднав на железо и убо ме закачи в стомак, па бев на ехо и замалку ќе требеше на операција. А колку пати имам шинато раце и нозе, господ знајт :pos: Многу бев бесна, ептен.
 
Имам 2 пати паднато од точак, првиот пат ја изгребав дланката и добив инфекција, а претходно ги повредив ребрата многу незгодно!
Имам 2 пати скршено прст, еднаш од фудбал, еднаш ми падна камен на прстот(со големина на телевизор:))
 
Два пати ногата левата нога ја имам носено во гипс и то во период од 2 месеци.. Вратена коска на подлактица.. 8 мали коски на раката изместени...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom