Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Денес на фудбал го свиткав зголобот и ги скинав лигаментите на десната нога, Ме акнаа во гипс и ми рекоа 3 недели да не мрднам.:vozbud::vozbud::vozbud:
Не се нормални, јас во среда го вадам, најкасно петок, зашто ке се мрднам.Што сака нека биде.:toe:
 
-Фрактура на десна подлактица
-фрактура на клучна коска
:) :) :)
 
Вчера ја утепав ногата под коленото кај коската и ми потече...

И УШТЕ БОЛИ :nerv::nerv:
 
Си неам ништо до сеа скршено
не дај боже да ми се случи такво нешто понатаму :)
 
Си ја имам скршено левата рака кога имав 5 год..Раката ми беше шиена пред 1год
 
У 2ро одд мислам беше, паднав од тротинет и си ја скршив раката, а тогаш бев у село кај баба ми и немаше доктор и еден таму демек доктор ми ја мачкаше со јајца и триста глупости па после у гипс хаха.

Исто кога бев мала забавиште паднав од скали и си го скршив предниот заб, среќа ми беше млечен, па сега ми е здрав и жив повторно:pos2:
 
Го имам скршено малиот прст на десната рака и исто така го имам исчашен истиот прст...тогаш господ го видов (ахх таа кошарка :kesa:)
Два пати го имам скршено палецот на десната нога и еднаш на левата...
А скоро го повредив коленото кога скокавме во песок по физичко (скокнав 4.30 најмногу од сите :je: ) И ден денес ме боли :(
 
Потешки повреди скршена десна рака и скинат лигамент на десно колено и нормално помали као пукната зглоб на десна шака, шинуење на нога, лигамент, набивање на прсти на баскет, полн сум со лузни на колената и лактовите. Бурно детство :eek:
 
  1. Скршено Ребро
  2. Потрес на мозок
  3. Шинат врат
 
Десниот зглоб првиот пат го скршив и ми искочи низ кожа коската ,вториот пат го изместив незам каде ми беше тогаш зглобот
колена цели лузни што сум паѓал од точак и то..
 
е пусти спорт ко ќе ми речат здрав бил : исчашени двете колена,пукнат лакт и повреден скочен зглоб........ај сеа спортувај да те видам........
 
Jaс вака:
Зима 2009-та, играме фудбал во сала, корнер беше, скокам да удрам топка со глава, некој ме турна позади, изгубив рамнотежа, и паднав на колено од еден пријател... пукнато последното ребро на левата страна. Глупо беше тоа што одиграв до крај, болка нема или занемарлива, ама кога си отидов дома...болки у ПМ. И ај на доктор, ај снимки, ај кетоналче... и така едно месец дена...
Скршен лакт на левата рака... Тој ден, мај беше 2007, пола Македонија ја прошетав, се вратив дома, влегов во бањата да се туширам и излегувајќи од кадата се лизнав... арно велат дека најголем број од несреќите се случуваат дома...
Тогаш докторите кога отидов на рехабилитација ме исплашија дека мал број од луѓето со таква повреда можат 100% да се рехабилитираат во смисла како ништо да не било, сепак, фала му на Бога, се е ОК. Ама... цела година неможев раката да ја дигнам скроз горе...
Скршен мал прст на десната рака. Последица на летање во нива со моторно возило. Некако ми се заплетка прстот на воланот. Јбг... 19 години имав тогаш, хехе... Последица: Крив ми е малиот прст.
Двапати шиена брада. Еднаш со еден, другиот пат со два конци. Двата пата ми се погодуваа лекари во брза помош кои ПРВ ПАТ во животот шијат човек. Двапати беше без анестезија без ништо такво. Аххххх...убави 80-ти... :) Тогаш, за една година двапати паднав на брадата. Летото 88-ма играјќи фудбал во тогашниот струмички пазар се испружив на терацо плочките и тоа на брадата паднав, и заработив еден конец... потоа, летото 89-та возев со точак како луд по улицата (денес од возила нема шанса тоа да се прави) и налетав ваљда на некој камен или песок беше, па летав преку точакот, атерирав пак на брадата и добив два конци. Не бројам тука што лакти и колена ми беа поштено одрани, тоа ништо не се познава, но лузната на градите на левата страна од крај до крај сеуште стои... тоа од рачката на кочницата ми е за успомен и дуго сечање, заедно со двете лузни на брадата. И, брада таму не ми расте.
И, за крај... лето 84-та... зградата на струмичкиот суд... Прават ограда, значи изградено ниско ѕидче, јас трчам по ѕидчето, паѓам на газ, а во десната нога шајка...некаде под листот, над петата... има едно кругче денес на тоа место... лузничка...
 
Едншка мачка ми ме изгреба. Тоа би ми било најстрашната повреда до сега.

Имам кршено и заби, и одрано вилица. Ама ништо страшно не беше тоа. :D
 
1 скршена рака
1 скршена нога
~10 конци на стапалото
3 конци под коленото

приказните за раката и конците на стаполото се многу интересни ама не ви ги кажувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom