Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
1.Како бебе сум и паднал на баба ми од раце, и сум се акнал у радијатор, и сега на левата страна од челото, имам едвај видлива трага.
2. Играјќи жмурка во стан кај тетка ми, на 7-8 год. возраст, не осетно ми влезе во левата подколеница држачот за радијатор(ме откорна), а јас тогаш мало дебело, не сум ни осетил, ама после...пискотници се слушаат од аеродром до к.вода.:tv:

Хаха и мене ми се има случено ова:)
Кога сум бил бебе мајка ми ме чувала ама еден момент сум избегал и јас во дубакот, тој со мене и двајцата по скали:pos:
Среќа ништо не ми се случило, освен што сум пиштел тогаш.
 
Досега посериозна повреда кога си ја дупнав главата во второ оделение играв брканица и се сопнав на скала и на ивицата од степеницата се мавнав и одма правец за градска и ми шибнаа 2 конци и толку,а кога сум бил бебе брат ми од количка ме превртувал ама ништо посериозно(уште од тогаш јак сум бил)
 
Хаха и мене ми се има случено ова:)
Кога сум бил бебе мајка ми ме чувала ама еден момент сум избегал и јас во дубакот, тој со мене и двајцата по скали:pos:
Среќа ништо не ми се случило, освен што сум пиштел тогаш.

Аман бе дете, со дубаче по скали. Ѕвер.:tv:
 
Немам скршено ништо за среќа..
неколку пати лигаментите ги имам истегнато, и кузнајт колку пати рацеве ги имам убо шинато.
Ко мала со нога имам кршено стакла по шо селдуваше ваѓање на срчи од петицава.
Исто ко мала сум пикала од стиропор топчина в нос и не ме сетиле дека имам и после цела вечер крв ми течело и кузнај шо ми праеле на хирургија мала бев не памтам
Од мост кога скокав и се сопнав од шо беше водено и се удрив на железата.
И лани ко се акнав со глата врадијатор и потрес на мозокот имав
 
Мал милион пати исчашување на зглобови на нога, едно 3-4 пати го пукнав зглобот на ногата. Скршена десна рака за малку операција, поздрав до д-р. Камиловски, дупнато грло со молив, скршен заб, за малку избегнав прободување со рачка од точак во гради, многу пати се имам одрано и скинато на шајка еднаш за малку и во бубрег да ми влезе, окото десно за малце ќе ми настрадаше и тоа ептен гадно во брканица се лупнав во едно дете и мн блиску до око се испосеков и одма 4 конци. Има и многу поситни повреди ама не ги рачунаме тие.
 
Паднав од јаболкница и паднав право на рака - исход (скршеница) :tapp:
По една година од како ми заздраве, игравме фудбал, стојам жив ѕид и право во неа ми ја набија.

Ногата(десната) кај глуждот ја скршив пред 10 години. Се возев на багажник од велосипед:icon_lol: и ногата ми влезе во шпиците - Го заправ велосипедот на стрмна удолница.

На ногата(левата) при приземјувањето од еден скок незгодно згазнав и ги истегнав лигаментите.:tapp:

Повредиве беа до кај 10/11 години. Од тогаш пу пу, ништо ми се нема десено(да чукнам во дрво).

:toe:
 
нозете двете заедно ми се шинвани негде двоцифрен број пати :) ... со колената си иам мака и ден денес поготово со десното требаше некој си инекци да ми стегат дирек в колено :nesum: ... лигаменти иам истегнато мислам дека на десната нога , прсти на рацете иам шинато милион пати. а и глата ко мал ја иам дупнато :helou:
 
А да, заборавив...негде 3-4 одделение праевме ајвар во викендица, Во дворот на комшијата пасеа козите, и јас копиљ да зеам камен да ја акнам козата, се лизнав на една љушпа од пиперка, паднав и ја изгребав ногата кај коленото од бодликава жица. Крваво....:wink:
 
Најсериозна повреда до сеа дефинитивно на кичмата, играв фудбал и ми набација, ја некој волеј пробуев ама се погодив само топката не :D Од тука ногата вртење 360 степена на празно и сите пршлени у рбетот ми испукаа, таква болка неам искусено од тогаш, сакав да се онесвестам у моментот...
Сето тоа не ќе беше толку страшно ако ради тој момент не си сјебев кошаркашка кариера, година дена не можев да поднесам физички напор без болки у рбетот, а талент бев, мајке ми :D .
 
Хаха и мене ми се има случено ова:)
Кога сум бил бебе мајка ми ме чувала ама еден момент сум избегал и јас во дубакот, тој со мене и двајцата по скали:pos:
Среќа ништо не ми се случило, освен што сум пиштел тогаш.

И мене исто бе.Мајка ми до кујната отишла,а вратата од скаливе малце под отворена била и ја да ѕирнам шо има доле,и оп ме снемало по скалите со дубанчето :pos: .Арно ништо сериозно не се десило.Други повреди,заб си имам скршено,главата дупнато,неколку пати исчашено зглоб на нога и то :toe:
 
Два пати имам пукнато лева аркада, еднаш десна, имам ПОПИЕНО ЧЕКИЧ ВО ГЛАВА ОД ЕДНО ДЕВОЈЧЕ И ТОА, опасна скршеница на нога и одрано нос и чело, и што ти не:smir::smir:
 
За повреди оние средни без скршеници на секој дел од телово мое шо го знам сум се повредил. А за потешки повреди во викендица коа бев таму на една удолница на асфалт правев колути цело лице ми беше после со красти, а и на истото место на злосторство сум набил нос. Сум имал голема среќа пошо знам докторите ми планираа маски да ми ставаат некој за да ми го фиксираат у случај да е скршен.
 
1. Некои педери ми џитнаа камчиште од градинка ... и ми ја прснаа главата ...
2.Иам рипнато од тераса кај мене као мал на глава ...
3.Игравме граница/жмурка као копиљаци и рипајки едни гајби се изненадив .. коа пропаднав у шахта и се наденав на метална шипка ... Неможев да одам дооооообри 2недели мислам (одамна беше ... не ми текнуе )
4.Zelenasite ми падна од врвот на карпата на Мобимак плажата пред некои 2-3год.
Не знам као вратот не ми го скрши :pos2::pos2::pos2:
5.И имам некои белези на образ ... зашто се залепив на зид дур игравме жмурка .... али го БАЦИВ =)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom