Физички повреди во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
4.Zelenasite ми падна од врвот на карпата на Мобимак плажата пред некои 2-3год.

Ти си добар другар и ми го ублажи падот..... Хаха шала на страна до ден денес мислам како се испадна ок тој ден....

Не раскажа за мобилниот и хематомот хаха
 
Сум имал среќа до сега сум немал никаква скршеница!
Иначе сум имал проблеми со грбот ама ми пројде.
 
Рука скршена,ребро скршено,2 прста скршени,за чудо кога ме собра кола не ми беше ништо,пикање прст у моторче на пумпа,неколкупатно изчашување на прсти од неправилно држење на боксирач,од тогаш веќе само гола рука практукујем.Попиено шипка во глава,чудо како само џумка ми излезе од тоа.И милион други мали повреди.

А да, заборавив...негде 3-4 одделение праевме ајвар во викендица, Во дворот на комшијата пасеа козите, и јас копиљ да зеам камен да ја акнам козата, се лизнав на една љушпа од пиперка, паднав и ја изгребав ногата кај коленото од бодликава жица. Крваво....:wink:


:zver::pos::pos:
 
znaci salam site nekako sme se zvekale koj poveke koj pomalku
 
Има две потешки,шо ги паметам:
-Ме удри кола и после неможев да одам две недели и беше дискутабилно дали воопшто ќе проодам...али имав среќа.
-Си ги скршив предните заби.
Другите биле помали повреди и немале некои сериозни последици иако биле мнооогу(сринати колена,лактови и слично).
И за разлика од повеќето луѓе шо ги познавам,никад си ја неам скршено раката и не ми била во гипс(кај нас беа фраери тие со раката у гипс,ебате ментални).
Едит:Е сеа ми текна,еднаш ми се случило да ми се забие клинец у градите,ама на среќа не беше доволно длабоко за да предизвика поголема штета.
И плус,ме погодиле со пластична дијабола малку над око(и тоа од многу голема близина),и ако ме удреа два милиметра подоле,сеа веројатно немаше да гледам со едното око и ќе бев ко пират.Ама...среќа.
 
Баш чудно што ништо неам никад скршено ништо или пак опасно да ме затепаат за да не знам што ми се дешава...Цел живот на баскет го поминав, сум паѓал секако али немало некои тешки последици освен мали гребнатинки што се составен дел од секоја игра...Од точак се иам кршено како мал али и тука освен модрици немало ништо посериозно...
 
Две раце скршени, едната на две места, аркада пукната, шинати нозе, колена раскрварени.
 
3 пати скршена нога , рака 2 пати шината , потрес мозок , шајка у грб .. и тоа
 
Фала богу да чукнам во дрво раце,нозе неам кршено до сега ногата десната шината ми била 4-5 пати но тоа не е ништо,еднаш дупната главата,неколку лузни од кои најлоша поазди на ногата се познава лузна од тоа што ми влезе педаља од точак го немаше тоа пластичното на педањата и "ми влезе" цела:pos2: други ситни работи има многи рани рани ехее
сполајму до сега се надевам и понатаму господ ме чувал и ќе ме чува зошто кога ќе ми текне колку глупости имам направено :(
 
- Скшрен зглоб од рака (дланката ми се сврти за 180 степени),
- Во сообраќајка влегов со мотор под комбе - 6 конци на глава, потрес на мозок
- Шајка во стапало
- Модрици, набиеници и сите тие нормални работи...
 
Многу пати исчашени зглобови и на раце и на нозе!!!ко мала, при лазење, исекотина на веѓа од раб на коцка, лоша изгореница на нога, и последно лонгета на десна нога лани за нова година!!!
 
Во 7 одд десното рамо отиде у ПМ. :kesa: Други посериозни немало е.
 
само неколку шинувања на зглобот на десната нога,едно 4-5 пати у рок од 1 месец... кршење раце нозе,...до сеа немало!!!

иначе,на сите им викам.: еднаш у живот,мора да се скрши рака или нога....:pos2::pos2:
 
додека теенирав фудбал имав најразлични повреди од истегнати мускули,дисторзија на зглобови,крампони по цело тело,напукнати прсти,за моја среќа скршеници немав но имав големаповреда кога го отворив препонскиот сед и тука за малку ќе седнев под нож али се се заврши за моја среќа само со рехабилитација.Кога поцнав да тренирам јкд имав една потешка повреда руптура на бочен стомачен мускул која мислам дека беше најболното нештто до сега во мојот живот:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom