Познати кандидатите за градоначалник на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнете ја комедијава овде од Мантом и другарчево негово...

Ајде Мантом го разбирам, мора да каже 2-3 збора за вујка, иако по кажувањето на зборовите се гледа дека се во роднинска врска :) ама другово дете зошто препишува од Мантом? Изгледа им ветил Ацка работа да бидат рампаши летово...

Абе момци, и двајцата имате по 18 години! Еееееј златни 18 години! Знаете што се прави на таа младост? Сигурно не се тераат домашни политики за некој кој едвај е легален да гласа, ама легален да прави други работи. Абе одете, колку убави девојчина шеткаат, вие сте седнале и бистрите политики за вујко му на Мантом.

Ако напишете уште еднаш вакви полтронски глупости како оние погоре, ќе се јавам кај еден драг пријател во општината во Охрид, и баш ќе се распрашам за тоа како се измирени долговите, кој е во урбаната мафија, што биле претходните планови, што се остварило и се што е јавна тајна низ Охрид и сите го знаат. А тогаш богами и на форумов ќе го дознаат. Па ако сакате да играте, ајде курнази да ве видам. Ако мислите дека вујка е чист како солза (што не е, затоа и низ Охрид сите ќутат, никој не го подржува јавно) пишете уште еднаш слични глупости, а јас ќе се јавам во општината од каде ќе бидам приватно известен за се она што се зборува низ охридската чаршија и кафани, а Охрид како мал град, знае се.

Ајде момци, вие сте на потег....
Од каде заклучи дека препишувам? Јас кажвам како што е, кажувам со факти и кажувам тоа што го гледам со своите очи.
Што е најбитно од се, јас се сум политички ориентиран. Да бев ориентиран, ќе пишував на секоја тема од овој подфорум. Не дека го бранам Аце или го напаѓам Нанче, туку кажувам како што е. Не сум пристрасен кон никого. Само си кажвам мое мислење за тоа што има направено Петрески.
Иначе немам никаква корист јас од него, освен тоа што го имаме сите заедно. Не ми имат ветено ни работа, ни пари, ни ништо. Не ми се потребни тие работи. Ако сакам да работам, слободно ќе си одам и ќе си работам во своја фирма.
За разлика од вас, што цело време кажувате како што ќе ви диктираат од политичките штабови, јас, ако приметивте, зборувам со докази.
За мојот живот, дали е убав или не, ти ич да не се грижиш, туку гледај си твојот дали ти е убав. "Домашни политики" како што кажа, дома не постојат. Никој дома не е политички настроен, па за политика одвај и станува збор. Значи уште еднаш, НЕ СУМ ПОЛИТИЧКИ НАСТРОЕН, никој не ме тера да сум пристрасен кон некого, туку само си го кажувам моето мислење, како и сите други.

Па и јас тоа веќе неколку поста со ред го пишувам. Дај извадете докази за евентуалната вмешаност на Аце за мафијата, па тогаш дури ќе поверувам и ќе ви признам дека сте во право. Иначе вака можете да пишувате се и сешто.

А бе тебе да те прашам тоа вмро ваше во охрид колку загуби имаше општината пред да дојде Петрески до банкрот беше цела општина и ај не кажувајте мозоци човеков можеби не го бидува за говори али сработи 1000 пати повеке од тој вмровецот кој ја направи општината маскар, а охрид е права метропола сега ако те интересира напред за Александар Петрески втор по најдобар градоначалник после Заев. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ДВАЈЦАТА.

Националист кога веќе го прашуваш блискиот пријател за Аце, види прашај го и за ова прашање, сигурно е јак човек таму, па ќе ти даде одговор.
П.С.: Ги чекам двата одговори. Поздрав
 
Многу ми се интересни двајцава адвокати на Ацета, а и мислам дека во претходниве постови некој напиша дека Аце е добар говорник.
Се надевам дека тоа беше сарказам...пошто луѓе...really!
Да бидеме малку реални и да, автобусот од Галеб уште оди преку цел град, јас слегов кај гимназија петокот.
 
Можит си слегол, ама автобусот врвит од тука само по потреба, А НЕ Е МОРАЛНО, пошо си имат и друг пат, по кој може да влегува и и злегува од градов накај сите страни, без воопшто да поминува по Туристичка и другиве поголеми улици во центаров.
 
Абе Охрид е најубав град во Македонија и шо сакате кажувајте бе алоо? поубав град немат.

Александар Петревски го направи центар на Македонија, и сеа вие со тоа вашето (и мое е за жал) Скопјето каде што се е крш се нервирате. Не треба да се нервирате ич, тоа да го знаете, пишано било да живеете во дупка.

А шо е тешко стан да се купи во Охрид е тешко, и затоа се гради бидејќи побарувачката е голема и мора да се гради... е сеа шо се нервирате, некој има стан во Охрид, а некој нема :)

Браво за Аце ја извади општината на прав пат од банкрот и општина во минус ја направи метропола. Недај боже вмро да тепа охрид оти отиде градот јабана.
 
дечки прво јас студирам скопје и на секое одење охрид автобусот поминува низ цел град,второ јавна тајна (незнам дали сте слушнале што е) е дека аце зема мито,лично сум се нашол во ситуација во чаршија охрид кога аце со инспектори оди во една кафана и му плачи на газдата како морал да дојде со инспектори и газдата му вика бриши вчера ти дадов пари.јас лично немам корист ниту од едниот ниту од другиот ама не ми се свига кревањето згради на секаде околу и ме интересира некој од децава нека каже за колку пари му ги издаде паркинзине на газдана од сузуки и за колку години ?
 
дечки прво јас студирам скопје и на секое одење охрид автобусот поминува низ цел град,второ јавна тајна (незнам дали сте слушнале што е) е дека аце зема мито,лично сум се нашол во ситуација во чаршија охрид кога аце со инспектори оди во една кафана и му плачи на газдата како морал да дојде со инспектори и газдата му вика бриши вчера ти дадов пари.јас лично немам корист ниту од едниот ниту од другиот ама не ми се свига кревањето згради на секаде околу и ме интересира некој од децава нека каже за колку пари му ги издаде паркинзине на газдана од сузуки и за колку години ?

Не работам в општина, имат ден за прашања за градоначалникот, оди и прашај.

Вие во Варош не си одбирате башка селсконачалник бе?
 
brat nance pobedviT vo starion del i vo cela opstina
 
Темава не функционират бе? :cry:

Случајно налетав на говорот на Петревски од вечерашниот митинг на СДСМ па да го споделам...

ПЕТРЕСКИ : - ЦЕЛАТА ВЛАДА ДОЈДЕ ВО ОХРИД ДА МЕ СМЕНИ, ЈАС ЌЕ ПОЈДАМ СКОПЈЕ И ЌЕ ГО СМЕНАМ ГРУЕСКИ



На почетокот Петрески ги поздрави Видобишта, Лескоец, Косел, Варош, Центар, Воска и ред други населби и рече дека на плоштадот сите кои ги гледа се од Охрид, а не гледа луѓе донесени со автобуси од Чаир, Шутка, Сарај, Велес, Делчево . . .
- Не го гледам вечерва Амди Бајрам да ја смее публиката и не гледам конвои од автобуси по охридските улици, тешко на Охрид и на Македонија кога Никола Груевски го донесе Амди Бајрам да го спаси, ништо не може да го спаси, изборите се почеток на неговиот крај. – рече Петрески.
Тој на митингот во Охрид рече дека целата Влада е дојдена во Охрид и тука напорно работи на негова смена.
- Сите министри се постојано во Охрид и од куќа на куќа одат и ги убедуваат или ги заплашуваат граѓаните да гласаат за ВМРО ДПМНЕ. Владата ја заклучиле и го ставиле катинарот и сега се овде како чергари по улиците – рече Петрески. Тој кажа дека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник е ставен за да е послушник на власта и да спроведува инструкции од Груески, па така тимот околу него не знае што ветувал пред граѓаните.
- Отидоа во Коњско и им ветија дека ќе ги приклучат на колекторот, а Коњско на колекторот е приклучено пред 4 години, зборуваат дека ќе ја сределе улицата Гоце Делчев, а таа е средена веројатно не ја ни виделе и ред други работи ветуваат кои одамна се завршени и средени – рече Петрески.
- Министерката Јанкулоска во Охрид дојде да ни каже колку сакала да е рибар, па се сликаше со некој си запленети мрежи, а всушност таа дојде за да ги даде инструкциите како да се однесуваат партиските кадри за време на гласањето – рече Петрески.
- Премиерот дојде во Охрид да помогне да ме сменеле, јас му порачувам дека јас ќе појдам во Скопје и него ќе го сменам – рече тој.
Александар Петрески пред народот вети дека уште првиот ден од како Охрид ќе влезе во втората фаза на децентрализацијата ќе го реши проблемот кој го имаат вработените во градинките кои немаат решен статус, вети бесплатно завршување на средно образование на сите оние кои тоа не го направиле навреме и изнесе ред други ветувања кои треба да влијаат на подобрување на целокупниот живот во градот.

извор
 
Според досега обработениве резултати, Аце Петрески имат голема предност пред Нанче, но сепак ќе имало и втор круг.
 
Според досега обработениве резултати, Аце Петрески имат голема предност пред Нанче, но сепак ќе имало и втор круг.


Од Вмро кажвет дека Нанче водел,од Сдсм дека водел Петрески. Живеам измеѓу двата штаба,и од едниот,и од другиот,музика до даске пуштена и се славит.
 
Значит Охрид најтесно ќе бидит, највозбудлива битка ќе е!
 
Денес Аце сигурно ќе завршит ко прв, а следниот круг ќе ги добијат гласовите од Попоски, Павлоски, голем дел од албанецов и дел од Гиноски, пошо ретко тој што ќе гласа од Народна, а ќе гласа за Нанче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom