petar_joker
OLD ROCKER
- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 1.249
- Поени од реакции
- 57
Од каде заклучи дека препишувам? Јас кажвам како што е, кажувам со факти и кажувам тоа што го гледам со своите очи.Погледнете ја комедијава овде од Мантом и другарчево негово...
Ајде Мантом го разбирам, мора да каже 2-3 збора за вујка, иако по кажувањето на зборовите се гледа дека се во роднинска врскаама другово дете зошто препишува од Мантом? Изгледа им ветил Ацка работа да бидат рампаши летово...
Абе момци, и двајцата имате по 18 години! Еееееј златни 18 години! Знаете што се прави на таа младост? Сигурно не се тераат домашни политики за некој кој едвај е легален да гласа, ама легален да прави други работи. Абе одете, колку убави девојчина шеткаат, вие сте седнале и бистрите политики за вујко му на Мантом.
Ако напишете уште еднаш вакви полтронски глупости како оние погоре, ќе се јавам кај еден драг пријател во општината во Охрид, и баш ќе се распрашам за тоа како се измирени долговите, кој е во урбаната мафија, што биле претходните планови, што се остварило и се што е јавна тајна низ Охрид и сите го знаат. А тогаш богами и на форумов ќе го дознаат. Па ако сакате да играте, ајде курнази да ве видам. Ако мислите дека вујка е чист како солза (што не е, затоа и низ Охрид сите ќутат, никој не го подржува јавно) пишете уште еднаш слични глупости, а јас ќе се јавам во општината од каде ќе бидам приватно известен за се она што се зборува низ охридската чаршија и кафани, а Охрид како мал град, знае се.
Ајде момци, вие сте на потег....
Што е најбитно од се, јас се сум политички ориентиран. Да бев ориентиран, ќе пишував на секоја тема од овој подфорум. Не дека го бранам Аце или го напаѓам Нанче, туку кажувам како што е. Не сум пристрасен кон никого. Само си кажвам мое мислење за тоа што има направено Петрески.
Иначе немам никаква корист јас од него, освен тоа што го имаме сите заедно. Не ми имат ветено ни работа, ни пари, ни ништо. Не ми се потребни тие работи. Ако сакам да работам, слободно ќе си одам и ќе си работам во своја фирма.
За разлика од вас, што цело време кажувате како што ќе ви диктираат од политичките штабови, јас, ако приметивте, зборувам со докази.
За мојот живот, дали е убав или не, ти ич да не се грижиш, туку гледај си твојот дали ти е убав. "Домашни политики" како што кажа, дома не постојат. Никој дома не е политички настроен, па за политика одвај и станува збор. Значи уште еднаш, НЕ СУМ ПОЛИТИЧКИ НАСТРОЕН, никој не ме тера да сум пристрасен кон некого, туку само си го кажувам моето мислење, како и сите други.
Па и јас тоа веќе неколку поста со ред го пишувам. Дај извадете докази за евентуалната вмешаност на Аце за мафијата, па тогаш дури ќе поверувам и ќе ви признам дека сте во право. Иначе вака можете да пишувате се и сешто.
А бе тебе да те прашам тоа вмро ваше во охрид колку загуби имаше општината пред да дојде Петрески до банкрот беше цела општина и ај не кажувајте мозоци човеков можеби не го бидува за говори али сработи 1000 пати повеке од тој вмровецот кој ја направи општината маскар, а охрид е права метропола сега ако те интересира напред за Александар Петрески втор по најдобар градоначалник после Заев. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ДВАЈЦАТА.
Националист кога веќе го прашуваш блискиот пријател за Аце, види прашај го и за ова прашање, сигурно е јак човек таму, па ќе ти даде одговор.
П.С.: Ги чекам двата одговори. Поздрав