Познати кандидатите за градоначалник на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Охриѓани јадни души цел град ви го бетонира.
Најубавиот град во Македонија го распродадоа и на нашата Македонска историја згради направија.

Абе што ви е гајле прајте пари што ке ви е историја и култура.
 
A sho fajde imash ti od dupki nezakopani?Podobro zhiveesh od dupkite od Pasko Kuzman?I tie 14mill evra mozhel Gruevski da gi rasporedi pola na stechajcite a pola na mlekarite od Bitola namesto da plakja po 14 ipol mill evra za gjeramitchinja pola pola da si gi podelat Kamcheska i Pasko.

По твојата логика, мојш ти наместо џемпер од 1500 денари да си купиш од 800, а 700 денари да донираш по питачи или на социјални случаи. Или па ХХ политичари кои ја опљачкаја ТАТ можеа исто така да си купет покуси џемпери, пошчо нели, приватизацијата ја поскапе волната.

Не тропај колку да се тропнит.

нема ме просветли некој што тоа направи аце наш? пошо јас неможам да видам а освен згради на секој чекор и кафичи по цел плоштад и пешачки премин на негована улуца.суисајд гледај си за градот кј што живиш пошо од такви современици како тебе далеку стигнавме.:toe:

Аце дозволи згради да никнат како печурки,го нагрди Охрид,собра пари од комуналии и го плати долгот на Охрид.Замачка очи со 2-3 асфалтирани улици...
Јавна тајна во Охрид е дека е поврзан со урбаната мафија и колкава му е провизијата за секоја изградена зграда.Тие шо се од Охрид знает.
Охриѓани ке си кажат мислење на 22 март.

Проблемот е шо баш и немојш да го споредиш со некој асал. На Благоја Симјановски (или Сиљановски, како и да беше) не се сеќавам, мал бев. Пашата, пак ербап, напрај. И улици, а и долгој, богами. Николче Наумоски пех го снајде фамилијарен, и одтогаш ко да се повлече скроз - иако во негово време (влада на Љубчо Георгиевски - ПРЕДАВНИКОТ) Охрид беше прилично потсреден.

Во време на Петрески, се напраја 2-3 корисни кружни тока на критични места (особено кај ЕМУЦ) шо морат да се признајт како корисно решение. Се воведоа режими на движење - иако недоволно имплементирани - во стариот дел на градот. Рампи и чуда, по некоја асфалтирана улица...

Ќе чекам отчет од него, колку пари имал на располагање, шо напрајл, шо планират да прајт.

А за зградите шо се градени, не би брзал да коментирам и да носам закључоци, дек никој од нас (освен ак не е градежен инспектор од Охрид, а ак имат таков, мамичето) не знајт кога се издаени дозволите за градба односно со кој ДУП биле доделени маркици за праење на грдосии низ градон.

Неколку замерки:
-за недозавршеното дислоцирање на автобуската: новата локација е коректна и планска, новата зграда ја немат. Срамота е на лето туристи ко ќе идет/одет по сат време да чекет еден од двата шалтери (пошо често се расипвит автоматчето на едниот) да им дајт карта.

-туристички хаос: агенцијата Биљана која демек проработе пред некоја година сеуште не мојт да се справит со илегалните изнајмувачи на апартмани, соби, студија и слично. То предизвиквит две работи. Прво, не се собират данок пошо гостите се непријавени. Второ, градот не гарантират за квалитетот на смештај, а гостите ќе пљуќет по сите, ако се незадоволни од собата на некоја бабичка која прв пат во живот зборот апартман го слушнала од комшивката Деса на кафе пред 6 години.

-УРБАНИЗАМ!
Значит, не можит да се носет планој за ширење на градот, а инфраструктурата да не се унапредвит, т.е. да останит истата од пред 30 години. Жими патон од бензиска до Свети Стефан шо е напраен за време на тие 30 години. Најголем проблем - Охрид - Св. Наум. Плажи и паркинг. Немат потреба појќе да го образложвам проблемот, кој бил еднаш на лето во Охрид- си знајт. Значит, доста со ширење на градот. Знам дек се слатки 10% или некое станче (ова не се однесвит на Петрески директно, инсинуирам генерално) ама мајкуму, се прает грешки кои шо 100 години после то ќе си стоет така.

*Аналошка парабола: Дилемата ЗОШТО на Скопски плоштад не допира Водно? и одговорот: Капиштец, изграден во планот на Кензо Танге.

Појќе предлози и критики, ко ќе ме предложит некое здружение, партија или Леви сили за советник на градоначалникот. Дотогаш, нек му пренесит, кој мојт.

Фала.
 
Ја премести автобуската и на нејзино место две згради и нелегален паркинг.Ај зградите ги вметна некако во ДУП,ама паркингот е тешка дива градба.:toe:
А,сега ВМРО ак победит Карадак коќа му влезит пак згради праење.А трпиме ние охриѓани и градот Охрид.:tapp:

Можда Петрески планират Охрид да го прајт по теркот на Монако.:toe:

Аце дозволи згради да никнат како печурки,го нагрди Охрид,собра пари од комуналии и го плати долгот на Охрид.Замачка очи со 2-3 асфалтирани улици...
Јавна тајна во Охрид е дека е поврзан со урбаната мафија и колкава му е провизијата за секоја изградена зграда.Тие шо се од Охрид знает.
Охриѓани ке си кажат мислење на 22 март.
Шуќур дојде Аце за градоначалник, па почнаа да се прават згради, иначе пред тоа кутри охриѓани немаа стан да си купат. Направи една споредба: за време и пред Аце Петрески и кажи кога е направено подобро за Охрид. А од што треба да собира општината пари за да ги исплати долговите? Ама најбитно е дека ги исплати, така? Претходните само земаа, земаа и долгови, а ние смртнициве ништо не видовме. Иначе не се само, како што викаш ти, 2-3 асфалтирани улици, туку се МНОООГУ повеќе.
Ако си толку сигурен дека е поврзан со урбаната мафија, дај кажи некој доказ, за да се увериме сите. Лесно е да се кажит: Абе поврзан е... И јас ќе го тврдам спротивното и...
Во врска со автобуската, јас мислам дека најдобро е постапено. Старата автобуска беше ептен тесна за влез или за излез на автобуси. Новово место е совршено за автобуска. Малку понастрана од градот, а не ко порано, низ цел град поминвит автобусов дур стигнит на автобуска (а да не правиме муабет како е то за време на сезона).
 
Па уште врвит автобусот низ цел град пред да стигнит на новата автобуска, шо мамиш бе дете :kesa:

Си реков ќе се воздржам, зш со деца маштејнца не се сркат, ама ај ќе искоментирам за Аце.

Дислоцирањето на автобуската е добро решение, иако сега имаме најбедна "нова" автобуска во цела држава, неколку години без административна зграда, без културни места за седење. На местото од старата автобуска требаше да никне катна гаража, ушите ни ги дупна Аце со таа катна гаража и како ќе се решел проблемот со паркирањето за цел град. Наместо тоа си направи Ремис згради, деловни простории, една подземна гаража со 20 паркинг места и еден надворешен паркинг со 15 паркинг места. Кој му го дозволи тоа на Ремис нека ти каже чичко ти Аце кој нема никаква врска со урбаната мафија. Да не го спомнувам и профитот кој го направи од паркинзите низ цел град кои му ги издаде под концесија на Чинго со кој заедно ги делеа парите.

А вратениот долг со кој исто ми ги потече мад....њава, беа 6 милиони евра кои владата на СДС од буџетот и ги даде на општина Охрид и со тоа се покри дел од долгот, а не од домаќинското работење на Аце.

Навистина, направи две кружни и асфалтира 5 улици повеќе од претходните градоначалници кои не направија баш ништо, но тоа не ги оправдува големиот број испуштени странски донации кои свесно беа саботирани и одбиени од градот заради неможноста да се пикне в џеб некое евро од нив.
 
Треба тебе јузерот да ти е Смешниот, а не Страшниот.

Лупеташ зелени чоек. Катната гаража конкретно, не беше првичен план... Беше планот да се дислоцират автобуската кон периферија, и да се урбанизират просторот кај старата автобуска (се напраја згради, еден маркет, подземната гаража со 60 гаражни места а не 20, и надворешен паркинг со 30-40 места, а не 15).
Од кој џеб изваде дека паркинзите се под концесија на Чинго? (кој нема апсолутно никаква потреба од тоа, си има луксузен хотел во центар и развиена продавница за авто делови) Паркинзите се под концесија на Охридски Комуналец, та тој кај рампите во центар, та тој кај пазарот, та тој кај стара автобуска. Значи пак ќе ти речам, да не лупеташ зелени од ракав, а нишо не знајш.

И долгот не беше вратен од парите од СДС-овската влада, туку од инвестициите кои ти викаш дека биле избркани... Инвестициите кои ја опремија со нови прозорци и фасада гимназијата, ги сменија прозорците и вратите во старата зграда на ОУ Григор Прличев, го уредија спортскиот комплекс Биљанини Извори во надворешниот дел со поставување на нови кошеви, промена на паркетот пред 3 години во спортската сала, уредување на парковите, и да не набројувам понатаму, тие што трезвено размислуваат, знаат.

Остани смешен како и секогаш, поздрав и поправ.
 
Па уште врвит автобусот низ цел град пред да стигнит на новата автобуска, шо мамиш бе дете :kesa:

Си реков ќе се воздржам, зш со деца маштејнца не се сркат, ама ај ќе искоментирам за Аце.

Дислоцирањето на автобуската е добро решение, иако сега имаме најбедна "нова" автобуска во цела држава, неколку години без административна зграда, без културни места за седење. На местото од старата автобуска требаше да никне катна гаража, ушите ни ги дупна Аце со таа катна гаража и како ќе се решел проблемот со паркирањето за цел град. Наместо тоа си направи Ремис згради, деловни простории, една подземна гаража со 20 паркинг места и еден надворешен паркинг со 15 паркинг места. Кој му го дозволи тоа на Ремис нека ти каже чичко ти Аце кој нема никаква врска со урбаната мафија. Да не го спомнувам и профитот кој го направи од паркинзите низ цел град кои му ги издаде под концесија на Чинго со кој заедно ги делеа парите.

А вратениот долг со кој исто ми ги потече мад....њава, беа 6 милиони евра кои владата на СДС од буџетот и ги даде на општина Охрид и со тоа се покри дел од долгот, а не од домаќинското работење на Аце.

Навистина, направи две кружни и асфалтира 5 улици повеќе од претходните градоначалници кои не направија баш ништо, но тоа не ги оправдува големиот број испуштени странски донации кои свесно беа саботирани и одбиени од градот заради неможноста да се пикне в џеб некое евро од нив.
Сигурен си дека автобусот врвит пак низ цел град? Јас колку што се имам возено, излегува директно преку железничка за патот накај Скопје или према ЕМУЦ за Битола. Ти можеби ги гледаш овие локалниве или Пупе Компани, па затоа ти изгледа дека пак поминвит покрај градов. Па не е баш лесно за 1 година да се направи автобуска станица, со оглед на тоа кои "пари" беа наследени. За паркинзите мислам дека му беа дадени на една такси-компанија ( не ми теквит точно која), така да нема никаква врска со Чинго, поправи ме ако грешам. Во врска со "профитот" на Аце, уште еднаш ќе Ве замолам, дај докажете со докази, дека стварно е така, а не само да зборувате глупости.
 
Реков јас, со деца маштејнца не се сркат. Твое право е да си го браниш чичко ти или вујко ти, без разлика.

Не коментирам повеќе на темава, запознат сум со делото и ликот на Аце Петрески уште кога беше во ЕМО, па во Комуналец и како градоначалник. Ќе пресудат луѓето за изборите.
 
А бе тебе да те прашам тоа вмро ваше во охрид колку загуби имаше општината пред да дојде Петрески до банкрот беше цела општина и ај не кажувајте мозоци човеков можеби не го бидува за говори али сработи 1000 пати повеке од тој вмровецот кој ја направи општината маскар, а охрид е права метропола сега ако те интересира напред за Александар Петрески втор по најдобар градоначалник после Заев. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ДВАЈЦАТА.
 
Вака без многу многу размислување и анализирање можам само да кажам дека за време на „владеењето“ на Петрески јас конечно осетив дека Охрид има градоначалник, бидејќи стварно се дешаваше нешо за разлика од претходните години.

Сепак има време, ќе си каже и тој, и против-кандидатите, па ќе си одлучиме после :kafe:
Паркинзите се под концесија на Охридски Комуналец, та тој кај рампите во центар, та тој кај пазарот, та тој кај стара автобуска.
Колку шо знам јас беа/сеуште се под концесија на такси „Сузуки“.
 
Колку шо знам јас беа/сеуште се под концесија на такси „Сузуки“.

Кај пазарот и кај Мартина цвеќарата е на Комуналец, единствено тој со рампите во центар е на Сузуки. Во секој случај, не е на Чинго, како што рече смешниов погоре.
 
Погледнете ја комедијава овде од Мантом и другарчево негово...

Ајде Мантом го разбирам, мора да каже 2-3 збора за вујка, иако по кажувањето на зборовите се гледа дека се во роднинска врска :) ама другово дете зошто препишува од Мантом? Изгледа им ветил Ацка работа да бидат рампаши летово...

Абе момци, и двајцата имате по 18 години! Еееееј златни 18 години! Знаете што се прави на таа младост? Сигурно не се тераат домашни политики за некој кој едвај е легален да гласа, ама легален да прави други работи. Абе одете, колку убави девојчина шеткаат, вие сте седнале и бистрите политики за вујко му на Мантом.

Ако напишете уште еднаш вакви полтронски глупости како оние погоре, ќе се јавам кај еден драг пријател во општината во Охрид, и баш ќе се распрашам за тоа како се измирени долговите, кој е во урбаната мафија, што биле претходните планови, што се остварило и се што е јавна тајна низ Охрид и сите го знаат. А тогаш богами и на форумов ќе го дознаат. Па ако сакате да играте, ајде курнази да ве видам. Ако мислите дека вујка е чист како солза (што не е, затоа и низ Охрид сите ќутат, никој не го подржува јавно) пишете уште еднаш слични глупости, а јас ќе се јавам во општината од каде ќе бидам приватно известен за се она што се зборува низ охридската чаршија и кафани, а Охрид како мал град, знае се.

Ајде момци, вие сте на потег....
 
Ова и на мене се однесуваше?
 
Извини, требит да сум исплашен од заканиве дека ќе се јавиш некаде, дека имаш приватни извори и сличните ловења во матно? :pos2:

Ајде, јави се, и кажи се на форумов... Посмешен си ми и од Страшниот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom