Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Титпичен пример на човек кој е убеден дека зад секое научна достигнување стои план за добивање на материјални средства.... Ниту еден човек не направил нешто од кое нема корист. Па за да се извршат овие испитувања требаат милиони и милиони да се инвестираат во лаборатории, во испитувања... Години поминати над експерименти...Некој го цени својот труд, и очекува за тоа да биде платен. А ако не овие 10 години, следните сигурно ќе биде достапно за секој чвек. Па секоја нова работа на почетокот е скапа... Колку луѓе имале ТВ во Скопје на времето? Колку луѓе имаа мобилни на времето? А сега, нема дом без ТВ и нема човек без мобилен.
Сето тоа спаѓа во равиотк на општеството и чекор на светот кон подобра иднина.А кога ќе видиш, секоја рекација има противреакција, што е и многу нормално. Ова никој не го прави за да го сруши моралниот интегритет на луѓето, туку го прави за здравје и подолг живот.И верувај, никој не сака да живее засекогаш, но исто така никој не сака да си замине од светов во дваесеттите или триесеттите години од својот живот.
Ниту најмалку не си во право. Не создаваат луѓе. Само го модифицираат генот кој е одговорен за канцерогените елементи во телото на еден човек, и ниту најмалку не го прават тоа затоа што они имаат потреба од луѓе отпорни на канцерогените заболувања, туку затоа што се стремат светот да има здрава популација. Енивеј, ништо во човековиот организам не е “God intervention“. Господ го создал човекот како таков, а човекот е оној кој прави се останато за да живее подолго, и за да води поздрав живот, и сето тоа само ако може да се овозможи.Па овде не коментираме дали гледањето телевизија на интернет треба да им се овозможи на сите луѓе и колку тоа ќе кошта, овде правиме муабет за конкретна работа која го менува човечкото суштество уште не родено, или God intervention од страна на човек.
И пеницилинот на некој начин го менува човекот но овде веќе правиме муабет за генетски модификации со чија помош тие што имаат можност ќе создаваат луѓе по потреба.
Сепак моето прашање останува: Кој е тој што ќе одлучува што е добро за човештвото а што не е и кој ќе ги користи тие бенифиции од медицината за своја потреба?
До каде е границата?
Кој ќе спречи на пример за неколку години се усоврши генетскиот инженеринг и решат "за добро на човештвото да се создадат луѓе што ќе бидат отпорни на радијациско зрачење"?
Ова е чисто влегување на мала врата на творците на новиот светски поредок каде се ќе биде предодредено за човекот уште пред неговото раѓање.
Каде тогаш ќе биде крајот?
Kako so e prirodno da se razboluvame , taka e i prirodno da barame nacin kako da ozdravime ili da da go sprecime toa.
Ova ne e glumenje Bog , ova e samo prirodna adaptacija na situacijata.
Jas taka gledam na ova..
Ќе гледам почесто да ја ажурирам темава и со други текстови па како за почеток една сторија, која верувам нема никого да остави рамнодушен.
Генетски модификуваното бебе не може да заболе од рак
Во лондонската болница Јуниверсити Колеџ е родено првото женско бебе во Велика Британија кое е генетски селектирано дека, како возрасна девојка и жена, нема да заболе од генетска форма на рак на дојките и на јајниците.
Претставник на болницата соопшти дека мајката и бебето се наоѓаат во добра состојба и напредуваат нормално по породувањето што е извршено оваа недела, јави дописникот на МИА од Лондон.
Процесот на „генетско обезбедување“ е извршен така што ембрионот е претходно скениран и кога кај него е дијагностицирано дека девојчето е изложено на ризик од 80 отсто да заболе од рак на женските органи. Жените од три генерации наназад, во семејството на таткото на бебето, биле зафатени со канцерогено заболување уште во нивните дваесети години од животот.
Пол Серал, експерт за вештачко оплодување во оваа лондонска болница, изјави дека родителите на новороденчето се поштедени од ризикот нивната ќерка да се соочи со истата судбина што ја имале жените од семејството на таткото на бебето и да заболе од рак.
За испитување пред имплантирањето и утврдувањето дијагноза, се зема една клетка од ембрионот, стар три денови, што потоа темелно се испитува. Од 2006 година, таквото испитување и целата постапка е дозволена од британските здравствени власти кои ги надгледуваат генетските истражувања.
Вашите ставови?
Го оправдувате ли овој начин на глумење Бог, на научниците... не го оправдувате, зошто да, зошто не и сл.![]()
Точно е.Ова ќе кошта ѓавол ипол, така немојте одма да избрзувате со реакциите.
Се знае кој ќе бидат привилигираните што ќе се модифицираат генетски.
Германците беа плави и без Хитлер, ич да не се секираш.Значи го оправдувате Хитлер, шо ги направи плави германците.
Ако сакате толку да напредуваме со генетски инжинеринг тогаш зашто гладот на пример не го отстраниме од дневен ред.
Бидејќи две третини од човештвото живее во глад и беда дај нивните деца да ги направиме така да не им треба храна да внесуваат за развој а?
За гладот нема потреба да се прават никакви генетски модифицирани луѓе само генетски модифицирани растенија кои ќе носат поголеми приноси.