26 убиени при напад на основно училиште во САД

  • Креатор на темата Креатор на темата white_eagle
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев дека нашиот систем и опшество се забегани, ама овие не шијат. Претходно ваков психопат влезе на премиерата на Бетмен, пред него имаше уште еден лудак кој со автоматска пушка рокаше цивили на сред улица без посебна причина. Уште мал милион вакви примери може да се набројат во УСА заднњиве неколку години. Каква ли лоботомија прават на сопствениот народ што од опшеството излегуваат вакви шизофреничари.
 
Тоа е сосема друга тема бе, барем у Македонија секој ја осудува надворешната политика на САД. Војни имало и ќе има, у тие војни ќе гинат цивили и деца. Ако го осудиме Обама, дај да го осудиме и Александар Македонски, и Наполеон и секој што водел војна во историјата.
Не ми е јасно. Ајде, како добар соговорник, претпоставувам дека си под чиста свест и здрав разум (т.е. не си под дејство и не си со битно намалена пресметливост).

Кога ти ќе дадеш 20 жртви од твојата фамилија, затоа што „војни имало и ќе има“ и кога некој ќе го пише тоа на форум (како факт, податок) и кога ќе му забележат: не пишувај такви работи тука; што со други зборови значи: не сме многу загрижени што умреле, затоа што „војни имало и ќе има“, би сакал да ја видам твојата реакција. За веднаш да заклучам дали дискутирам со чист психопат. Или можеби твоите модераторски претензии („не е оваа таа тема“, а и во двете случаи гинат цивили) го надвладуваат твојот разум, итн.

Инаку, ова се појавува како 1 на 10, во однос на силата на медиумите: дури ги доведоа луѓето да *НЕ СМЕАТ ДА ДИСКУТИРААТ* за загубените животи, ако не се од „значајна држава“ (USA/Israel/Norway/...). Затоа нѐ сметаат за трет свет, затоа тука ни масакрираа војници и цивили и ги ослободуваат, затоа појас Газа дава цивилни загуби кои се споредуваат само експоненцијално со некои 20 жртви на Америка (па дури и за орозот 3000 жртви, 2001), затоа .... затоа што не нѐ сметаат за луѓе, туку за некаков тип на отпад. Но, кога ќе го наметнат тоа на припадник на тој отпад (како во овој случај), тоа е чиста сила. Им се признава дека се силни и тоа ти е...

Повторувам, не го намалувам значењето на дури и 1 живот. Но, очекувам тоа да е за сите животи, не само за животите во Америка или можеби Норвешка.. „војни имало и ќе има“.. ова како цитат околу силата на медиумот.
 
Каков ужас! Убиени се 20 дечиња од 5 до 10 годни, каква трагедија... Ужас! Душички!

Сочувство до семејствата на дечињата. Гледам на телевизииве од вчера и не можам да поверувам дека се случила оваа трагедија. Ова е ужас.
 
Хаксли беше во право. (Змејко и)

jvurS.jpg
 
До кога секој фрик ке има дозвола да поседува оружје ке се случуваат вакви грозоморни настани.
Псисопатска работа.Па добро бе,што се случува во Америка и не само во Америка туку и во светот?Секој ден убиства,силувања киднапирања.Мали и невини деца загинуваат заради некој неконтролиран умоболен монструм.
И читам Обама глумел.Што ви е вам бе?Тој и како секој родител сочуствува за загубените животи во нападот.Секој можел да биде на тоа место па дури и неговите деца,блиски роднини и пријатели.

Сочуство до најблиските.Ги изгубиле своите чеда.Грозно.
 
Ајде вака, оружјето со кое е извршен масакрот го поседувала мајката на убиецот, значи не го купил туку го украл од дома. Два пиштола и ловечка пушка .22 калибар...
 
Тоа е, внесол два пиштола и пушка во училиштето. Знам викате дека треба поголемо обезбедување, појше полицајци, а кога има полиција по улици се чуствуваме незгодно и као у Кабул. Немало обезбедување у училиштето пошо сепак сме луѓе, кој би помислил дека некој би убивал мали деца, човекот по природа е неспособен за тоа да го направи.
 
Кој е Адам Ланза, убиецот на 20 деца во Конектикат

Адам Ланза како дете имал големи проблеми. Боледувал од Аспергеровиот синдром, пореметување од аутистичка природа – пишува NYDailyNews. Асоцијален, повлечен и психички нестабилен – велат негови познаници, но наспроти сето ова бил многу интелигентен.

getImageThumbnail.axd
Семеен пријател за американските медиуми вели дека Ланза боледувал од пореметување поради кое не чувствувал физичка болка.
- Неговите стравуваа кога беше мал да не се повреди бидејќи нема да почувствува болка. Имаше големи психички проблеми – вели тој.
Соседите за Адам велат дека бил многу чуден.
- Колку и да е ова ужасно, не можам да кажам дека сум изненаден – пишува на Твитер Тим Далтон, сосед на Адам.
Тим Лали, соученик на Адам, вели дека тој наместо со ранец, на училиште одел со црна актовка и не разговарал со никој. Мислевме дека е супер паметен и затоа не се дружи со никој – вели Тим.
Адам животот го поминал во луксуз. Неговите родители се развеле во 2008, по што била одредена годишна алиментација од 240 000 долари. Разводот бил без проблеми и Адам останал да живее со мајка му.
Првичната информација беше дека убиецот е Рајан Ланза, 24 годишниот брат на Адам, но тоа се покажа за неточно. 20 годишниот Адам вчера уби 20 деца, својата мајка , директорката на школото и уште 4 возрасни пред да се самоубие .
ИЗВОР
 
А бе луѓе, цели 6 страници е објаснето зошто законот за оружје врска нема со ова. Плус, Америка колкава нација е....споредувате баби со жаби. Колку луѓе живеат во МК, пута три се само во Њу Јорк, ало!!!!

Тоа едно, второ...начинот на живеење во САД е мизерен. И тоа е причина да се направи психопат. Притисоци од сите страни.

Второ, кажаа дека дечково бил без сите овци на број. Ете некој погоре кажа дека од мајка му оружањето го зел.

Лично јас, се осеќам подобро ради тоа што имам оружје дома. Уште да можам на куќата да ставам натпис дека е вооружана, уште подобро.
 
Кај живееш ти у Бруклин ?:D
 
Поради што секоја будала има огнено оружје ќе мора секој да се вози во оклопно возило на улица а поради тоа што секој ќе има оклопно возило ќе мора секој да купи против тенковско оружје...:D
--- надополнето: 15 декември 2012 во 15:59 ---
А бе луѓе, цели 6 страници е објаснето зошто законот за оружје врска нема со ова. Плус, Америка колкава нација е....споредувате баби со жаби. Колку луѓе живеат во МК, пута три се само во Њу Јорк, ало!!!!

Тоа едно, второ...начинот на живеење во САД е мизерен. И тоа е причина да се направи психопат. Притисоци од сите страни.

Второ, кажаа дека дечково бил без сите овци на број. Ете некој погоре кажа дека од мајка му оружањето го зел.

Лично јас, се осеќам подобро ради тоа што имам оружје дома. Уште да можам на куќата да ставам натпис дека е вооружана, уште подобро.
Поради што секоја будала има огнено оружје ќе мора секоја да се вози во оклопно возило на улица а поради тоа што секој ќе има оклопно возило ќе мора секој да купи против тенковско оружје...:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom