26 убиени при напад на основно училиште во САД

  • Креатор на темата Креатор на темата white_eagle
  • Време на започнување Време на започнување
Ја сакам Америка и почитувам ептен, т.е да бидам попрецизен, го сакам доларот и начинот на кој лесно можеш да го заработиш ако имаш волја, но поради ваквите нешта едноставно неможам да се замислам да живеам таму...Gun Control законот или како што милуваат да се повикаат на 2риот амандман ми е една од најкретенските работи некогаш.....Се додека секоја будала ќе може да купи пиштол, пушка и муниција за истите ќе се случуваат вакви работи... Штета за дечињата ептен, но ете лекција за Обама и неговата администрација...Рестрикции на тој закон би решиле многу работи, дали ќе се применат пак тоа е нешто друго.
 
Вооружен народ е слободен народ ама народот во САД сам меѓу себе ќе се потепа со тоа вооружување. Ем никој не ги нападнал 300 години ем немале војна на нивна територија ем се вооружени до заби.

И анти-тезата на сите аргументи од тој тип.Швајцарија и Финска.

Тоа што никој не ги нападнал е во најголем дел дека се вооружани исто како Швајцарците.Швајцарците имаат извадено еден куп пати гз зошто противникот едноставно не му се исплатело да напаѓа држава каде се сите вооружени.

Моментот кога ќе си го предадат оружјето е моментот кога ќе почне да одбројува часовникот кога ќе станат робови,независно дали на странци или домашни.Првата работа што ја прави секој тиранин е да го разоружа народот.

А со целата помпа што ја прават медиумите во Америка и светот околу ваквите убиства само ќе ги направи полоши работите.Во моментов има најверојатно стотици луѓе низ Америка кои се вчудоневидени колку познат станал типот и сакаат да бидат како него.Најголем дел ќе се откажат поради страв некој да не ги застрела додека убиваат.

.
.
 
Всушност вториот амандман бил за секакво оружје,во тоа време тешко воорожување биле топови,експлозиви и такви работи и сите биле легални.

Друго во Америка не можеш да поседуваш тенк и не можеш да поседуваш автоматско оружје.Во Швајцарија можеш да поседуваш автоматско оружје.

Оружјето е наменето за одбрана од каква било тиранија,зошто вооружан народ е слободен народ.Не можеш да бидеш слободен а да не бидеш вооружан зошто двете се взаемно поврзани и неделиви.
.

Одлично кажано. Колку и да е строг законот во една демократска држава, оружје може да се набави на црно. (исто како и дрога)
Скоро секој граѓанин на Македонија може да набави оружје на црно и да убие 20 деца.

Напротив, поседувањето на оружје од страна на обичните граѓани го намалува криминалот. Во Америка најмногу криминал има на источниот брег (Њу Јорк, Балтимор, Вашингтон) каде што законите за оружје се построги.
Во Тексас ако размислуваш да ограбиш некоја куќа, имаш поголема причина за страв, знаејќи дека постои голема веројатност таа куќа да е вооружена.

Во Македонија во последно време има бран на криминал врз постари лица, што ја дообјаснува поентата.
Во моментов доколку мојот дедо живее во некое македонско село, да, би сакал да има пушка при рака.
 
Ова што го кажуваш се митови на некој кој сакаат да си прават филмови како во Америка може да купиш што сакаш.

Прво тенк не можеш да купиш,поточно не можеш да купиш возило со функционално навооружување ниту пак да го возиш по јавни патишта.Ако го онеспособат топот ти и во Македонија би можел да регистрираш тенк али не би можел да го возиш нигде заради тежината и дозволената минимална брзина + ќе троши како ламја.

Второ не можеш да купиш никаков тип на експлозиви,во што спаѓаат и минофрлачи и ракетни фрлачи и гранати и мини и пластичен експлозив,се тоа е строго забрането и за поседување на истото се иде по некоја декада во затвор.

И за крај ако има лежено затвор за каков било потежок кривичен престап немаш право да поседуваш оружје и истото ако ти е најдено директно идеш на доживотна.

Патем кај нас во Западна Македонија а и по Босна поседуваат не само ракетни фрлачи туку и лесна и тешка артилерија.Во Босна има села и тенкови што имаат.

Што и да напишеш нема оправдување за слободното купување и поседување на оружје во САД. Ако не друго нека им вршат проверка на тие што сакаат да купат оружје, барем да знаат кој е исправен во мозокот и дали воопшто е психички стабилен да го поседува истото.
 
Мајката на современото ропство,нашиот "стратешки партнер" Америка,повторно демонстрира мир и благосостојба со жртвување на 20 невини дечиња и 12 возрасни, зарем вакво незаборавно безумие и лудило може да произведи "нормална земја"?.Единствено "нормално" во оваа земја е свесното лудило кое полека и сигурно го прегрнуваме и ние...
 
Што и да напишеш нема оправдување за слободното купување и поседување на оружје во САД. Ако не друго нека им вршат проверка на тие што сакаат да купат оружје, барем да знаат кој е исправен во мозокот и дали воопшто е психички стабилен да го поседува истото.

Не знам кој дел не го разбираш од ако сака може да купи оружје нелегално во рок од најкасно неколку дена.Не ти ни треба оружје за да направиш ваков масакр.

Пластичен експлзив се прави со прочистување на една хемикалија која може да ја надеш во најголем дел од лековите кој би можел да ги купиш во која било аптека и вазелин.

Толку е едноставно да се направи експлозив што не можеш ни да си замислиш, ако сакаш да направиш масакр не можеш да бидеш спречен посебно ако сакаш не ни планираш да преживееш.Најдобар начин да се спречат вакви случаи е со здрава фамилијарна средина и општествен менталитет.

Еве ти пример Калашников направен од лопата од човек кој има многу слободно време.Ај и да направиме психолошки преглед за лопати продавање.

http://www.northeastshooters.com/vbulletin/threads/179192-DIY-Shovel-AK-photo-tsunami-warning!
.
 
Не знам кој дел не го разбираш од ако сака може да купи оружје нелегално во рок од најкасно неколку дена.Не ти ни треба оружје за да направиш ваков масакр.

Пластичен експлзив се прави со прочистување на една хемикалија која може да ја надеш во најголем дел од лековите кој би можел да ги купиш во која било аптека и вазелин.

Толку е едноставно да се направи експлозив што не можеш ни да си замислиш, ако сакаш да направиш масакр не можеш да бидеш спречен посебно ако сакаш не ни планираш да преживееш.Најдобар начин да се спречат вакви случаи е со здрава фамилијарна средина и општествен менталитет.
.

Нормално дека секој што сака да направи ваков чин може и дома да си направи експлозив и да разнесе нешто. На интернет има безброј туторијали како да направиш експлозив, напалм, домашни отскочни мини и други глупости. Како што кажав, проблемот е во суштината на човекот и општеството.
 
'Mass Effect' Facebook Page Attacked Because Misidentified Shooting Suspect Liked It

uUtGf.png


Глупи американци....
 
A Oбама пушти солзи додека држеше говор за ова :cuc: :

А плаче кога бомбадираат и убиваат еден куп невини деца во други држави ? Држави кои ги враќаат 30 години назад поради нивната болна алчност за профит и пари или се смее психопатски како неговата државна секретарка Хилари Клинтон ..

 
Жално за децата и семејствата. Ама ова Обама и компанија на своја глава да си го дочекаат, посебно таа психопатката на видеото што се курчи на секое а врска нема од ништо.
Инаку со законов - нема врска бе не знам оти инает терате. Кај нас демек не можи вакво нешто да се случи?? Дип не сме до тој степен дојдени инаку ќе видите какви масакри можат и овде да се случат. Одете во западна Македонија по цели арсенали на оружје имаат. Ако некој сака да убие 20тина деца во училиште тоа лесно се прави. Оружје на црно многу лесно можи да се купи. На крај краева не ти ни треба пушка пиштол. Земи некој нож или сатар па можиш пепел да направиш за 5 минути пред некоја градинка на пример. Плус како што е нашава полиција наспособна дури дојдат и реагираат можиш 100 деца да убиеш
 
geraphian20120818152532810.jpg


esq-abdulrahman-al-awlaki-0812-xlg.jpg



Што не плаче за нив.Или кога убиваш деца со дронови тоа е добро.Веќе неколку десетици деца имаат умрено во Иран заради ембаргото дека не можат да купат лекови,иако имаат пари.

Во Либија умреа 100К додека си ја водеше војната,во Сирија имираат илјадници во Јемен,Сомалија и Пакистан користат тактика забранета со Женевската конценција а тоа е ранување за да убиеш повеќе.Ќе мавнат со дронови во некоја цел и после чекаат да се собере пак народ и гаѓаат повторно притоа убивајќи цивили што дошле само да помогнат. ( така е убиено детето на втората слика кој е патем роден Американец )

.

Сигурно му е жал на Обама нели како и на секој нормален човек али тие солзи вредат политички поени..........А сами си се криви Американциве за ова, моеш кај сакаш да купиш оружје па затоа има вакви испади, сегде има психопати али само у Америка можат да си купат оружје ко да купуваат мастики за џвакање.
 
кретенски народ, кретенска држава :tapp:
што им згрешиле најневините, најискрените и најчисти души? (n) ако му се умирало нека се убие и чао пријатно......дебилски кретен
точно, за децата многу жално ама за америка е малку пошо и децата од ирак од авганистан и мн др не се виновни ама умираат поради таа ебена америка и нивната посрана политика и се нека поцркаат
 
Сигурно му е жал на Обама нели како и на секој нормален човек али тие солзи вредат политички поени..........А сами си се криви Американциве за ова, моеш кај сакаш да купиш оружје па затоа има вакви испади, сегде има психопати али само у Америка можат да си купат оружје ко да купуваат мастики за џвакање.

И јас мислам дека е до тоа :tapp:,прочитај барем прва и втора страна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom