Ако не си запознаен или ако им текне наплаќаат царина и на поштарината те. на парите што си ги дал за ти ги пратат работите (превозот) што е апсурд! Пред мене на една жена така и направија. Ако нешто ве заебаваат или ако нешто се двоумите за царина може слободно да ме прашате (тука или на пп) дека премногу работи имам порачувано и одприлика ги знам правилата и некои финти за како да не ве изгорат. Како и да е, убаво е да си го читнете правилникот за царинење го има на интернет, не ми текнува на која страна и ако некогаш ви прават не регуларни работи само испечатете ги тие членови и однесете им ги и да видите како одма ќе си ги соберат алчните гзови и ќе си ја вршат работата по процедура.
Јас така до сега полно пати се имам извадено од царина, на роба од 40 евра ми лупа 40 евра царина и два пати идам и ме заебава и на крај се изнервирав испечатив членовите идам и со „поканата“ за царинење им ги ставив сметкопотврдата и листовите со членовите и само ме погледна и ми ги пушти работите без царина.
Ако можете да стапите во контакт со продавачот и да се договорите каква сметкопотврда да ви пратат и што како да гласи може и да си средите работа да не ве царинат али ако идете да ги лажете бидете подготвени зошто обично не пуштаат лесно.
Исто ако царината ви е над 50 евра можеби ќе можете и да ги подмитите, само ризично ви е тоа али за поголема сума тешко дека ќе одбијат само гледајте да биде делумно сам цареникот.