Македонскиот "Момент на вистината"

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате квизот?


  • Вкупно гласачи
    476
Чудо е што се луѓето прават за пари. Па и кај се пријавуваат, се такви со бурно минато, со големи тајни... Сепак мислам дека некои работи треба да останат скриени. Не можам да ги разберам луѓево што се пријавуваат за овој квиз. А и прашањата се претерано невкусни и потресни за натпреварувачот.
 
Кој че биди водител?

Кажав веќе, Анета Кочишки ќе биде, читајте малку. :)

Еве ја типката, водеше Бисери едно време.

files
 
Кажав веќе, Анета Кочишки ќе биде, читајте малку. :)

Еве ја типката, водеше Бисери едно време.

files

Оваа ми изгледа како многу мека за овој квиз.Подобро да најделе некоја водителка како онаа што го водеше квизот "Најслаба карика" во Србија.Некоја поостра треба овде:)
 
За ваков квиз само Хелена е за водителка. Таа што води експлозив на А1 во недела.
 
Луѓе бре, аман 100 теми за квизот се отворија.

Али ајде, колку без ич, да кажам дека фразата „не сакам да се пријавам, ама интересно е за гледање“ е еднаква на тоа дека сме само желни за сеири.

Бидејќи не сакам да се пријавам, од истата причина не ни ја сакам оваа глупа измислица од квиз.
 
како мојте бе на српски а ја напишите темата небаре немаме збор ние за вистина па морало истина да се напишит
а инаку ништо посебно квизов

За тоа обратете се кај другарката SexyLips :wink: што е до мене фино јас си го напишав насловот МАКЕДОНСКИОТ МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА

Со колкава сигурност е тој детекторот?

Да биде работата уште поинтересна не се знае дали е набавен воопшто детекторот :smir:
 
За тоа обратете се кај другарката SexyLips :wink: што е до мене фино јас си го напишав насловот МАКЕДОНСКИОТ МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА

епа тоа го пишав кога не беа споени темите и си се разбравме :smir:
 
Изгледав некојси 20 минути на Нова нивниот Тренутак истине и доста ми е.

Типичен американски моронски производ. Интересно е што цел свет плаќа за и кај нив да го има тој производ. Алал вера шо би рекла една песна.

Незнам, стварно незнам што да кажам за ваков тип на емисија... :uvo:

Али браво за А1, ќе се гледа ова на гоооооооолемо (има да се збираат цели фамилии да следат заедно и да фаќаат сеир) и ќе си праат пари од рекламчиња и спонзорчиња. :bravo:

п.с. заборајв да споменам...
изборот на водител им е катастрофа :pipi:
 
Ова шоу е местенка. ако сте гледале на Тв Нова играчите идат до 50.000kn за наредното прашање секогаш odgovor je lazan. Пр: ја прашуваат жената, новинарка по професија, дали некогаш била подмитена во врска со текстовите што ги објавува. Таа вика НЕ, но одговорот е лажен. Новинарката не е сигурна во себе. Таа може да мисли дека никогаш не земала пари, но длабоко во себе чувствува дека ги земала :smir:
 
Нешто не ми е јасно. Ако секој ги знае прашањата пред емисијата, зошто би одел некогаш на прашањето кое нејќе јавно да го каже? Значи секој ќе си знае која сума оди да си ја земе? Не ми е интересно. А и не верувам дека ќе има луѓе кои ќе се пријавуваат на емисијава, затоа што тоа не би биле ваљда прашања за која боја им е омилена и сл. Ама ај, ќе видиме.
п.с. Анета не е мека ... малку е ограничена, но во никој случај мека, кога треба да не е.
 
Се цитирам овде, затоа што не видов дека има тема за Македонската верзија, па пишував во темата за хрватската:

Не сум го гледал Тренутак Истине, но гледав нешто од оригиналот "Moment of truth", сосема истата работа, друг јазик само.

Можам да кажам дека квизот е најодвратното ТВ Шоу кое некогаш му го нафрлиле на човештвото. Целта е едноставна, да ги разголи луѓето до коска, да ги навреди, понижи, да ги уништи нивните односи со најблиските... затоа што кутрите немаат друг начин да заработат пари (ги исклучувам од ова будалите кои доброволно се понижуваат за да бидат на ТВ). И тука сме се разбира ние, широкиот аудиториум, кој треба да седне пред ТВ-то и да уживо во моралната деградација на учесниците. Дури и Шоуто на Џери Спрингер беше похумано.

Овие навреди не се случуваат само во текот на поставувањето на прашањата, туку и во рекламите кои одат во стилот: “да видиме дали поради нејзината алчност ќе си го ризикува бракот...“

Што се однесува до полиграфот, процедурата е ваква: прво се оди на тестирање, на кое добивате 51 прашање, со употреба на полиграф. Потоа ако ве изберат (ако животот ви е доволно заплеткан за да го уништат), добивате 21 прашање од истите. Не сте поврзан на полиграф но тие ги имаат одговорите. Сеуште можете да дадете друг одговор. Но некогаш (веројатно секогаш) добивате трик прашања на кои има големи шанси да паднете.

На една девојка (која прописно си го уништи животот и угледот) и поставуваат прашања во кои таа признава дека го лажела сопругот, украла пари... и потоа и приредуваат изненадување: бившиот дечко доаѓа во шоуто и лично и го поставува прашањето... туку видете сами:

После тоа има некои религиски глупости, тоа нема никаква врска ама таков е клипот...



Не ми е жал за будалите кои одат на ова шоу за да бидат видени на ТВ.

Малку ми е жал за оние кои немаат начин да заработат, па влегуваат во овој кошмар со надеж дека за срамот што ќе го претргаат ќе заработат нешто. Иако ниедни пари на светот не можат да ги купат пријателите и семејствата кои може да се изгубат во оваа авантура.

Многу ми е жал за сите нас кои не трујат со вакви нехумани, деградирачки игри, кои ја градат својата популарност на туѓата несреќа и мизерија. И за тоа што ни наметнуваат да уживаме во неа.

На крај, откако ќе ги распарчат на ситни делови, водителот ќе им посака многу среќа понатаму!!??

Што е следно... Се плашам дека човештвото е многу блиску до време во кое ќе се организираат игри од типот на оние кои ги предвиде легендардниот S.F. филм The Running Man (1987). Игри во кои со пуканки и пиво ќе уживаме во тоа како ги ловат учесниците, за забава на гледачите.

Јас видов доволно. Ќе се трудам да бидам подалеку од телевизорот кога ова одвратно шоу А1 ќе ни го донесе овде. Не се сомневам, дека ќе биде популарно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom