Сега на Канал 5 штотуку заврши еден доста солиден филм.Недостижни, е името на филмот.Накратко еве за што станува збор.
Били е поранешен агент, кој се повлекол мирно да живее.Постојано се допишува со едно мало девојче од Полска која се вика Ирена и која финансиски ја помага низ програмата на посвоители.Мегутоа писмата од девојчето прекинуваат, а причиа за тоа е напуштање на интернатот од страна на девојчето со уште некои други нејзини другарки, секако не по нивна воља.Со посредство на директорката на интернатот девојчињата се деваат на една особа кој понатаму ги препродава девојчињата, односно трговија со луѓе.Загрижен поради тоа што веке не добива писма Били заминува во Полска , да го пронајде девојчето.Заедно со една детективка од Варшавската полиција ке се обидат да го пронајдат девојчето.Всушност во целата оваа трговија со луѓе е замешана и Турција, односно нивниот дипломат таму.На еден амбасадорски бал, организиран од амбасадата на Турција ке се случи и пресвртот на филмот.Девојчето преку храната сервирана во еден послужавник ке направи една шифра која ја знае само Били.Секако тој ке ја дешифрира и само ке го потврди мислењето дека е на вистинско место и во вистинско време.Ке се сретне со типот кој е главен на целата таа организација за трговија со луге и ке одлучат да се пресметаат преку мечување....на крај сепак победува Били, членовите на организацијата се испоубиени, а Били го зима девојчето и го носи кај него, дома во Америка.
Моја оценка 10/8