Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Frozen
Абе овие од имдб трава ли пушат шо е работа скоро 7мица има филмо...ццц да си го докачам ке си го растурам од пушење....
Него доста со тоа филмо е толку глуп та немај каде значи никаква порака на крај или некој заклучок....да беше хорор ке го прежвакав крајо некако ама овака етикитиран како драма и трилер филмо е мизерија...И 85% од филмо беше досаден а другите 15% беа непотребни кадри и сцени.Немам навика да ставам трејлери ама пошто не знам шо да рецензирам тука ке ставам овај пат.Моја оцена 3 од 10...
 
Original Sin

O72K000Z.jpg
Филм со преубавата Анџелина Џоли и Антони Бандерас во главните улоги.
Интересно филмче, се работи за љубовни интриги, лаги и измами. Откако по претходно допишување ќе се запознаат лично Џоли и Бандерас решаваат одма да се венчаат. Но набргу Бандерас дознава дека
таа не е всушност жената со кој се допишувал
но не сака да стори ништо затоа што силно се вљубува во неа и
решава да и се приклучи во нејзиниот измамнички живот
Филмот е преполн со љубовни трилер моменти и вреди да се види иако има мала оцена на имбд
Според мене има 8/10


Veronika Decides to Die

sarah-michelle-gellar-veronika-decides-to-die-movie-fan-made-poster-mq-ed714.jpg

Филм базиран на книгата од Паољо Коељо, јас лично ја немам читано книгата па не можам да направам споредба со филмот.
Содржината е како што кажува филмот Вероника извршува самоубиство но ќе преживее за да дознае
дека притоа го оштетила срцето и дека набрзо ќе умре
. и тогаш и се раѓа желба за живот и бла бла се на се досаден филм освен крајот кој завршува многу интересно и поучно .
Според мене 6/10
 
Го изгледав Robin Hood (2010)

Добив тоа што очекував, Ридли Скот и сите тие работи... :) Многу јавање по тоа планините и повремено гаѓање со стрели. Нема ништо лошо во филмчето, си седнуваш онака и си гледаш филм на раат, нема компликации, нема заплети, нема ништо уствари освен Расел Кроу да ве потсети на Гладијатор и Кејт Бланшет за да има троа романтика во филмот. И покрај тоа што сценариото не е ништо посебно, приказната е едноставна и по ништо необична или посебна, ликовите се апла необработени (зборувам за дружината на Робин) па скоро како статисти се... и многу други мани кои можам да ги набројам... сепак филмот ми остави добар впечаток. Не знам дали затоа што точно ваков филм очекував или многу ретко излегуваат историски филмови во последно време па едвај чекаме да изгледаме нешто.

Како и да е, ова е приказна за Робин Худ, нешто како prequel, значи се случува пред да започнат "авантурите". Се работи за еден сосема пореален херој, нема скокање од гранка на гранка и саркастични шеги додека 20 непријатели со мечеви се обидуваат да направат скара од тебе... И нема хулахопки, замислете...

Значи, да скратам, му давам 8/10 затоа што уживав во филмот, ми дојде како одмор, иако ако земам детално да го анализирам ќе влезе во просекот или под него. Кој сака историски филмови, би требало да му се допадне.

P.S.
Ова не го сметам за рецензија туку за рандом впечатоци кои ми дојдоа од филмот...
 
Не пишувам многу рецензии иако гледам многу филмови но овој филм морам да го спомнам, ако не сте го гледале сте пропуштиле премногу. Кај не пишувам па уште и не ме бидува, како и да е:

Филмот се вика: Тhe Man From Earth

Се работи за еден навидум обичен човек кој решава да се пресели а неколку негови пријатели доаѓаат да го испратат. Моќта на убедувањето се истакнува кај главниот лик. Да се биде разумен, логичен, да се верува на науката која често била контрадикторна или пак на некој човек од 35 години чии тврдења не можат целосно да се отфрлат поради недостигот на факти е двоумењето кај неговите пријатели.

Се на се одличен филм кој ќе ве натера на многу размислување.

ten out of ten from me

п.с. don't watch the trailer
 
Dead End (2003/I)

Kaко еден нискобуџетен филм ме задоволи повеќе од блокбастерите како expandables, iron man 2, etc.. кои ме мрзи воопшто да ги рецензирам.
Не дека и овој не ме разочара од старт. Кола, wrong turn, шумски пат.. еrgo, мутанти убијци? Среќа бев грешка. Јес да целиот филм се одвива во кола низ напуштен пат, со тек завзема поинаков правец. Како хорор беше задоволителен. Морничави сцени, необјаснети убиства, супернатурал-елементи.. значи задоволително. Приказната интересна, а и убаво обработена. Комедија колку толку на моменти да се насмееме.. Убаво скоцкан филм, all in all. 7 од 10, ме мрзи повеќе да пишам.

Dead_End_movie.jpg
 
the-expendables-no-survey.jpg
bullshit.jpg
 
Srpski film (2010)

Ќе го кажам истото како што кажа некој претходно,за да се гледа овој филм треба да се има јак желудник,а јас би додала и срце.
Овој филм е најгнасниот што некогаш сум го гледала,едноставно незнам на кој болен ум му текнало да направи ваков гнасен филм.
На некои сцени ми доаѓаше да повратам.Не ме влечат вакви филмови како Српски филм,но бидејќи многумина викаа дека овој филм е направен да ја шокира публиката,и успеал во тоа,си реков ај и јас да го изгледам филмов штом толку луѓе го спомнуваат.

Еве еден цитат кој мислам дека најдобро го окарактеризирува филмот,
„Филм во кој свесно се упропастува животот,во кој кога ќе се свати грешката,сето тоа станува несвесно,за да доживее невидена кулминација и уште поневиден пресврт„.

Во филмот се работи за Милош порно глумец,кој што добива понуда да сними филм за сексот,уметност и крвта.Тој се нафаќа да го сними филмот бидејќи добива огромна сума на пари,која што ќе му обезбеди удобен живот.
Но тој не знае за што се работи во филмот,и почнува да го снима незнаејќи дека овој филм ќе му го упропасти неговиот живот и животот на неговата фамилија...
Само ќе додадам дека последната сцена од филмот ме остави без зборови...

Српски филм
 
500 days of Summer (2009)

Five_hundred_days_of_summer.jpg


Една некласична драма/романса/комедија, со добра актерска екипа, и би кажал солидна приказна, иако не сум фан на комедија/романса жанрот.

Том е момче кое се вљубува во Самер, арно ама (ко приказните со Шенка звучам:D) љубовта не е обострана. Прикажани се 500 дена од нивните заеднички авантури, карања, кежуал романса.
И има прекрасен крај, кој ем ќе ве насмее, ем ќе ве остави да се запрашате за некои работи ... и да, низ цел филм немате појма како би завршил
Јас би му дал една солинда осмица.
 
Cool Hand Luke 1967

2 часа целосно уживање, овој филм сигурно е меѓу ајде да кажам првите 10 филма што сум ги гледал. Пол Њуман како одглуми немам зборови.
Приказната е за Ладнокрвниот Лук кој што добива 2 години затвор поради правење на проблеми под дејство на алкохол.

Затворот е прикажан во не толку лошо светло, владее една хармонија меѓу затворениците да ти е мерак таму да издржуваш казна :)
И да, нема да е толку интересно да нема бегства :)
 
Boondock Saints II: All saints day (2009)

Boondock_2_poster.JPG


Океј, првиот дел од светиите е ремек дело, во мојава топ10 листа се наоѓа, ама вториот .... шознам, има одлични сцени кои ти ја креваат косата нагоре, ама првиот е далеку подобар. Не, не е лош овој дел, ама ако споредуваме со првиот, не е тоа тоа.
Околу приказната: дејствието продолжува 8 години после настаните од првиот дел. Браќата се враќаат со желба за одмазда. Полицијата пак им е во траг, а инспекторите од првиот дел исплашени.
Глумата беше на ниво, место Вилем Дефо се појавува Џули Бенз во улога на агентица, другите си се истите од првиот дел, само 10 години постари.:D

Со тешко срце би му дал седмица.:)
 
Пред некој ден го гледав филмот The World is Big and Salvation Lurks Around the Corner „ Светот е голем и спасение дебне од секаде„ копродукција на 4 држави- Бугарија, Германија, Словенија и Унгарија-во главна улога Мики Манојлович
погледнете го - доколку не сте го гледале (пред се заради една единствена причина- кои беа бугарите во 80-те години, каков диктаторски режим имаа , ... бевме американци за нив, но баш тие влегоа во ЕУ, а ние го достигнавме дното заради лошата политика по осамостојувањето и ред др.ствари кои сигурно ги знаете

има српски, хрватски, англиски превод за филмов:toe:


 
Black death.


Знаев дека ќе биди добар уште пред да го гледам.
Две страни има во филмот, направен е да биде малку збунувачки да не се знае која го зазема доброто, а која лошото. На крај третата страна е во право што врска нема :icon_lol:.
Најмоќна сцена е кога ќе влезат во селото, чистата симболика на самото влегување е неверојатна, и потоа следува дрн мрн фрн ова она ама не е така :icon_lol:.
Добар филм и вреди да се гледа, ама не дозволувајте да ве наведи неговата содржина, донесете си сами одлука зошто некои работи во него се прикажани како што се :icon_lol:.
 
The Book of Eli (Книгата на Илај)

The-Book-of-Eli-Movie-Poster.jpg

The Book of Eli е пост-апокалиптичен филм во него стартуваат , Denzel Vashington , Gary Oldman, Mila Kunis , Ray Stevenson и Jennifer Beals.

Приказната се работи за Илај ,номад во пост-апокалиптичен свет кој што по 30 години по апокалиптичниот настан Илај (Дензел Вашингтон) патува пеш на запад. Тој ја има последната зачувана Библија во светот и треба да ја однесе на сигурна локација на Запад. За време на патувањето тој се соочува со препреки и со непријателите кој ја сакаат скапоцената книга.


На кој ќе му се допадне:
-На луѓето кој се љубители на пост-апокалитични филмови.

Што ми се допадна:
-Приказната ,добро одиграната улога од Дензел ,и конечно го видов малку Дензел еластичен но само на моменти инаку како и по старо цело време е скочанет и молчлив.

Што не ми се допадна:
-Почетокот е супер ,но некако се стивнува на пола филм....не знам недостига нешто. Мислам дека уште малку акција и неколку заплети фалат. 2 саати трае ,но како да видов малку...недостига, недостига нешто.

Но во главно супер филмче и вреди да се погледне.
 
Slumdog millionaire

Филмов ми направи лавиринт од емоции во мене. Приказна за трагична и тажна судбина на еден млад 18 годишен дечко од Индија, кој по силом прилике се пријавува на Милионер и доаѓа до 14 прашање. Полицијата го распитува, се сомневаат дека мами, затоа што нема никакво образование. Во меѓувреме додека трае испитувањето тој објаснува како ги знае прашањата, а притоа и ја раскажува неговата животна приказна.

Прекрасен филм. Едноставно прекрасен. Трогнува.
 
Hard Candy

hard-candy-onesheet.jpg


{пред да напишам ствар на вкусови е}

Значи незнам зошто,покрај толку фалење мене филмов ми беше еден од најглупите во животот што сум ги изгледал.И не ми беше само глуп него ми беше и гаден,грозен,никаков.........од што ми беше гаден последниот пола саат го измотав колку да се рече,можда имаше добра тематика и глума ама дефинитивно бљак.......
14 годишно девојче се допишува со некој 32 годишен фотограф а тој нешто као демек педофил,некојси гревен човек,девојката врзува боље чворови од Индијана Џонс, па она го заведува го мачи како Саид што ги мачеше лугето на островот од Lost ,него ке му го кастрирала пенисот,цело време 2-ца во кадар во иста соба досаден,тој као демек плаче за некоја пичка стара љубов и оваа го тера да се самоубие таму се обеси ебате будалата, па уште тоа absolutely terrifying ме наведе да го гледам,барем јас не бев terryfied at all
........оценката на имдб 7.2 /10............јас му давам 4/10 заради глумата и ништо повеќе дури се чувствувам и како наставник кога ке му подари на ученик оценка повеќе! Си се запишував јас вака посабајле ама дефинитвно филмов ми остави многу лош и гаден впечаток што ке морам да ги гледам Van Wilder и Hangover некојси си 10 пати за да ја добијам пак довербата во филмовите. Моја препорака- Никаков е филмов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom