Ако ти свати така јас не. Не станува збор за првична ситуација.
Станува збор за кога ќе увидиш некој дека воопшто не ти обрнува внимание. Значи веќе ти си се потрудил на некој начин тој да дознае за тебе, си се додворувал, си започнувал муабети но другата личност едноставно не ти обрнува внимание.
Зошто ако некој не сака да разговара со мене, или ете јас се јавувам тој не, тој се однесува толку пријателски кон мене а јас сакам нешто повеќе и слични други ситуации.
Значи не станува збор за првите запознавања помеѓу лицата. Него кога веќе поминала првата фаза и ти си сознал дека тој што го сакаш едноставно те игнорира.
Јас не би продолжила понатаму со упорноста.
Можеби кога би била упорна би вродило тоа со плод, но многу се поголеми шансите да испаднам глупак кој од претходно знаел дека шансите не се минимални него речиси воопшто не постојат.
Мислам дека ти погрешно свати. Не станува збор за тоа колку би бил упорен кон некоја која си ја запознал и да ја добиеш и да направиш се за неа, туку кога веќе си се потрудил на тоа поле, но тоа не донесува никаков резултат туку таа уште повеќе те игнорира. Па ќе продолжиш иако таа не ти обрнува внимание или ќе свртиш нов лист?