Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Идејата е одлична. Баш ќе се израдуваат дечињата. Сметајте и на мене - храна, облека, играчки, помош во организација...:smir:
 
Принц, Ацид ради на случајот, чекам од него ингеренции, ќе биде, не се тревожете :icon_lol: Рачунам некаде, 25 декември да се изорганизираме. За сите новости, ќе бидете благовремено известени :back::back::back:

Како и да е, веќе може да се набројат работите кои може да се однесат. Да дадеме топла зимска облека, кој што има за јадење,( нешта како бомбони, чоколади, чипсои, смоки и сличности можат да се искомбинираат во пакетчињата). Претпоставувам дека имаат хигиенски услови, но јас ќе им подарам еден парфем, мерак ми е. Не верувам дека читаат книги, но сепак и некои книги ќе им бутнам (имам 70 нови изданија, прочитаните ќе им ги подарам). Чорапи, иам неотворени и тоа ќе даам. Од облеката, гарант има по нешто старо... И на брат ми ќе му дрпнам нешо :icon_lol:
 
Ајм ин. Едвај чекам да ги видам насмевките на нивните лица. Што и да е ќе ги израдува =]
 
Премиерот им подели пакетчиња на децата од домот 11 Октомври

Како и секоја година и оваа дојдов да ги посетам дечињата од Домот 11 Октомври, да им дадам поклони пакетчиња да им посакам Среќна Нова година и божиќни празници, многу здравје и успех следната година, изјави денеска премиерот Груевски во Домот за деца без родители “11 Октомври“ во Скопје.
Премиерот заедно со министрите за внатрешни и за животна средина Гордана Јанкуловска и Неџат Јакупи, беа гости на дечињата, кои им подготвија приредба за таа пригода.
Груевски рече дека Владата и понатаму ќе се труди да им помага на овие деца.
“Ќе се трудиме понатаму тоа да го правиме и на други начини , како и што го правиме со многу активности што ги правиме, со промени на некои закони, градење на станови за деца без родители, кои што се во завршна фаза во Ѓорче Петров..За децата без родители го променивме законот, Владата испрати до парламентот предлог, со кој што на секое дете што ќе излезе од дом без родители му се овозможуваат 3.000 евра испратнина“, истакна Груевски.
Тој најави и доделување на над 50 станови за децата без родители. Почнат бил процесот на промена на законот за цивилни инвалиди, со кој што ќе има одредени бенифиции , како други проекти и специјални програми за други ранливи категории.

Извор


Го известиле веќе премиерот .
 
Го известиле веќе премиерот .

Нека го премиерот.
И не мора секоја акција да оди за 11-ти октомври, при толку многу установи во кои може да се донираат работи.

Јас сум на идеја да одиме со црвен крст, национална кампања покрената на Кајгана форум. Принципот на организација е следен: во секој град волонтер собира на едно место продукти (значи, мислам дека за црвен крст доаѓа се во предвид, ако не може да дознаеме, нели? ) и на точно одреден датум во исто време, во што повеќе градови во Македонија Кајганџии одат до црвен крст и донираат.

Медиумски ќе е покриено, за да инспирира и мотивира слични акции, а не за лична промоција. И добро е да го направиме час поскоро, иако ќе треба отприлика по мои проценки 7-10 дена за истото.

Ако се прифати концептот, пријавувајте се за локални претприемачи.
Па после ќе дефинираме датум.

Ајде,
ако треба и флаери за по школи ќе обезбедиме.


Кајгана, helping people.
 
Серпико, а зошто идејата да се спроведува преку Црвен крст? Може, на пример, луѓе од форумов да одат директно во установа и да донирираат. Не знам како оди цел процес преку Црвен крст и колку време треба тоа да дојде до децата. Вака директно би им се дало она што е наменето за нив. Башка не мора владини институции, може пример, дневни центри (веќе ги спомнав) кои се спонзорирани и функционираат преку НВО-ии. Може и да не е толку официјална постапката со нив. Во тие центри има деца со слична судбина ко по домовите. :)
 
Пеки, кој е позапознат, нека даде предлог за установи. Мојата желба е ова да го покренеме организирано, во што повеќе градови во земјава - и да инспирираме повеќе слични акции.
 
Кажувајте побрзо... Директ до 11 Октомври, или преку Црвен Крст?
Немирна ми се чини дека е активист во Црвен Крст. Ќе ја потпрашам неа...

Edit:
Сега дознавам дека Немирна не е во Македонија.
Има ли тука некој активист на Црвен Крст? Утре да се видиме неколку души и да се договориме како ќе иде целата акција. Ајде, побрзо.
 
Ја викам директ до домот, за преку Црвен Крст прво ќе се одолговлечат работите, а друго повеќе време и организација ќе ни треба.

Вака, се собираме на даден датум на збирно место, оставаме донациите, неколку (кои ќе се нафатат да организираат) пикаат све у ауто и право кај што треба да се однесе сето тоа.

Црвен Крст, реклами, спонзорства, невладини организации... тоа ќе одземе време кое го немаме, кога може се да се поедностави, и онака примарната цел не е да се изрекламираме (значи не мора да сме официјални и да се знае од кого доаѓа), туку да им се помогне на децата.
 
Покомплицирано е преку ЦК. Ја мислам боље е директно.:toe:
 
Кажувајте побрзо... Директ до 11 Октомври, или преку Црвен Крст?
Немирна ми се чини дека е активист во Црвен Крст. Ќе ја потпрашам неа...

Edit:
Сега дознавам дека Немирна не е во Македонија.
Има ли тука некој активист на Црвен Крст? Утре да се видиме неколку души и да се договориме како ќе иде целата акција. Ајде, побрзо.
Другарка ми најдобра, е активист во црвен крст и мајка и работи таму. Таа ми рече дека доколку имаме проблеми, во врска со домот, тогаш дека секој ден можеме да ги донесеме работите таму, тие и онака ги носат во 11 Октомври. Сеедно е, ако ако не успееме дикретно, ќе мора во Црвен Крст. Асид, што напраи ти со оваквото? Со невладината организација? Ајде, види се со нив, па да вртам утре во домов... :smir:

Нека го премиерот.
И не мора секоја акција да оди за 11-ти октомври, при толку многу установи во кои може да се донираат работи.

Јас сум на идеја да одиме со црвен крст, национална кампања покрената на Кајгана форум. Принципот на организација е следен: во секој град волонтер собира на едно место продукти (значи, мислам дека за црвен крст доаѓа се во предвид, ако не може да дознаеме, нели? ) и на точно одреден датум во исто време, во што повеќе градови во Македонија Кајганџии одат до црвен крст и донираат.

Медиумски ќе е покриено, за да инспирира и мотивира слични акции, а не за лична промоција. И добро е да го направиме час поскоро, иако ќе треба отприлика по мои проценки 7-10 дена за истото.

Ако се прифати концептот, пријавувајте се за локални претприемачи.
Па после ќе дефинираме датум.

Ајде,
ако треба и флаери за по школи ќе обезбедиме.


Кајгана, helping people.
Серпико да... Во Црвен Крст носат од пасти за заби, сапуни, брашно, зејтин, ќебиња, јакни, паштети... Абе чуда... И да! И јас нешто вакво мислам дека е доста обележувачко, дека работиме како организација. На ист ден во исто место-топ! Се пријавувам за локален прибирач на работите за Карпош, Козле, Влае, и Капиштец .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom