Оваа идеја е најприкладна.
Така ќе можат да помогнат и форумџиите од другите градови, а и ќе опфатиме повеќе места, па нема да мора да се дебатира каде да се помогне.
Доенчиња колку јас знам сакаат или доилки (кои не може да ги обезбедиме нели?

) или млеко во прав, кашички, лигавчиња, цуцли, итн итн... Ама ова ќе подразбира кеш инвестиција, а за такви активности доколку сакаме кај нас да се случат треба пеглање на терен подолго време. Не сакам да сум песимист, ама мислам дека варијантата стара облека, играчки, книги можда?! (ако има термин во светов како стари книги

) ако не остајте, ќе донираме книги на пролет

) е поверојатна за ова време што го имаме. Затоа сум троа скептик и за кај Бани Банско или дом за старци...што ним би им собрале вака на брзака?
Бети Буп супер предлози даваш, а може друго, како екстра труд: да волонтираме во кујни божиќно новогодишни, ако има такво нешо... да помагаме да се услужат бездомниците.
Него, да се фокусираме на темата:
За времето кое го имаме сметам дека ќе е најпрактично и најефикасно, најмасовно и најпродуиктувно, ако собираме стара облека (нормално, чиста и здрава), играчки, книги, се и сенешто, што ќе може да се најде како полезно да децата и младите од некој дом.
Волонтерите во секој град: Дивајн (Струга), Ада (дел од скопје) Серпико, Петко, Трајко...ќе ги најдеме - е тие би собирале во одреден ден или во рок од два три дена, или на школо, предмети, облека.... и на (пак пример, и се повторувам ал нејсе) 29ти декември ги носиме во Црвен Крст како мрежа низ цела земја, која има список на социјални случаи со кои соработува (ако веќе не мора да е тоа 11ти октомври во скопје и незнам шо во другите градови). Утре ќе контактирам со еден од водечките луѓе во ЦК и ЦПМ Охрид, а ќе побарам контакт и за државно ниво, или просто ќе му ја претставам акцијата.
Дали може тоа да го сторам, ако сме сложни? И ако е така, утре вечер си читаме со дефинитивен план, најкасно задутре што порано да се видиме кои сме од Скопје бидејќи поголемо растрчување ќе има, а другите градови до тогаш очекувам веќе да имаат определен координатор, после што ако се договориме....
Епа ете вие кажете ми

Иначе, мислам дека е подобро да се делат, по школо, по плоштад... Тоа можам јас, а и на брат ми можам да му дадам задача, има искуство он со тоа

Само прво мора да се договориме ние каде и кога за да пишеме на флаерите... Иначе за еден ден би требало да бидат готови, зависи од количината...
...и флаери ќе направиме, или па по постер два кој секој во своето школо ќе го стави.
Ама пред тоа, јас би сакал потврда од вас, после што би побарал потврда од црвен крст, па би преминале на дело.