Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
вака сеа
идејата е крајно хумана и мило ми е што сеуште постојат такви луѓе, мо проблемот е друг
незнам дали е тоа само мое мислење, но во домот за деца без родители „11 Октомври„ и не е така бедна сликата. Јас сум имал прилика да поминам неколку дена со неколку деца од домот и речиси сите имаа телефони поскапи од 6000 денари, скапи облеки и 300 други дрангулации. Можеби јас сум ги погодил баш таквите од домот што имаат родители ама не живеат со нив туку во дом, но ако ја направите вие оваа акција ке испаднете во најмала рака смешни.
Несакам да бидам партибрејкер, но мислам дека многу подобро е една ваква акција да се направи за оние кои им помога црвениот крст - социјалните случаи. Децата од домот имаат премногу донации од најразлични организации и една ситна симболична акција од кајганџии воопшто не им е потребна, можеби психичка поддршка да, но материјална не верувам.
Сепак ако веке ја имате осмислено и организирано нејкам да ја попречувам таа акција и радо би учествувал и јас. Но мислам дека има многу повеке за помагање на социјалните случаи, а ги има далеку повеке од деца без родители.
Несакам да солам памет и да се правам паметњакович ама прво согледајте што организирате:smir:
Еи и јас спаѓам во нив :)

Имам другарка од клас, чија мајка работи во црвен крст. Донациите за таму, многу полесно би можеле да се пренесат без никакви проблеми... Што велите, сега... за децата или за црвен крст?
П.С. Не сум била во домов јас никад, не знам какви се... Но сепак, без родители ако се... Аце не знам, како без родители имаат мобиљки од 6 000 :S
Кон пс то..
Слушам таму имале компјутери и брз интернет.. немале родители.. најдобра комбинација..
Си седиш на компјутер колку сакаш и никој не ти досаѓа...
 
јас сум ЗА.....мала радост му е добредојдена на секое дете, посебно оние на кои им фали родителска љубов....само кажете кога и каде!!!!!!!
 
Слушам таму имале компјутери и брз интернет.. немале родители.. најдобра комбинација..
Си седиш на компјутер колку сакаш и никој не ти досаѓа...
Баш никој...

Мислиш дека е добра комбинацијата?

Никој за ништо не им досаѓа... за ништо, а нема ни кој да ги поведе на асален прав пат.
 
Баш никој...

Мислиш дека е добра комбинацијата?

Никој за ништо не им досаѓа... за ништо, а нема ни кој да ги поведе на асален прав пат.

Tие се на асален прав пат..
Тоа што нема кој да им ја мења дефиницијата за асален пат незначи дека тие не се на тој пат...
Асален пат е оној во кој што уживаш додека си на него.. а не на оној во кој можеби некогаш ќе уживаш..
Денес е најважен, поважен од вчера и од утре.
 
Ти не знаеш што збориш.

Не си свесен колку значат родителите. Тоа е жално.
А тие деца се би дале барем грам родителска љубов да добијат.

Инаку ја подржувам иницијативава целосно.
И треба да се одлучи каде да се однесат овие новогодишни подароци. Дали домот на деца без родители, Сос селото, Црвен крст ...
 
Дефинитвно сум за. Мислам дека е одлична идеја барем некој да се сети на дечињата кога на Владата не и текнува дека можеби новогодишните пакетчиња е она што тие деца цела година со радост го очекуваат.
Имам облека за донирање, и храна, да се организираме убаво и мислам дека оваа акција ќе биде успешна:pipi:
 
Tие се на асален прав пат..
Тоа што нема кој да им ја мења дефиницијата за асален пат незначи дека тие не се на тој пат...
Асален пат е оној во кој што уживаш додека си на него.. а не на оној во кој можеби некогаш ќе уживаш..
Денес е најважен, поважен од вчера и од утре.

Асален пат е оној во кој нема да ми ја обијат колата два пати по ред две вечери,за третата да пробаат пак и да ги уапсат.

Не знам каква е ситуацијата таму,но океј,ја поддржувам иницијативата,сепак не се они криви,а не верувам дека имаат нешто многу,како што тврдите :)
 
Кон пс то..
Слушам таму имале компјутери и брз интернет.. немале родители.. најдобра комбинација..
Си седиш на компјутер колку сакаш и никој не ти досаѓа...
A ти твоите ги среди или уште ги трпиш по дома?
 
Една професорка од нашето школо сакаше да не однесе во домот за деца без родители "11 Октомври", за да им однесеме облека, играчки и ред други работи, но по телефон и рекле дека не примале посети.

:classic:

Не знам што е проблемов, изгледа не примаат ученици, но би можеле ние Кајганџии да се обидеме. Јас моите стари работи ги давам на две деца во околинава кои живеат без мајка и татко, само со баба, мајката и таткото се загинати во сообраќајка, но би требало од таван да ископам уште нешто што не ми е потребно. Идејава е одлична.
Кон пс то..
Слушам таму имале компјутери и брз интернет.. немале родители.. најдобра комбинација..
Си седиш на компјутер колку сакаш и никој не ти досаѓа...

Па зарем не заслужуваат да имаат и тие интернет? Да се посмеат на некоја слика на нет или да поиграат некоја игра? Со што се помалку од другите деца? Ако имаат компјутери и интернет тоа е многу добра инвестиција.
 
Сега ок е...

Абе сум те читал, знаев дека си будала, ама ти си бил комплетен будала, да ми ти кажам. Исто така, да не не ти чинит ако мајка ти напрајла боранија за ручек? Шо памет ќе имавте бе? Родител, ало...па дури и ако те масират, ти стварат нервози, ти досаѓа во соба или шо и да е...Ти обезбедил услови бе дете! Кој ти го купил првиот компјутер, за да поднаучиш то шо си поднаучил сеа, кој ти уклучил и кој ти го плаќат нетов бе дете! И ти, со цел памет, од истиот тој нет платен од нив, на истиот компјутер купен од нив, ти ги газиш на толку прост начин? Помисли се бе...дете!

И мене ме нервирале мојте, и ме нервираат сеуште. Афектно, може и да искоментирам нешто, сигурно не би рекол дека ми досаѓаат. Ги имаме, и не размислуваме. Пред некое време ми се десе ова, па со полно право ќе го искоментирам - не знајме шо имаме додека не го изгубиме. Затоа, немојте со вакви коментари.

Он-топик (пошто пак забегав):
Се јавувате на телефон, официјални и крајно сериозни. Кажувате дека сте младинска организација, и не го одговарате (доколку сметате дека не треба, нели) прашањето - која е таа младинска организација. Имате понуда, им ја кажувате, и им потенцирате дека позади вас стои медиум, и дека ќе биде објавен резултатот од вашиот предлог, без разлика каков ќе биде тој резултат. Младите се моќни повеќе одколку што мислат. Иницијативава може да го докаже тоа, на некој начин.
 
Абе многу добра и хумана идеја.. Ама незнам кој пиша за децата во 11 Октомври и е скроз у право.. Јас сум од Капиштец и пред некое време баш праевме некој форум театар за децата од 11 Октомври.. Ама стварно повеќето од нив се со мобилни од 5000+ и не се толку бедни.. Имаат браќа, сестри па некои и родители само што не живеат со нив и не им е потребна материјална помош.. Повеќе можеш да ги израдуваш тие деца со некоја духовна мотивација.. Некој вид на журче, баш што праевме муабет коа бев таму караоке и такви ствари.. Топ деца и сакаат да се дружат и се.. Ама немаат потреба од овие работи стварно.. Имаат и пари за искачање повеќето и телефони и све баш..
А и општо што ги глеам низ маало знам онака дека стојат добро финансински бар..
 
Абе сум те читал, знаев дека си будала, ама ти си бил комплетен будала, да ми ти кажам. Исто така, да не не ти чинит ако мајка ти напрајла боранија за ручек? Шо памет ќе имавте бе? Родител, ало...па дури и ако те масират, ти стварат нервози, ти досаѓа во соба или шо и да е...Ти обезбедил услови бе дете! Кој ти го купил првиот компјутер, за да поднаучиш то шо си поднаучил сеа, кој ти уклучил и кој ти го плаќат нетов бе дете! И ти, со цел памет, од истиот тој нет платен од нив, на истиот компјутер купен од нив, ти ги газиш на толку прост начин? Помисли се бе...дете!

И мене ме нервирале мојте, и ме нервираат сеуште. Афектно, може и да искоментирам нешто, сигурно не би рекол дека ми досаѓаат. Ги имаме, и не размислуваме. Пред некое време ми се десе ова, па со полно право ќе го искоментирам - не знајме шо имаме додека не го изгубиме. Затоа, немојте со вакви коментари.

Он-топик (пошто пак забегав):
Се јавувате на телефон, официјални и крајно сериозни. Кажувате дека сте младинска организација, и не го одговарате (доколку сметате дека не треба, нели) прашањето - која е таа младинска организација. Имате понуда, им ја кажувате, и им потенцирате дека позади вас стои медиум, и дека ќе биде објавен резултатот од вашиот предлог, без разлика каков ќе биде тој резултат. Младите се моќни повеќе одколку што мислат. Иницијативава може да го докаже тоа, на некој начин.

Сам се нервираш, јас само правам што јас сакам :) и мислам што јас сакам :)
 
Ако постои ваков проблем со комуникација со луѓето од домот "11 Октомври", тогаш можеме да се пренасочиме кон деца од Дневен центар за деца на улица. Тука се сместени деца главно на социјални случаи и мислам дека вработените би биле поотворени за соработка. Ако одговара можам да прашам каде се лоцирани овие центри.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom