rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
После првата акција Ден на дрвото која што беше пред 7 месеци на 12ти март следува и втората акција ден на дрвото која првично беше закажана за 29ти октомври, но поради временските услови е презакажана за 19ти ноември.
Акцијата беше одложена поради тоа што иницијативниот одбор на „Денот на дрвото - Засади ја својата иднина!“ тогаш информира дека за пошумувањето да биде успешно потребна е одредена влажност на почвата, но поради подолгиот топол период во текот октомври, настанато е исушување на површинскиот дел од почвата. Според експертите за шумарство, широколисните видови, багрем, јасен, јавор, даб, се уште не ги отфрлиле листовите и физиолошки не се подготвени за садење и затоа е неопходно одложување на акцијата.
Но сега временските услови се одлични за посадување на дрва.
Со оваа акција е предвидено да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија. Акцијата ќе ја следат претставници од министерствата за земјоделство на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и Турција, кои од неодамна се приклучија кон проектот „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!“.
Бубо Каров и маестро Борис Трајанов, членови на Иницијативниот одбор за спроведување на акцијата, велат дека на оваа акција повеќе ќе се даде акцент на најмладата популација, односно околку 400 детски институци ќе бидат вклучени во подвигот.
- Целта за вклучување на поголем број деца е за да ги научиме уште од мали како да се грижат за дрвцата. Очекуваме повторно масовно излегување на граѓаните, рече Каров.
Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС информираше дека за успешно реализирање на акцијата сите општини веќе се мобилзирани, општинските координатори се одредени, а договарањето на деталите е пред крај.
Како партнер на акцијата Владата на Република Македонија ќе ја обезбеди целата логистика. Според министерот Спасеноски, целата грижа по посадувањето на дрвцата ќе биде доделена на претпријатието „Македонски шуми“ и Секторот за шуми во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За спроведување на акцијата одвоен е буџет од 90 милиони денари односно еден милион и четиристотини илјади евра.
На 12 март оваа година беше спроведена првата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ во која два милиони садници насадија околу 185 илјади граѓани на Македонија. Според проценките речиси секое второ засадено дрво било успешно.
Но колку што сум информирана овојпат нема да биде неработен ден 19ти ноември.