Бројаници

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Ама нема врска со христијанството.

Па колку работи ние правиме во согласност со христијанството?
Ти целиот свој живот се раководиш со принципите на христијанството?
Ако се правиме во согласност со нашата религија нема ни да постоиме ние ...
Нели христијанството е против сексот!!!
Ова е само пример.

Така да јас си носам бројаница со крстче за мое задоволство и ќе продолжам да носам!
 
Христијанството е против блудот!

има цела тема за дали е сексот грев...
не викам дека е и дека не е но има најразлични мислења исто како што има и за бројаниците
кој сака ќе си ги носи, кој не сака не ни мора
 
Ама нема врска со христијанството.
абе ич немаат врска со христијанството
зошто тогаш се продаваат во црква и ги носат смао христијаните, зошто помагаат при молитва?

и јас како сестра ми ги носам зошто така поубаво се чуствувам и знам која е нивната улога
носам повеќе од 5-6 години и ако не ги носам некако глупо ми е
а и убаво изгледаат и не гледам причина зошто се некои против носењето

некои носат ланчиња со крст а некои бројаници..исто значење имаат:toe:
 
абе ич немаат врска со христијанството
зошто тогаш се продаваат во црква и ги носат смао христијаните, зошто помагаат при молитва?

Зашто ви прават финти поповите преку тоа светите отци.

Ако е христијанска работа бројаницата самиот Христос ке кажеше дА СЕ УПОТРЕБУВААТ при молитва.
 
Многу често можеме да видиме во последно време како христијаните носат бројаници на своите раце.

Но која е причината што ги носат? Дали верниците го знаат нивното значење? Или едноставно тренд е да се носи, многу лица низ градот и државата носат бројаници па ај и ние.

Дали вие носите бројаници и од која причина? Ако имате бројаница дали ви е купена таа од црква и знаете што означува таа? Дали ви е подарена? (зашто сум слушала гласини дека некој треба да ти ја подари, а не сам да си ја купиш бројаницата)
Или пак зашто не носите бројаница и не сакате да носите?


А еве што означуваат всушност бројаниците:

Најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец (суитаж). Црната боја ја носи симболиката на покајанието. Но, денес бројаниците можат да се сретнат во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1000 јазли.
Преданието говори дека некаде околу четвртиот век по Христа, на еден монах од пустината ангел Господов му ја открил вештината на плетењето бројаници, откако тој усрдно се молел. Имено демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Тогаш ангелот го научил да прави сложени топчиња на бројаницата, така што секое топче е составено од седум крстовидни внатрешни мали јазли, кои демонот не можел повеќе да ги разврзе.

Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)!

На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.





brojanica.gif
Дали бројаницата може да ја замени Христовата жртва која беше направена на Голготскиот Крст???
Дали тоа не беше доволно ако Исус живее во нас нема кој да ни пречи. Дали знаеш дека Демоните трепереа пред Исус али ако тој живее во нас....
 
Имено најновите археолошки истражувања покажаа дека историјата на бројаниците датира од пред некој 800 000 години . Всушност тоа биле и првите моменти кога човекот почнал да се занимава со земјоделство и сточартво па бројаниците се наметнале како неопходна потреба како би можел човекот да си ја преброи живината . Како што поминувале стотоци илјади години и светот технички технолошки се равивал во сите правци така им дошол редот и на бројаниците да бидат модернизирани . На оваа неблагодарна работа се нафатиле античките Грци па ги направиле постатични , пофунционални , наредиле и повеќе бројаници како би можело да се извршуваат и посложени математички операции , им дале поубав визуелно естетски облик и ги нарекле ....сметалка .

Но со појавата и ширењето на христијанската идеологија низ римската империја , како и масовното користење на сметалките од страна на интелектуалците кој почнале да поставуват се понезгодни прашања , загрозени се почуствувале и државата и религиите .Па после 300-годишната ликвидација на се што било интелигентно , на целтата литература од природни и општествени науки така морало да биде уништено и ѓаволското дело сметалка .
Повторно се наметнала потребата од враќање на бројаниците од причина што морало да се пребројат овците за стрижење , и да се планира дали текстилната индустрија може да исплете толку џемпери .


Денес со повторната појава на бројаниците кој клетите комунисти ги забраниле , некој неупатени , неверници а богами и зли језици помислуваат дека се работи за некакви гаџети модни додтоци , па дури се оди во крајности дека тоа ми ти било уште еден религиозен драпешник и суеверие (пу-пу скраја да е ) .Уствари реално ..станува збор дека религиозните веруваат дека бројаниците се вистински пандан на компјутерите .
 
Доста со нелогични приказни(измислувања)!
 
Осветувањето на бројаниците е само еден начин на православните цркви т.е. црковни тезги, да ја сузбијат конкyренцијата од другите тезги кои не се дел од нејзината црква. Демек "не купувајте од другите бројаници, тие не се осветени, туку купувајте од нашите, тие се "осветени"... давајте ни ги нам парите, а не на нив" :)
Истиот случај е и со свеќите, и со иконите, и со сите други бизнис-артикли на православието.
Можеби малце банализираш работи али сваќам што е поентата. Само да ти кажам дека тоа е еден од изворите на финансирање на Црквата и сето тоа што Црквата го корити пак на овој или оној начин ти се враќа и на тебе самиот. Се надевам дека тебе ти е битно што ќе добиеш за возврат. Уз пат - како би ти се вратило да купиш свеќа или икона на улица? Мое мислење е дека постојат злоупотреби на ова меѓутоа не како основна идеја туку како нусефект и како резултат на слабоста на луѓето...

Петре, разбери дека не ти треба никакви предмети да ти помогнат за да не си расеан додека се молиш.

Светиот Дух те води во молитвата, а не бројаниците.
Се согласувам - не се потребни, али се многу корисни!!! Освен тоа, ја на пример, не сум капацитет за да си е задржам концентрацијата секогаш на потребно ниво. А и друго како би знаеле тие што се молат колку пати ја кажале Господовата молитва да не беа бројаниците?! Мислам секој би се забројал кога-тогаш? Си пробал ли да е кажуваш Господовата молитва активно во одредени делови од денот и по одреден број повторувања? Втората реченица исто така е во согласност со моето мислење.

јас носев 4 бројаници ама ми кажаа дека повеке од една демек не било убаво да се носи па ги извадив останатите, и сега носам само 1 .дали е точно ова или нема врска колку се носат???
Па сега... Види ако ги користиш доволна ти е и една а ако не ги користиш сите 4 ти се вишок. Во секој случај мислам дека е прикладно и следно споредување - да ли би носела 4 часовника на рака? Вероватно не - и еден е доволен да послужи за сврхата т.е. за да покаже точно време.

Христијанството е против блудот!
Точно!!! Некои тоа го мешаат со имање односи а тоа не е исто поготово кога е во сврха за размножување!! Али веќе има таква тема.

Бројаниците се шарлатанство!
АПСОЛУТНО НЕТОЧНО! Можеби е шарлатански од наша страна што ги носиме и не користиме за она за кое се наменети али самите не настанале као плод игра или за играње при што може да се заработи.

Бројаниците служат за молитва, а сега што некој нејзиното значење го изменуваат тоа е друга работа!
Е ова е права реченица! ПОТПИС!!!
 
Само да ти кажам дека тоа е еден од изворите на финансирање на Црквата

Конечно дочекавме и некој да признае дека бројаниците се еден од изворите на финансирање т.е. еден артикл од големиот бизнис на православието, како и свеќите, иконите, светите водички и ред други амајлии и фетиши.
 
Не носим од проста причина дека мрзим нешо да носим на мене ланчиња или нешо на руке :nesum: инаку ич не сум против носење на бројанице баш тоа е христијански и ги означуваат годините на Исус и кој ни е тешко или се молиме треба да броиме на бројаницата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom