Бројаници

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.
Бројаниците се прават со рзличен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.
КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА
Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Христова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат.
Како треба да ја започнеме нашата молитва? Собирајќи ги тие мисли од лутање, со левата рака ја држиме бројаницата а со палецот и показалецот ја одбројуваме секоја кажана молитва со по еден јазол.
Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ
 
Сите овие работи што ги пишувате, например за матерјалот од кои се изработени бројаниците ,бројот на јазлите,бојата на јазлите и други глупости.Не се спомнати воопшто во Библијата во врска со молитвата.

и сè што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.

Матеј 21-22

Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!

Филипјани 4-6
 
Бре бре бре. Па не е спомнато ни дека треба да се оддржуваат баптистички курсеви по веронаука, а сепак вие тоа го правите.:nesvest:
 
Maranata, коментарите ти се разочарувачки.
Секогаш надвор од темата.
 
Maranata, коментарите ти се разочарувачки.
Секогаш надвор од темата.

Воопшто не се надвор од темата, туку не е за некој кој не знае да толкува. Ти една мооја нискоинтелегентна реченица не можеш да ми ја протолкуваш, а се фалиш дека никој не треба да ти ја толкува Библијата. Апсурд.

Еве да ти изџвакам - броениците се помошен реквизит за да се стекне непрестајната молитва и Господ не ги забранил. Тој не рекол молете се станати, седнати, вака или така, туку рекол - молете се. Па битната работа е да се молиме, а во тоа бројаницата и те како помага. Со помош на бројаницата има Свети Старци кои ја стекнале непрестајната молитва на срцето, кои го исполниле баш она што Господ го заповедал - бидете будни, тропајте и ќе најдете, или со еден збор, апостол Павле го вели Молете се постојано!

Ако ти ги порекнуваш бројаниците само затоа што не се запишани како такви во Библијата, кажи ми каде пишува дека треба да се организираат курсеви по веронаука?:toe:
 
Постојано прашуваш а на ништо незнаеш да одговориш!

Прати сега: 1 Солунјани: 5:14 Ве молиме уште, браќа, поучувајте ги неуредните,(СЕ МИСЛИ НА КУРСЕВИ ПО ВЕРОНАУКА ВО БАПТИСТИЧКИ ЦРКВИ) охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите.:olee:
 
Хахахаха, курсеви по веронаука??? хехехехе, ајде сега по твоја шема да одиме

Господ Исус е Бог = Мајка Му е Богородица:smir:
 
Хахахаха, курсеви по веронаука??? хехехехе, ајде сега по твоја шема да одиме

Господ Исус е Бог = Мајка Му е Богородица:smir:

Абе да одике само каде ке завршиме.

Со соговорници како тебе, веројатно на подфорум шегобијна религија.
 
Абе да одике само каде ке завршиме.

Со соговорници како тебе, веројатно на подфорум шегобијна религија.

Или тебе не ти одговара кога самиот се фаќаш во замки дека си толкуваш како ќе ти текне:helou:
 
Абе да одике само каде ке завршиме.

Со соговорници како тебе, веројатно на подфорум шегобијна религија.

Па не може сериозно да ги сфатиме баптистите - мора со шеги. До сега бевте изворни христијани, сега отворено се кажувате баптисти (откако ви ги изнесовме доказите). Налик сте на Џон Смит, вашиот отец, кој катадневно си менувал вери и ставови. За подетално, читај тука.
 
Или тебе не ти одговара кога самиот се фаќаш во замки дека си толкуваш како ќе ти текне:helou:

Маран Ата, учениците не може да бидат повеќе од своите учители. Ако Џон Смит си толкуваше како му одговара, и тие ќе си толкуваат.

Маран Ата, учениците не може да бидат повеќе од своите учители. Ако Џон Смит си толкуваше како му одговара, и тие ќе си толкуваат.

А баш ме интересира како се крштеваат. Интересен дел беше оној твојот каде се вели дека се триеле со водичка по телото, и не се баш по потпопувањето како што тоа го правел свЈован Крстител.

А изворен, како се крштевате?
 
А бе сега може и со потопување да се. Првиот баптист со потопување се крстил во 1641 чинам. На темата за изворните христијани ќе пишам. Како после учениците на Смита го негирале самокрштението на Смит, како сакале да има робовладетелско општество, ќе стигнеме дури и до Скопје. Се со време и со ред. :smir:
 
Едвај чекам. А се надеваам ќе има нешто и за тоа како тие ја практикуваат(ле) молитвата - дали седеле, лежеле, пееле кога се молеле...:smir:
 
А изворен, како се крштевате?

Тоа е наша Света тајна.

п.с. немајки Библиски докази за бројаниците ке ме прашате и за некој резултат од фудбалски натпревар само да ја избегнете темата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom