Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Погрешна замисла многу!

Сум живеел странство и знам точно како е животот. Штета што неможев да останам повеќе! За што во БТ да бидам? За мочаното макијато за 40 денари што е 1/300 од мојата плата и тоа во „ефтин“ кафич?

Да ги глеам шмизлите што не знаат да гукнат кога се со машко, а се прават дека ги вртат на малото прсте? За што? За кинеските веспи ? За проститлокот што секој го пика носот кај што не треба. За колнењето во Никоуа Гуевски и плукањето по Бранко, за гледањето во женските газови кои растат како збуфнат квасец секој ден? За Пелистер што има забрана на движење 3 месеци во летото? За да седам на „Фонтана“ навечер оти не ми се оди Расчекор?
За да седам во градот во кој НЕМА РАБОТА и во кој ако не беше РЕК ќе испоумреа сите од глад?! Не фала! И Скопје живеев и сто пати подобро сум живеел и покрај тоа што сум седел под кирија. За денгубење немам нерви ни време. ОВде на тоа си приморан!

Се разбира дека ако седиш цело време во Битола е досадно вкрај тапа и се ти е скурчено и слично. Ама многу поубо е вака после некое време два месеци пример одиш на една недела ви Битолата , така колку за кеф . :) не за друго
 
Погрешна замисла многу!

Сум живеел странство и знам точно како е животот. Штета што неможев да останам повеќе! За што во БТ да бидам? За мочаното макијато за 40 денари што е 1/300 од мојата плата и тоа во „ефтин“ кафич?

Да ги глеам шмизлите што не знаат да гукнат кога се со машко, а се прават дека ги вртат на малото прсте? За што? За кинеските веспи ? За проститлокот што секој го пика носот кај што не треба. За колнењето во Никоуа Гуевски и плукањето по Бранко, за гледањето во женските газови кои растат како збуфнат квасец секој ден? За Пелистер што има забрана на движење 3 месеци во летото? За да седам на „Фонтана“ навечер оти не ми се оди Расчекор?
За да седам во градот во кој НЕМА РАБОТА и во кој ако не беше РЕК ќе испоумреа сите од глад?! Не фала! И Скопје живеев и сто пати подобро сум живеел и покрај тоа што сум седел под кирија. За денгубење немам нерви ни време. ОВде на тоа си приморан!

Јас имам спротивно мислење на твоето...
Има шмизли - точно, има мандаци со веспи - точно, има трачари - точно..
Ама јас вака гледам.
Седнувам на кафе, во евтин кафич. Порачвам кафе, 60 денари.
Поминва една шмизла, ќе се сопни од превисоките штикли и ќе го добие саканото внимание само во спротивен ефект. Се смеам.
Паркира некое бате веспа кај Паско фурната, ама не знај да ја стави на потпиралки.. пак се смеам.
Не ми се оди Расчекор, купваме со тие пари нешто за грицкање, одиме дома кај некој или кај мене, се смееме, се дружиме уживаме.
Одам Расчекор, Инфинити или Позитив ко ќе ми сака душичето, никој не ме приморва и никој не ми пиши минус.
Имав 16 години ко ми се смачи од седење дома цело лето, побарав работа, одма најдов - во кладилница 8000 плата.
Другарка ми работи 3 години во сендвичара и не можам да кажам колку пари зема оти никој нема да ме верва.
Обожавам кога ќе видам некое чупе или дете средено по пат за факултет.
Значи си станват од сабајле за да си се средат... си мислат на себе, на својот изглед и во индексот имаѕ 8 и 9... то кажва дека се организирани..
Не е само РЕК... мајка ми е новинар, тетка ми работи во осигурителна компанија, сна ми работи во Т- mobile, комшивката работи во болница, родителите на другарките се професори на факултет.
Исто и комшите што живеат под мене работат како професори во средно.
Татко му на дечкото работи во компанија за камиони...
Имам другар татко му работи во РЕК, мајка му во млекарата...
И ко ќе видиш не е толку лошо
 
Погрешна замисла многу!

Напротив! Замислата и` е сосема на место! :)

Сум живеел странство и знам точно како е животот. Штета што неможев да останам повеќе! За што во БТ да бидам? За мочаното макијато за 40 денари што е 1/300 од мојата плата и тоа во „ефтин“ кафич?

Седи на ВПШ, купи сончоглед oд кај Али или од Загрос и не троши помочани 40 денари.

Да ги глеам шмизлите што не знаат да гукнат кога се со машко, а се прават дека ги вртат на малото прсте? За што? За кинеските веспи ? За проститлокот што секој го пика носот кај што не треба. За колнењето во Никоуа Гуевски и плукањето по Бранко, за гледањето во женските газови кои растат како збуфнат квасец секој ден? За Пелистер што има забрана на движење 3 месеци во летото? За да седам на „Фонтана“ навечер оти не ми се оди Расчекор?
За да седам во градот во кој НЕМА РАБОТА и во кој ако не беше РЕК ќе испоумреа сите од глад?! Не фала! И Скопје живеев и сто пати подобро сум живеел и покрај тоа што сум седел под кирија. За денгубење немам нерви ни време. ОВде на тоа си приморан!

Да ги гледаш пресмешните пуфли, и да им се изгазиш во смеење оти си мислат дека се најубај во цел град, а то врска нема, и како шо кажа Јована,

Поминва една шмизла, ќе се сопни од превисоките штикли и ќе го добие саканото внимание само во спротивен ефект.

Да одиш во горниот парк, да ги слушаш и да седиш со пензионерите кој играт трица со картонче и камчиња и го коментираат вчерашниот митинг на ВМРО, па да ги разделваш бидејќи едниот е Комуњарче, а другиот е Вмровец до сржта.. :)

Да се потрудиш да тргниш од Довлеџик, преку Нижополе и пешки да одиш до на Езера. :)

Да одиш Расчекор и да гледаш в крај убо средени чупчиња, да ти зајдат очите, да ти скока срценцето и пак да си одиш дома со празни рачиња.
Ама после другиот ден одиш на Фонтана и си фаќаш некоја хипи цура :)

И последно.
Да најдиш работа во некој кафич кај шо ќе се здружиш со персоналот и ќе станиш добар другар со нив, иако платата нема да биди нешто посебно, ама зато срцето ќе ти биди полно. :smir:

За ова сум дефинитивно.

Ја обожавам Битола, постот на Фликс и постот на Јована.
 
ја обожавам Битола:pipi:

дефинитивно е еден од најубавите градови во Македонија
градбата, чистите улици и шетањето по широк сокак ах:wub:

ептен сакам пак да идам ама тешко:nesum:
 
ја обожавам Битола:pipi:

дефинитивно е еден од најубавите градови во Македонија
градбата, чистите улици и шетањето по широк сокак ах:wub:

ептен сакам пак да идам ама тешко:nesum:

За ова можи не толку, ама за другото си во право :)

Барам чоек за на едно кајганџиско кафе четврток, евентуално петок :vozbud:
 

Bash toa tipot ne go saka...

I ima pravo...

:)

Да одиш Расчекор и да гледаш в крај убо средени чупчиња, да ти зајдат очите, да ти скока срценцето и пак да си одиш дома со празни рачиња.

A na ova tipot bi ti odgovoril:

Да ги глеам шмизлите што не знаат да гукнат кога се со машко, а се прават дека ги вртат на малото прсте?
Kolku e samo transparenten...

Blogerџija, shefe... So Bitolcani zboruvash, simplificiraj po malku... :)

P.S.
градбата, чистите улици и шетањето по широк сокак ах:wub:
Da ne si go sanjala London?:)
 
Пикасо дај не забавај.Јас последен пат бев БТ пред 2 години и стварно улиците беа чисти.:toe::helou:
 
Betmen ni e simbol na gradot...

Sega so tehnoloshkite promeni, evolutivnite stapki... Se vrazumi GRADO-NACALNIKOT i koristi SMS poraki...
 
Ај можи ќе го врати сега пак зимава.
Да си попрајме мајтапи, да се пофилмаме. :pos2::pos2::pos2:
 
Фаца беше цело лето, го грдеше малце саатот ама ај...замина и Бетмен:) можи ќе се појави некој нов суперхерој оваа зима :pos:
 
Почист град во Македонија немам видено.
Сега малце крвари по некоја артерија пошо менуваат водовод ама и тоа ќе пројде па ќе се врати стариот сјај. Немам лоши зборови кога станува збор за хигиената во градот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom