Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Фала, а во колку часот ќе скокаат утре ? :smir:

Друже сега почнуваат четирите скокалници, така што следното натпреварување ќе се одржи на 29.12 (вторник) во Оберсдорф. Според распоредот тоа ќе биде ноќен натпревар. А во колку точно ќе скокаат ќе те информирам ден пред натпреварот (не дека е местенка, туку дека не знам ни јас :)).
 
Океј, кажи ми ги право и термините кај мене овие гомнарите ми ја скинаа ЕуроСпорт.:nerv:
 
Океј, кажи ми ги право и термините кај мене овие гомнарите ми ја скинаа ЕуроСпорт.:nerv:

29.12. Tuesday (вторник) Oberstdorf
01.01. Friday (петок) Garm.-Partenkirchen
03.01. Sunday (недела) Innsbruck
06.01. Wednesday (среда) Bischofshofen

А еве ти го и распоредот за цела сезона!!! Клик
 
Денес е првиот натпревар од турнејата четири скокалници. Почнува во 16.30 и ќе има пренос на Наша ТВ. Според мене прв фаворит е Грегор Шливензауер кој ќе има силна конкуренција во Симон Аман.
Инаку на Евроспорт предмалку ги даваа победите на Јане Ахонен на четирите скокалници. Јане Ахонен ги има освоено дури 5 пати. Најинтересно беше кога првото место го поделија со Јакуп Јанда (кој таа година го освои светскиот куп). Тоа е единствен случај досега во историјата на четирите скокалници двајца натпреварувачи да го поделат првото место бидејќи освоиле ист број на поени.
 
Ахонен се враќа во форма, баш ми е мило, денеска заврши втор.:)
 
Koj беше прв?:pehar:
Победи Андреас Кофлер, додека трет беше Томас Моргенштен. Инаку јас не сум фан на Ахонен, но баш ми е мило што оствари одличен резултат и заврши како втор. Тој е заштитен знак на оваа турнеја и сигурно размислува за 6 победа.
 
Јане Ахонен... легенда, се враќа од ''мртвите''... а Адам Малиш бе??? се изгуби начисто... пред 2-3 години го освои првенствово/купот и оттогаш,ни траг ни глас...
 
Јане Ахонен... легенда, се враќа од ''мртвите''... а Адам Малиш бе??? се изгуби начисто... пред 2-3 години го освои првенствово/купот и оттогаш,ни траг ни глас...

Па не би рекол дека е така. Адам Малиш е од поодамна појавен само што последните успеси ги оствари во 2007. Тој е еден од најуспешните ски скокачи во историјата. Има 38 победи и едиствено Мати Никанен има повеќе од него (46). Исто така Малиш го има освоено Светскиот Куп 4 пати (притоа три пати по ред од 2000 до 2003), победи на Четирите скокалници во 2001/2002 а има и две медали на Зимските олимписки игри.
Сезонава има едно трето место, така што иако последниве 2 години нема некој поголем успех, со оглед на годините (32) сеуште не се дава:).
 
Кога ќе има ски скокови на телевизија(алфа)?
Сакам да гледам
 
Како стојат резултати пред последната скокалница?
 
Обожавам да гледам ски скокови и уметничко лизгање.
П.с. да не знае некој на која тв ќе има уметничко лизгање и кога. ?!
Благодарам однапред. :pipi:
 
Како стојат резултати пред последната скокалница?

И понатаму во водство е Андреас Кофлер кој има 772 поени, 14 повеќе од Грегор Шливензауер кој има 758. Трет е Волфган Лојцл со 751, па Јане Ахонен со 750 и Симон Аман со 747. Тука се затвора кругот на можни победници. Сепак предноста која ја има Кофлер мислам дека може да биде загрозена единствено од Шливензауер. Кофлер е доста стандарден и после победата на првата скокалница беше 4-ти на наредните две скокалници. Дури и победа на Шливензауер во Бишофсхофен не му го гарантира првото место ако Кофлер собере доволно поени, што би било жалосно.
Како и да е ќе биде многу интересно па затоа не пропуштајте. Натпреварот почнува утре во 16.15. На Евроспорт ќе го има сигурно, за Наша ТВ не знам, бидејќи не ги пренесуваа скоковите во Инсбрук.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom