Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
И понатаму во водство е Андреас Кофлер кој има 772 поени, 14 повеќе од Грегор Шливензауер кој има 758. Трет е Волфган Лојцл со 751, па Јане Ахонен со 750 и Симон Аман со 747. Тука се затвора кругот на можни победници. Сепак предноста која ја има Кофлер мислам дека може да биде загрозена единствено од Шливензауер. Кофлер е доста стандарден и после победата на првата скокалница беше 4-ти на наредните две скокалници. Дури и победа на Шливензауер во Бишофсхофен не му го гарантира првото место ако Кофлер собере доволно поени, што би било жалосно.
Како и да е ќе биде многу интересно па затоа не пропуштајте. Натпреварот почнува утре во 16.15. На Евроспорт ќе го има сигурно, за Наша ТВ не знам, бидејќи не ги пренесуваа скоковите во Инсбрук.


Океј фала ти многу братко.
 
Да не знае освен на ЕвроСпорт на кој друг канал ги даваат Зимските Спортови?
 
Викендов во Kuusamo започнува новата сезона во ски-скокови. На летната турнеја (Summer GP) победи Даики Ито, пред Камил Стох и Адам Малиш.
Се надевам дека ќе следиме интересна сезона. Сите оние кои ги интересира редоследот на натпреварувањата, распоредот за целата сезона може да го видите тука.
 
Според тоа како се одвиваше летната турнеја, што немора да значи многу таа ама сепак малце од малце дава јасна слика за формата на ски скокачите, па така да очекувам неизвесна сезона, не ја исклучувам можноста да изненади некој кој не е во топ 5 фаворитите.
Фаворит ми е Примош Петерка(кој следи ски скокови знае :)) ...на времето беше екстра скокач, ама сеа го јадат годините, така да во ептен лоша форма е .
За преноси нормално тука е Еуроспорт, а се надевам дека некоја наша телевизија ќе ги откупи правата за новогодишната турнеја т.е четирите скокалници кои се доста атрактивни.
 
Во Кусамо, на отварањето на новата сезона од ски скоковите, Австриците во тимскиот натпревер победија пред Норвежаните и Јапонците.
Во индивидуалното натпреварување победи Андреас Кофлер(Кефлер) пред Томас Моргенштен и Симон Аман.
 
Ски скокачите сеуште се во Финска, денеска се одржа натпревар во Куопио.
Домашните натпреварувачи беа одлични, првото место го зазема младиот фински скокач Виле Ларинто, на второ место беше неговиот сонародник Мати Хаутамеки, а на третата позиција е швајцарецот Симон Аман.
Следна дестинација им е Лилехамер(Норвешка) од 3ти до 5ти Декември.
Во генерален пласман води Кофлер со 150 поени, а втор е Ларинто со 140.
 
И уште еднаш разочара Грегор Шлирензауер, овој пат беше 16. Можеби ќе се подобри во Норвешка :icon_lol::icon_lol:
 
04-12-2010 Lillehammer
1. MORGENSTERN Thomas (AUT)
2.EVENSEN Johan Remen (NOR)
3.HILDE Tom (NOR)


Шлирензауер се подобри, денеска беше 14ти :)
 
Браво за Моргенштен, моментално е и лидер во генералниот пласман пред сонародникот Кофлер.
Шлирензауер се подобрил за 2 места од прошлиот пат, утре очекувам да е уште подобар.:)
 
^ Многу фанови имал Шливи :). Лошо ја отвори сезоната и јас лично не очекувам драстични промени во неговата форма во наредните 2-3 натпреварувања. Сепак можеби ќе изненади на новогодинешната турнеја. Инаку јас сум за старата гарда, тоест за Мартин Шмит од кого годинава нема ни трага ни глас (34-ти на саботното натпреварување). Како и да е, Моргенштен е во најдобра форма на почетокот на сезоната што покажа со денешната победа. Доколку успее максимално да ја искористи лошата форма на фаворите може да направи пристојна предност. Кофлер е константен, но не го гледам како сериозен кандидат. Аман и Малиш се далеку посериозна закана од него.
Утре повторно типувам на Моргенштен, останува да видиме дали сум во право :)
 
Скока Малиш уште? Одувек сум бил за него. Најбоље брк држи башка.
 
Мене ѕвер ми беше Свен Ханавалд. Уште си барам во моменталниве скокачи миленик ко него, Моргенштерн сега за сега најблиску ми е :)
 
^ Ханавалд беше мајстор за четирите скокалници. Памтам кога победи на сите четири натпреварувања, при што ако не грешам на едно од нив од сите судии имаше 20-ки. Имаше специфичен начин на прослава на победите :).
Денес на второто натпреварување во Лилехамер повторно најдобар Томас Моргенштен, пред Виле Ларинто и Симон Аман. Малиш заврши 11, Шлирензауер 20, а Шмит ги освои првите поени во светскиот куп оваа сезона откако заврши 23-ти.
Во генералниот пласман води Моргенштен (325 поени), пред Ларинто (252) и Кофлер (250).
 
Мене ѕвер ми беше Свен Ханавалд. Уште си барам во моменталниве скокачи миленик ко него, Моргенштерн сега за сега најблиску ми е :)

Не дека пратам многу ски скокови, али со тебе го делам истото мислење :pipi:
 
Очигледно е дека на почетокот на сезоната во добра форма т.е најдобра е Моргенштерн, а изненадува младиот Виле Ларинто, но тек е почеток на сезоната многу работи може да се сменат, сеуште не покажале квалитет скокачите како Аман, Шлири, Малиш кој беше еден од подобрите на летната турнеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom