Goddess of Chaos
Nixe Nox
Читам и не ми се верува што читам, брее луѓе стварно сте помешале се и сешто. Како бе паганизмот ви е поблиску, па нели Исус кажа која е вистината еден е Бог, не се 10 со различни министерства........туризам, економија, образование?!?!
Смешно е ..............уствари е страшно али ајде.
Па после не требало веронаука...нека прочитаат што пишувате мислам дека инстантно ќе се предомислат.
Што со таа веронаука, бре?
Луѓето се неисполнети, се обидуваат да ја најдат спиритуалноста во самите себе, вмешуваат сопствени прсти во потрагата, а христијанство го фаќа паника?
Навистина би ценеле ако ги задржиме другите опции скриени во подрумот засекогаш, нели?
Ако христијанската вистина е апсолутната вистина, не би требало да има место за страв?
Ако христијанската вистина е апсолутната вистина, зошто не се пуштат овците сами да стасаат до таа патека?
Ако христијанската вистина е апсолутната вистина, самите ќе видат дека сите други патишта водат во бездна и ќе ви се вратат.
Човекот учи исклучиво од сопственото искуство.
Џабе ако му раскажуваш за ужасот од изгорениците ако никогаш не помирисал печено месо на својата кожа.
Некако, ич не ме интересира шо рекол Исус уз кафе со Перо.
Некако, не си наоѓам смисла ни за себе ни за масивниот прекрасен простор околу мене во неговиот муабет.
Најдов други кои ми се поблиски до интуицијата и душата, а за чудо, никогаш не сум била на консултација со Луци.