23 октомври ден на основање на ВМРО

A

anaveno

Гостин
“Југословенството” на комунистите - доблест,“Бугарштината” на вмровците – маана

Оваагодина, запрввоисторијатана Македонија, 23 октомврикакоден наосновањенаВМРО, ќесеслави какодржавенпразник, иако усвојувањето на Законот 3а Собранието помина низ најмалку неколку стотини пречки поставени oд СДСМ и ДУИ.

Зошто наследниците на комунистите толку се противеа на споменувањето на празникот и зошто, впрочем, ова е за првпат 23 октомври слободно и отворено да се слави?

Штo е тоа што е толку спoрно во оснавањето на ВМРО и ва самата Организација? Зошто Даме Груев не е спорен, а Иван Хаџи Николов или Христо Татарчев се безмалку поттурнувани, иако е сосема очигледно дека ако тие имале којзнае какви разлики во ставовите, немало заеднички да ја основаат Организацијата?

Уште во Ресен, растев под туѓо угнетување, постојано под терор, исчекувајќи со трепет да се врати жив некој од нашите кога одеше на пат. Овој терор го правеа особено Албанците. Mајка ми од уплав и поради губење на голем дел од богатството се разболе и почина. Албанците беа дојдени откај Охрид и заминувајќи за Битола беа навлегле во Ресен. Пискотници по поистакнатите куќи.
Сакаа да бидат сместени на конак. Тоа значеше дека на своите коњи ќе кренат се што е вредно од тие куќи, па дури со себеси во Албанија ќе одвлечат и луѓе.

Беа запреле пред нашата куќа. Нивниот главатар, со барјак, беше дојден пред нашата куќа. Дома голем страв, затоа што имавме многу пари. Нашите ја затворија портата, за да има време во соседните куќи да се префрлат парите и другите вредности. Албанците почнаа да ја кршат портата и, најпосле, ја скршија, влегоа и ја најдоа внатре само баба ми, а сите други - мајка ми, стрина ми и др., беа поминале во соседната турска куќа. Co вжештено железо извлекуваа пари, со запалени гламни, со ќотек. Штом ќе влезат, бараат да се јават мажите. Бидејќи немаше други, ја мачеле старата да ги повика мажите.

Соседот Турчин дојде кај нив, ги скротуваше, велејќи им дека мажите од куќата не се во Ресен. Се разбира, им носеа гозби од соседните куќи - пилиња, слатки.

Тоа се случуваше во куќата што сега ја има чичко ми Андреја (татко на Божидар). Бидејќи не се појавил никој од нас, се затворија во куќата, да пребаруваат. Се поскапо, бакарно и др. натоварија на коњи и однесоа. По 24 часа си отидоа и ние се вративме дома.
Мајка ми, штом се враќа, оди право кон сандаците, каде имаше нејзини пари, што заборавила да ги земе во бркотницата, го наоѓа сандакот отворен, си ги скубе косите и со силно испиштување паѓа во несвест. По седум дена паѓа во постела, и во текот на три месеци (кашлање, бодежи, оган) починува.
 
A

anaveno

Гостин
ЛУКАВАТА НАСМЕВКА НА ДАМЕ ГРУЕВ

Колку пари имало што ги зеле Албанците, не можев да дознаам; знам само дека имаше многу петолирки, златни пари и др.
Тоа беше во 1877 година, во време на Руско-турската војна. Овие ужаси ми беа запечатени во умот и срцето', раскажувал д-р Христо Татарчев еден од шесте основачи на ВМРО за годините од втората половина на 19 век, за неговиот Ресен, за тоа како народот трпел двоен терор - од турските власти и од разбојниците - и за тоа како всушност созревала атмосферата за основање на Организацијата и за востанието што се крена три ипол децении по ограбувањето на куќата на Татарчеви.

Колку овој грабеж на албанските разбојници, на кој бил сведок тогаш осумгодишниот Христо, придонел 16 години подоцна, на 23 октомври 1893 година (според стар стил) да биде основана организацијата што денес ја познаваме како ВМРО тешко е да се каже, но ако се земе како слика за тоа време, тогаш рамките на Организацијата веќе биле исцртани. Основачкиот состанок бил прашање на место и време, затоа што опишаниот грабеж не бил исклучок. Тоа било редовна појава и ја одразувало не само слабоста на турската држава, туку и нејзината незаинтересираност за рајата.

Имало случаи кога и самите власти ги поттикнувале грабежите со што дополнително им нанесувале штета на некои лица кои им пречеле, а истовремено, тие не биле директно инволвирани во тоа. Co текот на времето, посебно кон крајот на 19 век, ситуацијата уште повеќе се заострувала, посебно откако населението почнало да ја губи земјата и одново да стекнува феудален статус.

He случајно,при подоцнежното заминување за Бугарија,Татарчев доживеал шок: 'Штом ја минавме границата, во Ќустендил видовме сло6оден живот. Контрастот со ужансниот живот отаде границата, уште повеќе ја замелуши мојата детска душа. Кога стасав во Софија, во паркот свиреше воена музика, луѓето слободно се движеа и ноќе, по гостилниците множество свет и музика. He можев да се изначудам, да поверувам на своите очи, дека е можен и таков слободен живот', сведочел Татарчев.

Наспроти тоа, ситуацијата во Македонија станувала се поочајна: 'Селското население оставаше тежок впечаток со својата беда и физичка немоќ. Притоа, ми падна в очи големото робопоклонство и спрема последниот Турчин. На пример, во Кочанско, селанецот, кога отспротива ќе види Турчин, се запира, се скаменува пред него...', ги опишувал Татарчев своите импресии од обиколката на Македонија во летото 1893 година. Малку потоа, во Солун, следел основачкиот состанок на Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев.

За своите први средби со Даме во тие денови пред основањето на ВМРО и за импресиите од тие средби со единствениот од шесторката која ја основала Организацијата, а кој се слави во Македонија и чие дело е издигнато на пиедестал, Татарчев раскажал: 'Откако се вратив од својата обиколка, не помина многу - некаде во половината на август - во мојот кабинет дојде Дамјан Груев...
Тој беше дојден за лекарска помош - имаше егзем крај левото уво.

Се покажа дека во нашите гледања има многу допирни точки. По една недела Груев, пак под изговор за егземот што веќе заздравуваше, одново дојде. Се заприкажавме за општествените работи. Јас бев покатегоричен, а тој напротив, посебно воздржан; се гледаше дека таи нешто, што се насетуваше од неговите зборови, но немаше смелост да го каже отворено. Треба да забележам дека уште на првата средба со него ми падна в очи особено итра насмевка, со која ме прашуваше дали имам многу работа или не. Воопшто таа негова посебна тактика, итро, лукаво, оддалеку да пристапува кон својата цел, дури и кога немаше потреба од тоа, како во случајот со мене, ми остави дури неубав впечаток, и чиниш доведе до мое заладување спрема него.'

Но, следеле нови средби меѓу двајцата и првите импресии биле потиснати. Или, можеби и останале, но Татарчев веќе не зборува за тоа.
 
A

anaveno

Гостин
Во секој случај, покрај личните искуства на докторот за несносливата положба во Македонија, неговите спомени упатуваат и на една поширока слика за тогашниот живот.

Скаменетиот селанец од Кочанско пред Турчинот со кого се сретнал на патот, можеби е еден од најпластичните описи за тоа зошто неколку години подоцна, притисокот за востание постојано јакнел.
Татарчев не зел учество во него, но и покрај тоа, во неговото 'досие' останува дека бил првиот претседател на ЦК на ВМРО, дека во 1901 година бил уапсен и осуден на пет години затвор по што бил испратен на одлежување на казната во Подрум Кале, во Мала Азија, a дека наредната 1902 година бил амнестиран и заминал за Софија.
Таму станал член на зад-граничното претставништво до 1905 година, но во суштина, тој веќе се повлекол од револуционерното дејствување.
Подоцна емигрирал во Италија, каде и умрел во 1952 година.

ЌЕ ЈА ОСЛОБОДУВАМЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА?

Иван Хаџи Николов (1861, Кукуш - 1934, Софија), книжар од Солун, на 30 август 1893 година се вратил во Софија од Швајцарија.
My било кажано дека е одредено да биде учител во Серес.
Тој го одбил тоа, и заминал за Солун каде на 11 септември ја отворил книжарницата.
Една година пред тоа, во јули 1892-та имал средба со Гоце Делчев, на која било договорено создавање на организација внатре во Македонија која ќе се бори за нејзина автономија.

Тогаш, Гоце, кој имал само 20 години, му рекол на Хаџи Николов:
'Слушај г. Николов, помина толку време, нека помине уште една година.
За толку јас го завршувам военото училиште и немам намера да останам како офицер во бугарската армија.
Ќе се вратам во Македонија.
Тогаш ќе дојдам во Солун, ќе зборуваме за тоа прашање, и ако има услови ќе ја основаме Организацијата.'
Една година подоцна, Хаџи Николов бил во Солун, но од Гоце немало абер.
'Помина септември, а Гоце уште го немаше.
На 21 октомври 1893 година, рашетувајќи се крај морето, ме сретнаа Андон Димитров и Дамјан Груев.
Me запреа и меѓу нас започна следниот разговор:
- А, бе Хаџи, што мислиш ти за ослободувањето на Македонија? - ме запраша Димитров.
- За тоа прашање размислувам уште пред 15 години.
Додека во Македонија не дојде до втор Батак (востание во Бугарија од април 1876 г. против Турците, н.з.) Македонија нема да се ослободи.
А, да дојде до востание, треба да се основа револуционерна организација.
- Па, ајде тогаш ние тројцата да основаме таква организација.
- Ние сме малку. Треба да влезат и поавторитетни луѓе.
- Па, на кои сметаш?
- На пример, Д. Кондов, К. Самарџиев и други...
- Витосај ги ти нив - ми одврати Даме Груев.
- Тие не се за такви работи.
Тие знаат да се плеткаат само во такви работи, каде се касата на Егзархијата и други дотации.
- Кои други ги имаш предвид? -рече Димитров.
- Имам предвид, ама не знам дали ќе се согласат да влезат во Организацијата.
На пример, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, и Христо Батанџиев.
- Па, убаво, тие тројцата и ние тро-јцата веќе стануваме шестмина, да размениме мислења заедно.
- Добро, одговорив јас и определив место и време за заедничка средба на нас шестмината.

Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Батанџиев', раскажувал Хаџи Николов.[FONT=&quot][/FONT]
 
A

anaveno

Гостин
Овој дијалог содржан во спомените на Хаџи Николов, ја разоткрива евентуалната мистификација околу настаните пред 114 години.

Македонската легенда, заради која се лежеше во затвор и по остварување на државноста во 1944 година, ја основале интелектуалци, но во суштина секојдневни, обични луѓе, водејќи дијалог кој е далеку од нашата претстава за вакви сцени, изградена преку филмовите и филмските серии за партизанското време.

Нивната цел била основање организација која ќе настојува да се издејствува автономија на Македонија, односно примена на Берлинскиот договор така како што тие го толкувале. За Уставот бил задолжен Петар Поп Арсов, и тој бил донесен наредната година врз основа на статутот на Бугарскиот револуционерен комитет, запишан во 'Записите' на Захариј Стојанов. Според расположивите документи, Организацијата првично била именувана како 'Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети' (ТМОРО станува во 1896 година на Конгресот во Солун, а името ВМРО го добива дури во 1905 година) и, тука, веројатно доаѓа до првиот конфликт на ВМРО со македонската историја граден по 1945 година.

Оттука, впрочем, започнува и тезата за бугарскиот карактер на ВМРО. Д-р Христо Татарчев, за првичниот однос кон Бугарија, вели:
'He можевме да го прифатиме ставот за директно присоединување на Македонија кон Бугарија затоа што увидувавме дека тоа ќе се сретне со големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција.
Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем 6и можела полесно да се обедини со Бугарија, а ако во краен случај, не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи.
Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма и мислам дека подоцна беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија'.

Ова е тоа што ја стави ВМРО на црната листа на македонските владетели од 1945 па се до 2006 година. Но, проблемот се чини не е во бугарштината на ВМРО, туку, како што вели еден наш фолклорист и историчар, 'во обидот со денешни очи да се гледа времето од крајот на 19 век'. Тоа едноставно, не оди.

Заменете ја Бугарија со Југославија во било која реченица изговорена од некој од водачите на ВМРО или заменете го бугарското изјаснување со југословенско и ќе добиете ставови кои пет децении по 1945 година, па дури и денес, за никого не беа, ниту се спорни. А наспроти тоа, ако некој член на ВМРО од тоа време му ги вртел страниците за потпишување на бугарскиот цар Фердинанд, како што тоа го правеше Киро Глигоров за Јосип Броз Тито во Собранието на СФРЈ, сигурно е дека за него би немало место во денешната македонска историја.

Како што и Татарчев, Хаџи Николов и другите основачи, освен Даме Груев кој поради Илинден морал да биде извлечен од таа матрица на претставување на ВМРО како бугарско, немаа место до неодамна. А, богами и денес, без оглед на тоа што со признавањето на 23 октомври како државен празник, барем еден чекор е направен.

Како и да е, ВМРО била формирана, една година подоцна се приклучил и Гоце Делчев, по што идејата за автономија добива поголема сила, потоа следеле Ѓорче Петров, Христо Матов и другите, по што Организацијата успеала да изгради еден импресивен паралелен систем, безмалку државен, кој функционирал до 1903 година и врвот во нејзиното дејствување, Илинден.
 
A

anaveno

Гостин
Антон ДИМИТРОВ, член на легендарната шесторка и член на првиот ЦК на ВМРО,е можеби најмалку познатото име меѓу основачите на ВМРО затоа што бргу сe повлекол. Роден е во село Ајватово, Солунско, во јануари 1867 година. Завршил гимназија во Солун, а право
студирал во Цариград и Лиеж, Белгија (1901г), каде стекнал докторска титула. Умрел во Софија на 13 март 1931 година.

Петар Поп АРСОВ, роден на| 13 август 1868 година во Богомила. Во 1892 година завршил славјанска филологија и литература. Автор е на првиот Устав на Организацијата, што и него го брише од македонскатај историја како пробугарски настроен. Во 1897 година е уапсен и осуден на 101 години затвор. Амнестиран е во 1902 година. Во 1905 година на Рислкиот конгерс е избран за член на задгранично претставништво на ВМРО, но всушност по излегувањето од затворот во Подрум Кале, тој се повлекол. Умрел 1941 година.

Христо БАТАНЏИЕВ е човекот во чија куќа во Солун е основано ВМРО. Роден е во Гуменџа, Ениџевардарско, a датумот не е познат. Бил учител во бугарската гимназија во Солун до 1911 година, a потоа секретар во бугарската митрополија. Убиен е на 181
јуни 1913 година од страна на Грците во текот на Втората балканска војна, така што е фрлен од брод во морето. Тој е еден од доказите за тоа на кој начин всушност е градена денешната грчка теза за тоа дека Македонија отсекогаш била грчка.

Даме ГРУЕВ, роден 1871 г. во Смилево, загинал 1906 г. кај с. Русиново. Учител, член на ЦК на ВМРО, прв секретар и благајник на Организацијата, водач на Илинденското востание во битолскиот крај.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Odlicno na nekoj mu tekna jas se mislev dali da otvoram vakov topik..Mnogu slozena i diskutabilna tema e ovaa..
Odlicno i sto konecno se pocnuva da se zbori za siptarskite zlostorstva za vreme na ovoj period zaedno so turcite najgolemo zlo ni pravele..
Sepak iako mozebi so dvoen arsin MRO sepak uspeala da stane stabilna organizacija, iako mnogu clenovi megu koi i nejzinite osnovaci ostanuvaat diskutabilni
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Државен празник основање на ВМРО? Сакам да има и за основање на СДСМ, ЛДП, ДУИ, ПДП, ДОМ, Ден на Независен Пратеник, Ден на Игор Ивановски Шема и така.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Abe za osnovanje na VMRO kako organizacija, a ne kako partija..Sramota da nejkete da gi slavite tie na koi im ja dolzite slobodata
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Abe za osnovanje na VMRO kako organizacija, a ne kako partija..Sramota da nejkete da gi slavite tie na koi im ja dolzite slobodata
А зошто не е државен празник Титовото раѓање? И тој направи многу за Македонија. Не колку востаниците од 1903, ама направи многу.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Да сакал да оди на одмор на наше море четриеснекоја, наместо на шунка во Срем, ќе го славевме.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Фантом не се прави со сила будала, Тито нее македонец, Основачите на ВМРО се.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
А зошто не е државен празник Титовото раѓање? И тој направи многу за Македонија. Не колку востаниците од 1903, ама направи многу.
A zasto go nema imeto na Karev vo himnata?
Abe Fantom sega i ti postavuvas nekoi prasanja cudni..sto ima tito da go slavime, koga ne e Makedonec, neka go slavat slovencite ne nie..
Ne vikam deka nema napraveno nesto za Makedonija nego ako gledas taka ima milion poedinci sto treba da gi slavime..
Zatoa imame denovi na borcite na NOV i toa mu doaga kako sto e denovi za VMRO
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом не се прави со сила будала, Тито нее македонец, Основачите на ВМРО се.
Григор Прличев јавно се декларирал како Грк.
Кирил и Методиј се декларирале како Бугари.

Зошто ги славиме, не се македонци?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Жими младост, тропаш глупости.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Државен празник основање на ВМРО? Сакам да има и за основање на СДСМ, ЛДП, ДУИ, ПДП, ДОМ, Ден на Независен Пратеник, Ден на Игор Ивановски Шема и така.
Ај не треси глупости! ВМРО врска нема со ДПМНЕ! Сите сме ВМРО!!! Кој Македонец не сакал сопствена држава? И да си знаеш оти Тито не заебал!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom