23 најголеми грешки на Ајнштајн

Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Ajnstajn ajnstajn ste se naucile ajnstajn a sto kur izmislil toj

tesla strujata ja izmislil eeejjjj struja da izmislis u 18 vek
ajnstajn nisto palamuda trakoteska i nisto

ne 23 greski kojznae kolku imam mozda

nisto nema logika so kazuel sum zborel so eden profesor
samo toa so brzinata i dimenziite koj ides brzo mi ima nekako logika drugoto :nenene:


Ете кај е грешката. Се согласуваш ? :zver:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Најголема грешка на Ајнштајн е тоа што не си ја направил косата суканици.
 
S

smart ass

Гостин
Ејј вие па за грешките само-ај малце за друго:)


Навистина доста интересна и фасцинантна е теоријата на релативноста и без сомнение ајнштајн заедно со Њутн и Тесла имаат непроценлив придонес за човештвото.

Но работите почнале уште во времето на Њутн кој бил многу респектиран помеѓу тогашниот научен круг,њутн навистина(покрај 3-те закони) вршел опсежни испитувања на полето на оптиката геометриска) бидејќи многу научници се обидувале да ја објаснат природата на светлината и дошол до заклучок дека светлината е всушност честици т.н корпускули,па сепак неговата теорија иако грешна сепак била широко прифатена во тоа време единствено Хајгенс не се согласувал и сметал дека светлината е бран.

Сепак 100 години подоцна Јунг ја докажува брановата теорија на светлината бидејќи извршил експеримент и ги објавил резултатите т.е интерференција помеѓу светлината,сепак треба да се напомене дека геометриската оптика е точна сепак и секако уште еден доказ за брановата природа на светлината е дека таа патува побавно во вода.
Што се однесува до Максвел....генијален ум истиот предвидел дека електромагнетните бранови се состојат од електрични и магнетни полиња и тврдел дека светлината која ја гледаме е само дел од спектарот а ова подоцна е докажано од Херц ако не се лажам,сепак работата на максвел била есенцијална за телекомуникациите,кабелската мобилните телефони и оптичките влакна...
Сега доаѓаме до интересниот дел,имено како што за механичките бранови имаме медиум на пример воздухот,па оттука физичарите верувале дека постои медиум за ЕМ брановите и истиот го нарекле Етер.

После извесна научна работа научниците детално ги пресметале интергеренцијата,дифракцијата и поларизацијата...но ниту знак од етер???
Сепак и покрај дадените чудни својства на етерот научниците сепак нашле начин да докажат дали истиот постои или не всушност тоа е Мајкелсон кој успеал да докаже(а подоцна и со морли) дека етер не постои а тоа го постигнал со неговата направа интерферометар кој се состоел од повеќе огледала и светлински извор+полусребрено огледало па сега ако етерот постоел(нели и земјата се движи 30км/сец) очигледно требало да добиеме интерферентни пруги каде би можело да се пресмета закаснувањето на светлината-но тоа не се случило.
Навидум ќор сокак но не било така посебно кога на сцена стапил ајнштајн,но за да бидам што е можно појасен првен треба да се запознаеме со инерцијален систем-тоа е систем во кој едноставно важат њутновите закони,па ако имаме друг систем кој е во мирување(во однос на првиот) тогаш вториов систем го нарекуваме инерцијален референтен систем е сега ако њутновите закони важат за еден референтен систем,тогаш тие важат и за друг систем кој се движи со одредена брзина во однос на првиот-ова всушност укажува на фактот дека њутн покажал дека со никаков експеримент да се определи АПСОЛУТНО движење во просторот и ова е познато како њутнов принцип на релативност.

Очигледно имаме несогласување помеѓу законите на механиката на електромагнетизмот а и максвеловите пресметки-всушност ајнштајн сметал дека равенките на максвел се точни за секој систем т.е законите на електромагнетизмот и механиката одат рака под рака а тоа го сторил со своите два постулати кои важат сеуште.

1.принцип на релативноста кој тврди дека сите закони на физиката се исти за секој инерцијален систем поточно не постои начин да се определи апсолутното движење или некаков УНИКАТЕН (приоритетен)референтен систем.
2.Брзината на светлината е константна и тоа во сите системи има иста вредност(*вакуум).

Така да ајнштајн на некој начин ја продолжил њутновата релативност и ги додал останатите закони на физиката вклучувајќи го и електромагнетизмот-значи сега референтен систем е систем во кој сите закони се валидни подеднакво(не само њутновите).
Е сега за разлика од њутн кај ајнштајновата теорија треба да го земеме предвид времето или поточно секој систем треба да има свој набљудувач,часовник,мерач за должина односно ова значи дека настанот кој се случил во Х систем мора да биде одреден од неговите просторни НО и временски координати.
Теоријата на ајнштајн е навистина фасцинантна постулатите погоре се всушност закони...сега за да го објаснам проблемот едновременост го употребив пеинт бидејќи така сметам дека можам најлесно да се искажам патем не замерувајте на крајно лошите цртежи-брзав!


Ова е системот А другата половина Б,бројките на правата се растојание изразено во метри додека жолтите кругчиња извор на светлина а кај Б нејзино движење-забележете го А прим-со алуминиумска фолија е!!!
Замислете си моментално светнуваат двете ламби кои се фиксирани во системот А додека фолијашот горе е во систем А прим кој се движи,ламбите се фиксирани и кај лицето во системот А светлината ќе стаса едновремено(долнио дел на сликата дел Б) но кај системот на алуминиумската фолија кој се движи десно нема светлинските зраци да стасаат едновремено односно поради движењето надесно на фолијаш системот прва во контакт ќе дојде светлината од десниот извор на светлина додека за светлината од левата ламбичка ќе треба тро време+(тоа е Б делот горната слика-забележете дека фолијашот НЕ е на НУЛА туку е НАДЕСНО малце поради движењето). Сега нормално е да се прашаме епа што????

Доаѓаме до заклучок дека два настани кои се случиваат ЕДНОВРЕМЕНО во некој референтен систем(како А) не мора да бидат едновремени во друг референтен систем(А-прим т.е фолијашот) кој се движи во однос на првиот систем.

Еве уште еден конкретно за дилатацијата на времето





И овде како што се гледа имаме два система каде првиот е фиксиран а вториот не сега фолијашот пали цигара(црната линија) и се разбира ова се случува во одредено време-Т1 нека е палењето на цигарата додека Т2 гасењето сега овде времето додека гори цигарата(Т0) се пресметува едноставно Т0=Т2-Т1,разликата во времето помеѓу два настана но кои се случуваат во иста точка(исто место) во системот се нарекува сопствено време(мерено со часовник но во системот).
 
S

smart ass

Гостин
И овде како што се гледа имаме два система каде првиот е фиксиран а вториот не сега фолијашот пали цигара(црната линија) и се разбира ова се случува во одредено време-Т1 нека е палењето на цигарата додека Т2 гасењето сега овде времето додека гори цигарата(Т0) се пресметува едноставно Т0=Т2-Т1,разликата во времето помеѓу два настана но кои се случуваат во иста точка(исто место) во системот се нарекува сопствено време(мерено со часовник но во системот).

Сега одиме во системо со црвенкапа и фолијашот-гледаме дека фолијашот кога поминува во моментот кога се пали цигарата е на исто место,но не и во моментот кога ќе биде изгасена значи за фолијашот двата настана(палењето и гасењето на цигарата и гасењето) НЕ се случуваат во исто време и место (а кај системот во мирување знаеме двата настана се во исто место)додека во случајов црвенкапа може да го забележи гасењето на цигарата според ова можеме да дојдеме до следниот заклучок-временскиот интервал помеѓу системот кој се движи е подолг од временскиот интервал мерен во системот кој мирува-ова всушност и е временска дилатација односно во различно време ги забележуваат настаните а додека за чоеко со цигарата едноставно е сопствено време(нели разликата помеѓу два настана кои се случуваат во ист систем т.е палењето и гасењето нацигарата е сопствено време-што не е случај за фолијашот ниту пак за црвенкапа).(дилатацијата е последица на фактот што овде немаме ЕДНОВРЕМЕНОСТ еве ако црвенкапа запали цигара(за неа нејзиниот систем мирува) чоеко кој пушеше цигара ќе измери подолг временски интервал бидејќи црвенкапа со цигарата се движи во однос на него па според неговиот часовник црвенкапа двата настана односно палењето и гасењето на цигарата ќе ги направи во подолг временски интервал или наједноставно дилатацијата накратко кажана е часовниците што се движат работат побавно од тие во мирување.

Покрај дилатацијата имаме и контракција на должината и простор е овде нема да цртам,туку ќе користиме малце имагинација-замислете два носачи на авиони еден до друг-еве нека бидат рускиот кузњецов кој ќе го препознаете по пијаната посада,немањето катапулт и тепањето...додека вториот носач е францускиот Шарл де гол кој ќе го препознаете по францускиот геј стил(ко на спотот на дискавери чанел-Bloodhound Gang,сега двата носачи се посебни системи притоа ќе претпоставиме дека францускиот носач мирува а рускиот се движи.
Ова е договорена вежба на франција и русија каде нели треба да се извршат полетувања и слетувања притоа имајте предвид дека францускио мирува(понатаму Ф,а Р за рускио како и Л и Л1 за леталата, а претпоставка е деканосачите имаат ИСТИ димензии).
Сега два мираж авиони Л1 и Л2 треба да слетаат притоа едниот на Ф а другиот на Р кој се движи,претпоставувам сите знаете како изгледа пилотска кабина како и инструмент таблата и мерачите-пилотот на леталото Л1 добива должина Х додека Л2 добива должина Х1,пилотите треба да се координираат имено сакале слетувањето да биде едновремено-но кај Л2 како се доближува носачот ќе изгледа нијанса поголем од Ф а тоа е бидејќи носачот Р се движи а Ф мирува па соодветно кај инструментите и на екранот на авионите ќе имаме различни бројки како и покажувачот(иако авионите се движат со иста брзина т.е се еден до друг)-се поставува прашањето кој пилот е во право дали Л1 со должината Х или пак Л2 со должината Х2?????
Всушност и двајцата се во право но знаеме нели како еден објект се доближува до друг настанува контракција на должината еве друг пример е со фотоапарат-слика убаво цвеќе од Х растојание и цвеќето има Ѕ големина,во вториот случај фотографот се движи кон цвеќето и повторно слика-на втората слика цвеќето ќе биде поголемо.

Со право можам да кажам дека една од најинтересните и најзанимливи теми за дискусија е парадоксот на близнаците.
Да претпоставиме дека првиот близнак нека се вика Дејвид Ајк е фолијаш и сам се лоботомира со конспираси теории,додека другиот близнак џим е астронаут-моментално близнаците имаат 30 години и џим се расправа со ајк дека нема рептили кои владеат со земјата ама Ајк не разбира-додека разговараат близнаците ѕвони телефонот на џим НАСА има за него специјална мисија која бара одредена жртва,имено џим ќе треба да патува еве 8 С години до Х планетарен систем и да се врати-без многу размислување џим прифаќа и патува со огромна брзина за да стаса до планетите но и да има време да се врати,Ајк тврди дека поради брзината на патувањето џим кога ќе се врати ќе биде помлад од него бидејќи биолошкиот саат на џим ќе работи побавно интересно е што Џим пак тврди дека Ајк е оној што се движи брзо(во однос на џим) па така Ајк би требало да биде помлад !!

Сега кој е во право??
Се разбира Џим но да појасниме Џим во однос на Ајк ја напушта земјата и достигнува брзина блиска до С еве нека биде 0.8 од брзината на светлината,Ајк е на земјата која во случајов нека биде референтен систем,што е поентата всушност-па Џим со забрзувањето го напушта овој систем стигнува до системот и се враќа на земјата повторно со иста брзина,Ајк мисли дека на џим ќе му требаат 10 години за да стигне и уште толку за да се врати(навистина со брзина 0.8С ајк е со точна пресметка но на Земјата) и така поминале 20 години Ајк сега е 50 години 30+10+10=50,но Џим ќе биде помлад бидејќи кај него часовникот работи побавно НЕГОВОТО ВРЕМЕ не е исто со тоа на Ајк кој е во Референтниот систем и мери со неговиот часовник меѓутоа фактот е дека Џим се движи со константна брзина и неговиот часовник работи побавно па така на Џим ќе му требаат 6 години за да стаса до системот и уште толку за да се врати односно 30+6+6=42,значи џим има 42 е овде Финтата е во ЗАБРЗУВАЊЕТО што и знаеме но во меѓувреме Ајк е Богат и славен бидејќи продава булшит книги во кои пишува дека владеат рептили,па дека бил Исус и месија па продава муда за бубрези додека Џим ќе остане на својата плата како астронаут-да биде појасно еве ги постулатите

1.принцип на релативноста кој тврди дека сите закони на физиката се исти за секој инерцијален систем поточно не постои начин да се определи апсолутното движење или некаков УНИКАТЕН (приоритетен)референтен систем.
2.Брзината на светлината е константна и тоа во сите системи има иста вредност(*вакуум).
Од каде според 1 произлегува дека во случајов имаме два различни системи и согласно теоријата на ајнштајн нема никаков Парадокс!!

Дури и магнетизмот и електрицитетот се релативни!!

Имено Магнетната Сила што ја гледа еден Набљудувач е едноставно САМО електрична сила за друг набљудувач(друг референтен систем).
Теоријата е веќе докажана,имено познат е експериментот со атомските часовници со цезиум 135 каде е утврдено дека стварно кај авионот кој патувал побавно времето “тече”побавно,друг доказ е и распаѓањето на мионите кои настануваат поради космичките зраци да не ја должам овде всушност доказот лежи во законот за радиоактивно распаѓање каде според класичните пресметки би требало до земјата да регистрираме помал број на миони бидејќи по законот за радиоактивно распаѓање е така,но кога ќе земеме предвид дека мионите патуваат со брзина приближна на светлината ќе видиме дека кај нив т.е кај референтниот систем на неколку миони времето тече побавно баш поради брзината па затоа и ќе детектираме повеќе а според набљудувачите на земјата нели би требало скоро сите да се распаднат.
Се надевам дека добро објаснив едноставно според постулатите немаме ЕДЕН УНИКАТЕН референтен систем и С е константна па оттука сметам дека примерите погоре се јасни.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
profesorot ni kazha nas deka Ajnstajn dodeka uchel sredno matematika imal 1 tapa bil :) pa sea tolku golem nauchnik po nekolku godini... nz
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Pa so ako bil tapa matematika, matematika i onaka e mesanje baabi i zabi, so e 2 + 2? pa 2 babi pljus dve zaabi...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
39
Поени од реакции
4
Да, да. И јас имам слушнато дека Милева му ги извела формулите, оти тој бил тапа глуп. Абе Тесла е најголем генијалец, каков Ајнштајн какви бакрачи.
Tachno e deka Mileva zavrshila matematichka rabota, sve dokazala, i na kraj familiajta na Ajnshtajn ne mu dozvolila da se ozeni so curata, go napnuele za nekoaj si tamu fufica so sina krv:) Btw, Ajnshtajn bil poln so fantazija a ne znaenje, zatoa najdobrata izreka na tipot ne e : sve e relativno!... Tuku: talent bez nauka ne vredi nishto... Poshto bil svesen deka Mileva go izvadila od kalta:) A shto se odnesuva do Tesla, tachno e deka e najbolji:)
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
Pa Ajnstajn vsusnost ne bil voospto dobar vo oblasta na matematikata. Se spekulira deka poveketo od formulite mu gi izvela negovata togasna sopruga. Sega kako se vikase ne mi teknuva ama od nasive prostori bila...od balkan mislam, ne od makedonija :)
од србија.. и да имаш право...се мисли дека сите теориии и такви научни докажувања она му ги има онадено...колку е ств незз ?! :)
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ajnstajn ajnstajn ste se naucile ajnstajn a sto kur izmislil toj

tesla strujata ja izmislil eeejjjj struja da izmislis u 18 vek
ajnstajn nisto palamuda trakoteska i nisto

ne 23 greski kojznae kolku imam mozda

nisto nema logika so kazuel sum zborel so eden profesor
samo toa so brzinata i dimenziite koj ides brzo mi ima nekako logika drugoto :nenene:
Стварно алал да му е на Тесла. Не може секој да измисли струја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom