Јас одбивам да живеам во ваква држава! (1.)
Како што гласи и самиот наслов,јас би повторил уште еднашка:
Јас одбивам да живеам во ваква `демократија`.
(Отворен цитат).
Администрацијата доби ново зголемување на платите за 10 отсто
Ова нема да ја зголеми инфлацијата, ниту, пак, ќе предизвика надминување на проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто бидејќи за зголемувањето се трошат пари планирани со ланскиот буџет, вели Груевски
Државните службеници и вработените во јавната администрација месецов ќе добијат за 10 отсто поголеми плати. Премиерот Никола Груевски и официјално соопшти дека стартува второто зголемување на личните доходи со кое ќе бидат опфатени 73.778 лица. За нивните повисоки плати од буџетот ќе бидат потрошени 2,4 милијарди денари. Груевски го најави и третото зголемување на платите во јавната администрација за септември наредната година, со што ќе се реализира и последното покачување од ветените 34 отсто.
- Ова нема да ја зголеми инфлацијата, ниту, пак, ќе предизвика надминување на проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто. Сето ова е предвидено со програмата и сега се реализира тоа што е ветено - нагласи Груевски.
Зголемувањето на платите почнува од септември, а важи за сите вработени во јавниот сектор, за државните службеници, за јавните работници од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, министерствата за внатрешни работи и образование, судството и здравствениот сектор.
Платите ќе им бидат зголемени и на функционерите, на пратениците, на министрите, на директорите на буџетските институции, како и на амбасадорите и на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва. Се отвора можност, рече Груевски, за зголемување на платите и во јавните претпријатија ако си обезбедат средства.
Останатите институции од јавен карактер, вклучувајќи ги и фондовите, исто така ќе ги зголемат платите за 10 отсто во рамки на расположливите средства.
Владата ги обезбеди средствата за покачување на платите од зголемувањето на економскиот раст што лани изнесуваше 5,4 отсто, а во првата половина од годинава шест проценти, како и од приходите собрани од зголемената наплата на данок.
На новинарско прашање како ги коментира препораките од ММФ за поголемо штедење и за нетрошење на бенефитите од економскиот раст, Груевски одговори дека тоа се однесувало на други средства, а не на овие за зголемување на платите што се планирани од лани.
- За нашата одлука ММФ беше информирана уште минатата година и тогаш на некој начин се согласи. Мисијата зборуваше за друго, да не се ангажираат други дополнителни средства. Годинава не користиме нови средства, туку средства планирани со ланскиот буџет што им беше презентиран и на претставниците на ММФ - објасни премиерот Груевски.
(затворен цитат).
Да живееш во држава во која што прва и последна желба на младите луѓе, (кои што како да се раѓаат без елан за нешто свое) е да бидат партиски војници и после тоа да се молакаат за да влезат во преобемната администрација е казна сама по себе.
Едноставно,погледите кон животот воопшто,како и голем дел од приоритетите на младите луѓе во Македонија е изместен од нормалното тежиште.
Успешен е некој што работи на добро место во администрацијата,во исто време е партиски апаратчик,има службено
државно ауто и службен
државен телефон кој што не го вади од уво затоа што не го плаќа.
Кај е апсолутно неписмена,повеќе од прекумерна,сега уште администрацијата ќе добива и зголемување на платите.
На сметка на данокоплатците,кои што добија нови давачки за плаќање и се поригорозни санкции за ништо.
А и онака `тегнеа` по двајца апаратчици на сопствен грб до сега.
Се извинувам... ама јас не сакам да живеам во вакви услови и во ваква држава.Ако на Гвујо и овци им требаат партиски војници...
да си ги плаќаат од парите на баба му бе!
Зошто сите ние да ги плаќаме сите тие прекумерни и непотребни вработувања?
И како тоа `реформаторот` Гвујо мисли да тргне напред од нулта точка кога само го зголемува товарот на `локомотивата` цело време?
:nerv::nerv::nerv: