Платите во државниот сектор зголемени за 10%!

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Каде виде квалификација?
Само опција за дополнителна заработувачка изнесов.:toe::smir:

Не мислев конкретно на тебе, иако вака напишано така излегува. Коментирав општо у контекст на темата и на дискусијата. :)

И додека јас и ти коментираме некој "боледува" на "боловање". :wink:
 
Па тогаш мижи кога ќе сретнеш мое мислење.

Не да мижам туку ми иде да тепам се живо ко ке треба да дојдам во контакт со таа твоја јавна администрација. 1/3 од животот ја поминав во чекање по шалтери.
 
и уште ке ги зголеми оваа влада:)
 
Зголемувањето на платите во државниот сектор, ќе отвори простор во приватниот сектор да се бара покачување. Евентуално да се брка ново раб. место со повисока плата.
Колку поголема циркулација на кеш меѓу народот толку подобро. А мора да се почне од некаде.
 
Зголемувањето на платите во државниот сектор, ќе отвори простор во приватниот сектор да се бара покачување. Евентуално да се брка ново раб. место со повисока плата.
Не верувам. Божем те чекаат со раширени раце во државна администрација ако сакаш да се запослиш, тепаат кој нејќе, па приватникот за да не му избегаш веднаш ќе ти покачи плата :)
 
Не ми беше тоа муабетот. Изгледа ептен лошо склопувам реченици.
Инаку е навистина тешко да се вработи таму, но и тоа не е гаранција дека ќе имаш таму привилегии.
Никој не пријавува колкав е бројот на вработени со договор на дело, кој сега може да се продолжува во една државна институција и до 4 години.
 
Зголемувањето на платите во државниот сектор, ќе отвори простор во приватниот сектор да се бара покачување.
Од кога тоа и во која земја државниот сектор ја влече економијата на една земја напред. По дифолт државниот сектор е потрошувач (или со погруби зборови паразит), но сепак во одредена мерка за општо добро е нужно зло.
 
Ma Macedonia i se e mozno mesto da namaluvat drzavna administacija tie ja zgolemuvaat sekoja godina a mozes da se zaposlis vo Drzavna am koj ti e kriv sto ne si borec za covekovi prava (Albanec) da bese imase sansa sega e ravnopravnost eeeeeeeejjjj ):):
 
Јас одбивам да живеам во ваква држава! (1.)
Како што гласи и самиот наслов,јас би повторил уште еднашка:
Јас одбивам да живеам во ваква `демократија`.

(Отворен цитат).
Администрацијата доби ново зголемување на платите за 10 отсто
Ова нема да ја зголеми инфлацијата, ниту, пак, ќе предизвика надминување на проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто бидејќи за зголемувањето се трошат пари планирани со ланскиот буџет, вели Груевски

C044A9C0032B974BAD9CB5061064161D.jpg
Државните службеници и вработените во јавната администрација месецов ќе добијат за 10 отсто поголеми плати. Премиерот Никола Груевски и официјално соопшти дека стартува второто зголемување на личните доходи со кое ќе бидат опфатени 73.778 лица. За нивните повисоки плати од буџетот ќе бидат потрошени 2,4 милијарди денари. Груевски го најави и третото зголемување на платите во јавната администрација за септември наредната година, со што ќе се реализира и последното покачување од ветените 34 отсто.
- Ова нема да ја зголеми инфлацијата, ниту, пак, ќе предизвика надминување на проектираниот буџетски дефицит од 1,5 отсто. Сето ова е предвидено со програмата и сега се реализира тоа што е ветено - нагласи Груевски.
Зголемувањето на платите почнува од септември, а важи за сите вработени во јавниот сектор, за државните службеници, за јавните работници од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, министерствата за внатрешни работи и образование, судството и здравствениот сектор.
Платите ќе им бидат зголемени и на функционерите, на пратениците, на министрите, на директорите на буџетските институции, како и на амбасадорите и на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва. Се отвора можност, рече Груевски, за зголемување на платите и во јавните претпријатија ако си обезбедат средства.
Останатите институции од јавен карактер, вклучувајќи ги и фондовите, исто така ќе ги зголемат платите за 10 отсто во рамки на расположливите средства.
Владата ги обезбеди средствата за покачување на платите од зголемувањето на економскиот раст што лани изнесуваше 5,4 отсто, а во првата половина од годинава шест проценти, како и од приходите собрани од зголемената наплата на данок.
На новинарско прашање како ги коментира препораките од ММФ за поголемо штедење и за нетрошење на бенефитите од економскиот раст, Груевски одговори дека тоа се однесувало на други средства, а не на овие за зголемување на платите што се планирани од лани.
- За нашата одлука ММФ беше информирана уште минатата година и тогаш на некој начин се согласи. Мисијата зборуваше за друго, да не се ангажираат други дополнителни средства. Годинава не користиме нови средства, туку средства планирани со ланскиот буџет што им беше презентиран и на претставниците на ММФ - објасни премиерот Груевски.

(затворен цитат).


Да живееш во држава во која што прва и последна желба на младите луѓе, (кои што како да се раѓаат без елан за нешто свое) е да бидат партиски војници и после тоа да се молакаат за да влезат во преобемната администрација е казна сама по себе.
Едноставно,погледите кон животот воопшто,како и голем дел од приоритетите на младите луѓе во Македонија е изместен од нормалното тежиште.
Успешен е некој што работи на добро место во администрацијата,во исто време е партиски апаратчик,има службено државно ауто и службен државен телефон кој што не го вади од уво затоа што не го плаќа.


Кај е апсолутно неписмена,повеќе од прекумерна,сега уште администрацијата ќе добива и зголемување на платите.
На сметка на данокоплатците,кои што добија нови давачки за плаќање и се поригорозни санкции за ништо.
А и онака `тегнеа` по двајца апаратчици на сопствен грб до сега.


Се извинувам... ама јас не сакам да живеам во вакви услови и во ваква држава.Ако на Гвујо и овци им требаат партиски војници...
да си ги плаќаат од парите на баба му бе!
Зошто сите ние да ги плаќаме сите тие прекумерни и непотребни вработувања?
И како тоа `реформаторот` Гвујо мисли да тргне напред од нулта точка кога само го зголемува товарот на `локомотивата` цело време?
:nerv::nerv::nerv:
 
Не сери бе Зевс, не цела администрација тресе врата. И јас се водам администрација. 10% и те како ќе ми дојдат, мф мф :)
 
дел земаат прекумерно , ама дел заслужуваат -

да речеме секретар во некое министерство треба да има барем 20 парчиња облека , дотеран , пицнат пошто сигурно е лицето на државата .

чекор по чекор бре зевс - и приватниот сектор ќе ја крене платата .

сега со ова со партиските војници ти е на местото .
 
Веста ја соопшти премиерот Никола Груевски, кој потсети дека оваа одлука е донесена врз ветувањето, дадено минатата година, дека платите во државниот сектор за тригодишен период ќе се зголемат за 34 отсто, односно секоја година по десет отсто.........
Каде е тука приватниот сектор. ОК е да се зголемуваат платите за буџетарите,меѓутоа вработените во приватниот сектор,имаат далеку пониски примања,што не е реална слика за просечната плата што се пресметува во МК. :toe:
Секој кој работи во приватна фирма нека му пушти писмо на Премиерот и тој сигурно ќе му ја зголеми платата за 10 %.:tapp:
 
Јас сум економиста и сеа ваке да ви кажем шо ме учеле у школо:wink:
-лошо е што ги зголемуваат платите на државниот сектор и тоа е лошо за сите и за тие што ќе им се зголеми платата а и на тие што работаат приватно, лошо е за државниот сектор бидејќи ако се зголемат палтите за 10% утре ќе идат сите во продавница и ќе купуваат повеќе од минатото а со тоа ќе се зголеми побарувачката а и цените на производите а со самото зголемување на цените работниците нема да осетат поголемата палта, а пак работниците што работат приватно највеќе ќе ги осетат овие промени но во негативна смисла бидејќи ќе се зголет цените на производите а нивните плати ќе останат исти.
Мислам дека оваа влада работи најдобро до сега во историјата на Македонија но ова е еден голем пропуст, но и тие се луѓе и грешат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom