Американски фудбал - NFL лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno-WH
  • Време на започнување Време на започнување
Ај некој поупатен што прати НФЛ малку повеќе нека ми каже какво тимче имаат Њу Ингланд Петриотс? За нив навивам од пред едно 6-7 години, али порано многу повеќе пратев НФЛ, сега само на резултати ако видам како завршиле и тоа е тоа.
П.с. Том Брејди игра ли уште?

Игра сеуште Том Брејди, тимот е сеуште еден од најсилните 5-6 тимови во лигата. Имаат силен напад и без проблем постигнуваат голем број на поени, главен проблем претходната година беше одбраната особено против пас игра. Оваа година има најави дека ќе имаат подобра одбрана, но останува да видиме како ќе функционираат. Се на се еден од главните тимови за влез во суперболот покрај Хјустон, Балтимор, Питсбург, Сан Франциско, Њу Јорк Џајантс и Грин Беј.
 
Suck it Bears !!! :vozbud:

Конечно одбрана како што треба, конечно солидна партија на Роџерс, и исто така одлична партија на новото засилување Бенсон кој многу лесно се вклопи во нападот на Пекерс. Како што читам после натпреварот, на Пекерс долго време им фалел некој ваков добар ранинг бек за да може да го ослободи Роџерс од притисокот. Бенсон иако е стар, игра одлично.


За мене најдобриот момент на натпреварот, одлично одработен фејк филд гол. (y)

6075_10151094388635073_1260617010_n.jpg


Go Pack go ! ! !
 
Маме му ебам на судијата што ја смени одлуката за Тампа во последни секунди.
ММЕ :@ :@
 
Јас на Синсинати мамицата да им ја расплачам . Од кои дрва примија 27 поени :mad: . и нормално , у последната минута ги примија последните 3 поени , за да ме заебат на разлика (-7.5) , тепаа точно 7 .
 
Абе ова интересно е за гледање? :icon_mrgr:
--- надополнето: 17 септември 2012 во 13:34 ---
Како е тимот на чичко Малк тука?
 
Абе ова интересно е за гледање? :icon_mrgr:
--- надополнето: 17 септември 2012 во 13:34 ---
Како е тимот на чичко Малк тука?
Ептен :)
Мислиш на Малком Глејзер?
Ок. Јас за нив навивам од дамна ама последниве години ептен слабо.Еве годинава "децата" се демек поискусни па ќе видиме.
Ме изненадуваат со добрата игра сезонава ама одбраната им е катастрофа.Минатата недела пропуштија водство а и башка судијата смени една одлука што ќе ни донесеше нерешено на 20 секунди пред крај :@
Вечер играме со Далас па идеме на победа !
Економскава криза ептен ги има погодено луѓево во Тампа изгледа па не им се плаќа да идат на натпревар дома а мечевите на Тампа ги нема на ТВ.Лани се бунеа демек Глејзери биле криви што не се интересирале ама годинава не е до Глејзери кога и самата публика нејќе ни на домашни мечеви да иде па бараат стримови а и тие душички до сега во живот немале огромна потреба за стримови како ние :D (али затоа кај нив нема турски серии :D )
Ова како што ти го раскажувам ќе си помислиш дека нема жива душа на стадион што воопшто не е точно ама проблемот е што НФЛ ти е семејна традиција. А цената за цело семејство да отиде се скапи и + цената на сокови,сендвичи во стадионот= скапо а во еко. криза сме и така луѓево се поретко се решаваат цело семејство да иде на натпревари.
 
Абе ова интересно е за гледање? :icon_mrgr:
--- надополнето: 17 септември 2012 во 13:34 ---
Како е тимот на чичко Малк тука?
интересна е последната четвртина најмногу :D посебно на финалето...не би ти препорачал да го гледаш цел натпревар бидејки од рекламите ништо нема да видиш хахах шала на страна има доста интересни моменти и го пратам од време на време. посебно кога некој тим има добри и паметни фрлачи quarterbacks е доста интересно.
инаку денес имаше интересен натпревар во колеџ лигата каде орегон победи со аризона со 49-0 :pos:
 
Срамота ќе биде ако изгубиме од Далас еј
 
Срамота ќе биде ако изгубиме од Далас еј
Не е срамота Далас се фаворити :)
Овој Ендру Лак таман го стаив на клупа на фантази се повампири....
Генерално има повеќе изненадувања од очекуваното, и минатата и оваа недела Детроит и 49ките ќе ме бутнат и на ливчето изглеа :cautious:
 
Не е срамота Далас се фаворити :)
Овој Ендру Лак таман го стаив на клупа на фантази се повампири....
Генерално има повеќе изненадувања од очекуваното, и минатата и оваа недела Детроит и 49ките ќе ме бутнат и на ливчето изглеа :cautious:
А бе фаворити се ама катастрофа играат денеска :D.
СанФран ќе ја вртат не се грижи :D
 
Unfuckingbelievable.

Интерсепшн на Џенингс во последниот напад на Сиетл, а судијата досуди тачдаун за Сиетл. На оваа наклонетост од судиите дури и Барселона може да им позавиди. :D И на ЕСПН каде што пратам рекоа дека ова е интерсепшн, башка и сите играчи на Сиетл се повлекоа нема екстра поен... циркус. Воглавно Пекерс оштетени, али то је то.
 
303793_10152156200300503_1187569005_n.jpg


387508_365884673486497_1546379272_n.jpg


227971_3467039127013_474946352_n.jpg


Еве веќе втора ден како низ сите спортски канали низ америкава се збори за ова, иначе официјалните судии оваа сезона имаат локаут, и ова се некои нови судии. ESPN известува дека наскоро ќе биде постигнат договор меѓу NFL и судиската асоцијација на NFL, па можно е официјалните судии да се вратат уште во недела.
 
303793_10152156200300503_1187569005_n.jpg


387508_365884673486497_1546379272_n.jpg


227971_3467039127013_474946352_n.jpg


Еве веќе втора ден како низ сите спортски канали низ америкава се збори за ова, иначе официјалните судии оваа сезона имаат локаут, и ова се некои нови судии. ESPN известува дека наскоро ќе биде постигнат договор меѓу NFL и судиската асоцијација на NFL, па можно е официјалните судии да се вратат уште во недела.


Читав јас по америчките новински и спортски сајтови, веќе е дојдено до договор и судиите, оние правите се враќаат уште во натпреварот вечерва! Може да се каже само - Конечно!!! Премногу грешки направија замените, доста поени беа скратени и доста чудни одлуки имаше, што дури ни ние кои следиме многу малце од спортов знаевме дека се грешки. Од ова коло ќе биде се како што треба! :cuc:
 
Слабо активност на темава ?А :)

Изминативе 8 месеци ги поминав низ америката. Работев по амерички бродови, не гледав NFL во живо, ама гледав на огромен екран на бродов, со едно семејство, огромни фанови на Стилерс. И можев да ја почувствував семејната атмосфера на другиот крај на планетата. Стилерс ги тепаа Џетс, јеее :)

Енивејз, сеа на одмор можам на раат да гледам :) Ќе биде итнересно да се види како ќе иде плејофот. Јас си останувам фан на Стилерс дури и ако не се пласираат во Плеј-оф оваа сезона :)

п.с. Во Кејп Канаверал купив дрес од Пејтон Менинг кога играше за Колтс, го начекав за 10 долари, и го носев на Халоуин :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom