Американски фудбал - NFL лига

С

Спенсер

Гостин
Почнува плејофот дечки :) Ке биде интересно

Сабота

Сиетл-Њу Орлеанс
Индианаполис - Њу Џетс

Недела

Канзас - Балтимор
Филаделфија- Грин беј :)
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ќе биде и тоа како интересно :)
Сите дуели би требало да бидат неизвесни. Некој ќе каже дека Њу Орлеанс ќе ги згази Сиетл, ама не верувам во тоа, Сиетл губеа цела сезона, сега сигурно ќе дадат максимум и ќе се обидат да изненадат. Другите дуели исто така - самопреценетите Џетс, против секогаш јаките Колтс...Чудните сезонава Канзас, против Балтимор со играч како Реј Луис за водач. Филаделфија и Грин Беј мислам дека е врвот на овие вајлд-кард натпревари. Со два многу добри квотербека и уште неколку јаки поединци, би требало да биде неизвесно до крај.

Штета што во понеделник полагам, па не ќе можам да ги пратам сите 4 натпревари...затоа, од следното коло не планирам да пропуштам ниеден натпревар и се надевам дека ќе ги гледам Беарс до крајот на сезоната, а и во Далас како играат!!! :)
 
С

Спенсер

Гостин
Патриотс-најлузери за оваа година... :toe:

КОнф. финалиња


Стилерс-Џетс
Беарс-Пакерс :)

Супер боул, Стилерс-Беарс//
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Баш така...цела сезона играа беспрекорно, за во првиот дуел од плеј-офот да разочараат целосно...а сите ги гледаа во супербоул-от веќе...
Како и да е, се согласувам со прогнозата за супер боул ;)
 
С

Спенсер

Гостин
Супербоул

Грин Беј Пакерс - Питсбург Стилерс :vozbud:

напред стилерссс :)

неделава што иде е ПроуБол,односно АллСтар мечот,а следниот викенд е Супербоул :)
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Може да тепаат и Грин Беј. Арон Роџерс е во топ форма. Ќе биде жустро. GOOOO PACKERS
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
што мислите ќе има локаут сезонава?
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
473
Поени од реакции
872
Вечер во 2.30 часот по наше време започнува новата НФЛ сезона со натпреварот помеѓу бранителот на титулата Њу Јорк Џајантс и Далас Каубојс. Останатите напревари се во недела и понеделник (9 и 10 септември). Ако прати некој американски фудбал можеме да продискутираме.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Јас пратам од време на време, играм и фантази во неколку лиги, така да за дискутирање има услови.
За New England сум, од нив сезонава очекувам барем финале во AFC, зашто да не и повторно да пробаме да ја освоиме главната награда.За вечер мислам дека е јасно кој ќе победи, Џетс се далеку од добар тим, не памтам некогаш и да биле :) Џајантс тепаат минимум 5 разлика :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Слаба одбрана + лошата форма на Роџерс = прва победа на 49ers против Packers после 1999 година.
Интересен момент од денешниот натпревар беше филд голот на Akers од 63 јарди на 2 секунди до крајот на полувремето, израмнет рекордот во NFL. Исто и punt return-от на Cobb од 75 јарди. Заслужена победа на San Francisco 49ers, не е мала работа да се победат Packers на Ламбо Филд.

Во четврток дербито со Bears, едвај чекам. :vozbud: За тие што не знаат, тоа му доаѓа нешто ко да играат Македонија - Грција. :D

п.с не знам зошто, омилен ми стана спортов тука.. Ќе ми фали во Македонија. :icon_mrgr:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.506
Поени од реакции
114.583
Ај некој поупатен што прати НФЛ малку повеќе нека ми каже какво тимче имаат Њу Ингланд Петриотс? За нив навивам од пред едно 6-7 години, али порано многу повеќе пратев НФЛ, сега само на резултати ако видам како завршиле и тоа е тоа.
П.с. Том Брејди игра ли уште?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom