Опасен црн петок, пола лига ќе мења тренери, ама не и Кливленд зашто они би мењале тренер кога имаат 0-16 сезона, а пред тоа имаа 1 победа, а пред тоа 3 победи, за гранд тотал од 4 победи од 2015 наваму.
За навивачите на НЕ, доста ќе значат потезите што следат, ако некој остане од координаторите, поготово Мекданиелс, мислам дека близу е крајот на кариерата на Беличек, еден од најбараните координатори со години е веќе, бараше добра ситуација, мислам има доста екипи каде ќе легне топ таков напаѓачки ум. Ако остане веројатно му ветиле дека е следниот на местото на Беличек и дека ќе треба да почека уште некоја сезона.
Патриша исто е доста баран, сите показатели се тука дека ќе биде добар тренер, НЕ имаат одлична дефанзива во негово време со оглед на талентот таму. Веројатно печен е за Детроит, со што они ќе станат NFC North Patriots (

), ќе соберат цела стара банда од НЕ. Од тоа што се спекулира за Патриша низ бостонските медиуми, ако биде он ќе го задржи цел офанзивен дел што моментално е во Детроит и ќе прави корекции кај тренерите меѓу дефанзивата, од координатор па до пониски тренери на позиции.
За супербол мислам реално прерано е да се прогнозира, ама во АФЦ можни се изненадувања, не се баш престабилни фаворитите, иако победуваат, Стилерс 5/6 пати тепаа во последна минута со чудо од Антонио Браун, кој и да игра нема да е 100%, НЕ исто не се сјајни, веројатно двете екипи се подобри од конкуренцијата, ама 1 утакмица е се може. Не би ме изненадило Џагс да ги избацат Стилерс. Исто се подразбира и за КЦ со НЕ.
За НФЦ стварно колеж ќе биде, веројатно сите екипи се способни за супербол, можеби Иглс најмалку заради недостигот на QB, ама имаат одлична одбрана којзнае до каде ќе ги однесе. Фаворити ми се Викинзите и Сеинтс, а Атланта од позадина мислам треба да биде пазена, можат да направат проблеми.