Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Во петокот во Лос Анџелес, од страна на центарот за здравство, им било соопштено на медиумите дека од 2004 па наваму, 22 актери кои глумеле во филмовите за возрасни, се заразени со ХИВ вирусот.
Здравствената организација која се бори за спречување на ширењето на овој вирус кој предизвикува СИДА, најмногу ја обвинува филмската индустрија која не се грижела за нивното здравство, не ги заштитила актерите и не се погрижила тие да бидат изложени на ХИВ тестови.
Последната заразена актерка (чие име не е се` уште познато на јавноста), на која и беше детектиран ХИВ вирусот во четвртокот, глумела во филм со двајца партнери, на кои им беше направен ХИВ тест, но на двајцата партнери резултатите од тестот им беа негативни.
Претставникот на клиниката во Лос Анџелес, на која била утврдена оваа дијагноза, изјавува дека не се знае кој започнал да ја шири оваа болест во филмската индустрија, што го смета за можеби најтрагичен дел од сево ова.
Исто така, наведува дека снимањето на сексуални сцени со повеќе партнери без кондом е исто така ризична работа кога веќе во индустријата не се прават секогаш тестови за здравјето на актерите.
На оваа негова изјава не испушти да реплицира Стивен Хирш, еден од режисерите на порно филмовите кој изјави дека кондомите не биле задолжителни за време на снимањето, но не биле ни забранувани. „Тие се возрасни, знаат што треба да прават, знаат со каква работа се занимаваат“, изјави Хирш.
Колку за информација, порнографската филмска индустрија во Лос Анџелес, снима годишно околу 11,000 филма во кои глумат 1,500 актери и се заработуваат околу 13 милијарди долари.
Извор: NY Times