Како е подобро, повисок пренос помалце вртежи или понизок пренос повеќе вртежи?

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
поентата на темата! декстер праша, како е поубаво? во првиот случај, кај што си возиш 50 со трета, или вториот, кај што возиш 50 во четврта?

Поубаво е кога вртежите се поблиску до максималниот вртлив момент. Зависи од конкретниот мотор. Во карактеристиките сигурно пишува на колку вртежи е max torque. Шалтај додека не го доведеш моторот што поблизу до тие вртежи и тоа е тоа. Нема тука некоја филозофија особено што огромното мнозинство на возачи и онака го прават токму тоа, интуитивно и несвесно.

Кај мојот трактор max torque e некаде околу 1800 rpm, така да ја 50-60 на саат би возел у четврта.
 
Ако сакаш да штедиш гориво тогаш не ти требаат максимален број на вртежи а ако сакаш да се тркаш тогаш стискај на гаста,се зависи со која намера си излегол на патот,да стигнеш брзо и во ковчег или да возиш побавно,заштедиш гориво и пак да стигнеш?
 
Некогаш 50 возам у трета а некогаш у четврта.
Пример кога сум на партизанска да речеме тогаш 50 возам у четврта,а кога се качувам на водно тогаш 50 возам у трета.
Значи зависи од патот и ситуацијата на патот,нема правило дека возам 50 морало да биде у 4-та.
 
Самиот пат ти кажува во која брзина да возиш а и бучавата на моторот,не можеш нагоре према Водно да се качуваш во четврта,ке се растури моторот а не дај боже ке пукне некој држач па може и да падне :pos2:
 
Поубаво е кога вртежите се поблиску до максималниот вртлив момент. Зависи од конкретниот мотор. Во карактеристиките сигурно пишува на колку вртежи е max torque. Шалтај додека не го доведеш моторот што поблизу до тие вртежи и тоа е тоа. Нема тука некоја филозофија особено што огромното мнозинство на возачи и онака го прават токму тоа, интуитивно и несвесно.

Кај мојот трактор max torque e некаде околу 1800 rpm, така да ја 50-60 на саат би возел у четврта.
Ne.

AtoM-AnT напиша:
Ако сакаш да штедиш гориво тогаш не ти требаат максимален број на вртежи а ако сакаш да се тркаш тогаш стискај на гаста,се зависи со која намера си излегол на патот,да стигнеш брзо и во ковчег или да возиш побавно,заштедиш гориво и пак да стигнеш?
Da, ali ne mora da bide tolku dramaticno kazano
 
najdobra voznja na sekoja kola e 3000 ili 3500 [90km/]obrtai nema sansi za ostetuvanje za motorot a i potronjata e normalna-povisok prenos pomalce obrtai
 
Поубаво е кога вртежите се поблиску до максималниот вртлив момент. Зависи од конкретниот мотор. Во карактеристиките сигурно пишува на колку вртежи е max torque. Шалтај додека не го доведеш моторот што поблизу до тие вртежи и тоа е тоа. Нема тука некоја филозофија особено што огромното мнозинство на возачи и онака го прават токму тоа, интуитивно и несвесно.

Со таков режиум на возење добиваш спротивен ефект.Моторот побрзо ке ти се уништи,а и потрошувачката ке се зголеми.Треба да се вози со оптимален вртежен момент(кај бензински мотори околу 3000,а кај дизелски околу 2000 вртежи во минута) за да се зачува моторот.
 
:raz:

Ја дечки прв пат слушам за оптимален вртлив момент. Што е тоа? Како се одредува? Сум слушнал за оптимална брзина, оптимални вртежи, оптимална температура, оптимално ниво на масло, ама за оптимален момент, е за тоа стварно прв пат слушам. Ќе ме просветли некој?

Што се однесува до другото: на кој начин возење во максимален вртлив момент ќе се зголеми потрошувачката?!? Токму напротив! Возење при максималниот момент значи дека горивото согорува целосно и дека моторот најмалце се аби.

Немојте да мешате максимална снага со максимален момент! Тие се два многу, многу различни поими со многу, многу различно значење. Кога е моментот (Nm) најголем снагата (W) не е најголема и обратно: кога е снагата максималн моментот е помал од максималниот!

Велиш 2000 за дизели и 3000 за бензинци? Па токму таму се обично максималните моменти за дизели/бензинци, иако мислам дека кај просечен бензинец е маалку повисоко.
 
Оптимален вртежен момент можеби стручно и не постои и лупаме глупости. Но максималниот вртежен момент на возилата е различен и е расположлив на одреден број на вртежи.
Пример за дизелите е од 2.000 до 3.000 вртежи, а максималната снага ја добива на 4.500 вртежи.
Кај бензинците е нешто друго, и максималниот вртежен момент е достапен некаде помеѓу 3.000-4000 вртежи, а максималната снага ја има на 5.500 вртежи.

Е сеа то нашето оптимален вртлив момент ти представува некои да речеме (според мене) од 2.000- 2500 вртежи, на кои што моторот е тивок, не произведвува голема бука, и играш повеќе со менувачот.
 
Е сеа то нашето оптимален вртлив момент ти представува некои да речеме (според мене) од 2.000- 2500 вртежи

За бензин или дизел зборуваш?

Ако зборуваш за обичен, маловолуменски атмосферски бензинец, тогаш 2000-2500 е малку. Моторот, да, тивок е, но внатре забрзано се запрљува: се таложат наслаги од чад, гомна и лајна затоа што на тие вртежи мал бензинец просто не може да усмука доволно воздух. Башка drivetrain-от го малтретираш.

Пишува во книџето кај му е максимален момент. Таму е оптималното возење.
 
Форд 1.8 д. Начекав на нет дека 60 KW испорачува на 4.700 вртежи. А максималниот вртежен момент појма неам ни колку е ни каде се добива.

Едит: 60 KS... 44KW
 
Форд 1.8 д. Начекав на нет дека 60 KW испорачува на 4.700 вртежи. А максималниот вртежен момент појма неам ни колку е ни каде се добива.

Проверив на google, максималниот момент на твојот мотор е на 1700 rpm. Таму му е најфино за рамномерно возење.
 
Каде можам да проверам јас за мојата Форд Фиеста 1.3 51KW
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom