- Член од
- 7 мај 2008
- Мислења
- 2.818
- Поени од реакции
- 368
По последните резултати на нашите младински репрезентации и во машка и во женска конкуренција, мислам дека може слободно да ја претставиме генерацијата што ќе игра на овие квалификации како последна (барем до наредните 10 години). Кога една Македонија ќе почне да губи од Англија !? мислам дека е излишно да се збори понатаму за нашиот просперитет во кошарката. Дојде време Швајцарија да ни држи лекции по кошарка и да не победува со 50 разлика.
И сега за да се обели образот, Федерацијата или било кој друг ќе го избрка селекторот и целата вина ќе падна на него. Не го бранам селекторот далеку од тоа, само работите мора да се погледнат од далеку далеку поодамна. со пропаѓањето на младинските школи во скоро сите екипи (Работнички единствено остана со своја школа и сега секоја чест на Фени Индустри што колку толку успеа да отвори академија). Мислам дека сме единстената земја што во еден од главните спортови нема младински школи. Оваа генерација на играчи ќе си отиде, да речеме дека ќе направи успех да се пласира на некое појако првенство после 10 години (што и реално треба да се очекува) и што после? Мисли ли некој што после со репрезентацијата? Со клубовите приказната е поразлична, со еден до двајца просечни домашни играчи и четворица странски исто така добри играчи ете ти ја цела сезона ти е исполнета.
Најстрашно во целата оваа работа е тоа што не се работи за пропаднати квалификации каде што сме имале шанса да се пласираме на Европско или Светско првенство, туку се работи за влез во А- дивизија. Кога и во Б-дивизија освојуваме едно од последните места тогаш нема што да бараме ние.
За женската кошерка не ни сакам да коментирам, како домаќини го освоивме 18-то место и влеговме во историјата како најслабо пласиран домаќеин на некое натпреварување. Само сега Федерацијата нема да каже дека сме ги имале овие срамни резултати, туку ќе се вади дека одлично сме го организирале Европското првенство и ќе се крие зад проблемите што се ствараат во домашното првенство. Кога тогаш реалноста ќе не стигне, и ќе бидеме на самото дно од светската и европската кошарка.
Дури и да се почне од денес со реформи, резултатите ќе се видат по 5 или повеќе години, затоа што тоа е долг и сложен процес. Можеби треба да земеме малце рецепт од нашите соседи (зборам за Србија, па и Грција) за тоа како се работи со млади категории.