21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sheldon Cooper

Гостин
Се тоа убаво. Само не знам како и на кој начин "ако има" соларна бура, како таа би влијаела на телекомуникациите? Претпоставки се се тоа, кои водат кон нечија контрола, да веруваме во "нешто што доаѓа". Или јас сум тежок за убедување по вакви прашања. :)
Па сигурно би влијаела така што гама зраците од сонцето би се судриле со електромагнетните зрачења од трансформаторите, GSM-UMTS, телевизиските предаватели и би настанал хаос и на крај би цркнале. Истото би го снашло и интернетот. Некои го нарекуваат тоа повторно враќање во средниот век :S се надевам дека нема да се случи
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Спас на бизнисмените од економска криза.
Народот ќе троши на шеќер, брашно и ред други тракатанци.
Ќе има голем обрт на пари,
мислејќи дека таа несреќа ќе се случи сите ќе трошат за да преживеат.

Тоа многу добро им одговара на бизнисмените.
Се е испланирано, се се поклопува со сите овие економски кризи..
 
T

Tetro

Гостин
Па сигурно би влијаела така што гама зраците од сонцето би се судриле со електромагнетните зрачења од трансформаторите, GSM-UMTS, телевизиските предаватели и би настанал хаос и на крај би цркнале. Истото би го снашло и интернетот. Некои го нарекуваат тоа повторно враќање во средниот век :S се надевам дека нема да се случи
Не, не. Колку што сум запознаен, не може тоа гама зрачењето да биде со тој интензитет да наштети на се набројано погоре.

Другото е веќе за во наука и технологија, а во интерес на темата она најважното само:

Електро-магнетно зрачење (Електро-магнетна радијација, или често само светлина) претставува сеприсутен феномен во облик на само-ширечки бранови во вакуум или материја. Се состои од електрични и магнетни бранови кои осцилираат во фаза нормално едни на други, како и на правецот во којшто се шират. Електро-магнетното зрачење е класифицирано во неколку типови според неговата фреквенција. Во овие типови спаѓаат (распоредени од помала фреквенција (поголема бранова должина) кон поголема фреквенција (помала бранова должина)): радио бранови, микробранови, терахерцно зрачење, инфрацрвено зрачење, видлива светлина, ултравиолетово зрачење, Рентгенско зрачење и гама зрачење. Само мал дел од целиот спектар може да се почуствува со очите на разни организми. Овој дел е наречен [[видлива светлина]. Зрачењете не може да се осети на ниту еден дел од телото, затоа што зрачењето е предизвикано од невидливи зраци .
http://mk.wikipedia.org/wiki/Електромагнетно_зрачење
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не, не. Колку што сум запознаен, не може тоа гама зрачењето да биде со тој интензитет да наштети на се набројано погоре.

Другото е веќе за во наука и технологија, а во интерес на темата она најважното само:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Електромагнетно_зрачење
На човекот нема да му наштети бидејќи е поотпорен но електронските делови ќе прегорат (ако изливот на зрачење е повисоко од нормалното). Ќе видиме догодина што ќе биде :)
 
T

Tetro

Гостин
На човекот нема да му наштети бидејќи е поотпорен но електронските делови ќе прегорат (ако изливот на зрачење е повисоко од нормалното). Ќе видиме догодина што ќе биде :)
Како и да е. Пак не верувам дека зраците у "гама" спектар ќе бидат со толку голема јачина за да оштетат се` што е електронско. Патем, која е крајната јачина за да се случи катастрофа и да почнат да откажуваат електронските кола, ако знае некој?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Од 2012-та ќе имаме две Сонца!

Земјата следната година би можела да добие и второ сонце. Една од најсјајните ѕвезди на небото ноќе над нас забрзано губи маса и наскоро би можела да станe супернова.
Сценариотo по кое би требало тоа да се случи, за австралискиот портал Њуз.ком.ау го открива доктор Брад Картер. Се работи за ѕвездата Бетелгес, црвен џин, што нагло губи маса, а тоа е индикатор дека таа ѕвезда умира. Тоа понатаму би значело дека останува без гориво и дека во секој момент може да стане супернова.

Кога тоа ќе се случи, истакнува Картер, најмалку неколку недели потоа ќе видиме и второ “сонце“ на небото.

Истовремено, можно е во истиот временски период да нема ноќ поради суперновата и големата количина на светлина, вели Картер и додава дека тоа би можело да се случи веќе следната година.

Експлозијата на Бетелгес би можела зад себе да остави неутронска ѕвезда или дури црна дупка на 1.300 светлосни години од Земјата, пишува австралискиот портал.

Картер, меѓутоа ги предупредува заговарачите на апокалипса дека не треба да избрзуваат со предвидувања за пропаст на светот, бидејќи Земјата во случај на супернова ќе биде само испрскана со безопасни честички, но дека Земјата ќе има корист од тоа.

“Дождот од неутрини би можел да биде корисен за Земјата. Неутрините всушност произведуваат злато, сребро и сите тешки елементи како ураниум“, нагласува Картер.

(текстот е ископиран од http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81739&kategorija=6)

колку што забележав датумот се совпаѓа со така наречениот „кобен“ 21 декември 2012. :) коинциденција или не?
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Осеќам 2012 ке биде тежок fail...
Па, не баш. Луѓето, кои се „самофарсираа“ во сето тоа, ќе бидат еден убав, сочен фејл. Оти, 2012 не ја измисли бенгалскиот тигар, сибирскиот самојед, или мариовскиот белоглав орел. Така да :)
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
21 ви декември, 2012 г. - крајот на времето во кое живееме

Долго-одбројувачки календар

Всушност, се почна со пронајдокот, познат неколку децении за културата, кој е наречен долго-одбројувачки календар. Во пацифичката крајбрежна рамнина Чијапас, Мексико, неколку милји од границата со Гватемала, беше лоцирана астролошката опсерваторија на цивилицацијата Изапа. Некои мислат дека Изапа се преодна култура помеѓу постарата цивилизација Олмек и новата на Маите, други пак веруваат дека Изапа биле всушност дел од цивилизацијата Олмек.
Скоро илјадници години, долго-одбројувачкиот календар Изапа го забележуваа на споменици и керамички садови. Повеќето од датите се однесуваат на локални, секојдневни настани, како на пример крунисување на некој крал. Како и да е, некои од долго-одбројувачките споменици се однесуваат на митолошки настани кои се случија на почетокот на сегашната “Светска ера” во која ние живееме и на која наскоро ќе и дојде крајот.
Временски циклуси

Научниците сфатија како долго-одбројувачкиот календар се поврзува со нашиот грегоријански календар ( кој користи многу аритметика), така што сега знаеме дека легендарното време на почеток на нашата сегашна ера- кога сите вредности беа сведени на нула- почна на 31 ви август, пред новата ера. И употребувајќи го сложениот систем на мајските Бактуни ( мерења на времето), ние можеме да пресметаме кога нивниот календар достигнува нова точка на нула- во основа, секои 13 Бактуни (5,125 години), долгото одбројување се враќа на нула- просечното време кога нашата сегашна ера завршува и почнува нов временски циклус.
Создавање, пад и возобновување

Неколку споменици на креацијата опишуваат настани кои се случиле во 3114 година пред новата ера. Текстовите кои се поврзани со овие споменици тврдат дека “ креацијата се случува во Црната дупка,” на “Раскрсниците,” и “слика” ќе се појави на небото. Маите го присвоија календарот на Изапа, митовите за создавањето и методот за одбројување на временските циклуси.
Познатиот истржувач и научник Линда Шел напиша: “ Сфатив дека секоја голема слика од космичкиот симболизам на Маите е веројатно мапа на небото... Моделите на Млечниот Пат и соѕвездијата беа директно поврзани со визијата на маите за креацијата.” Нејзината реализација придонесе многу за разбирањето на космологијата и пророштвата на маите.
Со цел да ја сфатиме пораката на маите, треба да знаеме барем малку за тоа како тие го гледаа небото и како настаните на небото укажуваа на смрт, преродба и минување на времето, за душите кои живеат во оваа галаксија и во овој сончев систем.
Млечниот пат е нивната главна слика во небото. Како што знаеме, живееме во границите на нашата галаксија и млечниот пат претставува густа група од ѕвезди кога гледаме кон центарот на галаксијата. Тој се појавува како долга лента од ѕвезди над нас.
За маите, појавувањето, минувањето и слегнувањето на Млечниот пат во небото означуваше главни точки во временскиот циклус. Исто така, деловите од Млечниот Пат и другите ѕвезди кои се важни во нашето небо, имаат особено значење за нашите животи и за историјата на човештвото, како и за божествените царства, царствата на нашите богови.
За маите, главните карактеристики на Млечниот Пат и промените во неговата позиција, како и неговиот облик во текот на ноќта, го откриваат нашето потекло, пат и судбина. Тие се Дрвото на Животот; Небесниот Крокодил кој го глода Дрвото на Животот; Космичкиот Чун на “Боговите кои веслаат” кој оди веднаш зад Крокодилот; “лежечкото небо,” или местото на црниот сон; и седум ѕвезди во Големата Црпка, кои ги претставуваат егоцентричните Седум Папагали, кои сакаа да му го земат местото на Сонцето.
Површно, небесниот пат ја раскажува приказната за појавата на Дрвото на Животот при залезот на сонцето, проследена од појавата на егоизмот и себичноста ( како што се забележува кај седумте папагали), што доведува до појава на опасни мрачни пориви кои се влечат на стомак ( како проклета змија во рајската градина) и го напаѓаат раѓањето на животот. Но овие се протерани од страна на боговите веслачи, и најпосле Дрвото на Животот е преродено и повторно изгрева некаде околу зората- целата приказна за создавањето, падот и возобновувањето на животот.
Преродба на 21ви декември, 2012 година

На 11ти август 3114 година п.н.е. почна новата сончева ера и беше прероден богот Сонце. Често се прикажани боговите кои се господари на создавањето, следејќи ја преродбата на светот, а овде е вклучен еден кој е наречен Болон Јокт, кој е поврзан со војната, конфликтите и подземниот свет. И покрај овие врски, Болон Јокт е бог кој често е присутен за време на настаните на создавањето. Тој е прикажан на керамика, наречена Садот на седумте богови, кој ја содржи датата 3114 п.н.е, почетокот на нашиот сегашен 13-Бактун циклус. Се разбира, датата која не интересира е почетокот на следниот 13- Бактун циклус, кој се јавува на 21ви декември 2012 година, крајот на мајскиот календар. Неодамнешен превод на текст од Тортугеро, класично место на маите северно од Паленк, експлицитно укажува на датата 21 ви декември 2012 година. Преведен од страна на мајскиот епиграф Дејвид Стјуарт, читливиот дел од текстот вели: “ На крајот на 13 Бактуни, на 4 Ахау 3 Канкин, 13.0.0.0.0; нешто се појавува кога доаѓа Болој Јокт.” Глаголот глиф кој опишува што се случува е избришан, така што е заменет со зборот нешто, но е насликан богот на создавањето Болон Јокт, а тоа значи дека според маите 2012 е година на создавањето, односно повторното создавање на светот, и тоа веројатно за време на војна, конфликт и доминација на подземниот свет и неговите богови.
Како што можеме да видиме, крајот на мајскиот календар е едноставно крајот на сегашната ера. А за нас е важно дека тоа го означува почетокот на следниот циклус, а тоа е циклусот на преродбата, обновувањето.
Не постојат специфични белези или извештаи за 2012 година во археолошките ракотворби на Изапа, но постојат голем број на слики кај Изапа кои прикажуваат ретко небеско здружување кое се појавува на небото околу 2012 година. Галактичкото порамнување ја означува преродбата на декемвриската рамноденица, како и преродбата на Богот на Сонцето преку обидите на седумте црвени папагали да го заменат. Богот на Сонцето изгрева преку темниот јаз во Млечниот Пат, кој е лоциран меѓу стрелец и шкорпија. Шкорпијата е претставена близу основата на Дрвото на Животот во мајските илустрации. Душите на земјата доживуваат промени во галаксичките сезони, божествена промена во временскиот циклус, со тоа што нашето Сонце се движи кон преродба кај “Црната дупка” на божествената основа на Дрвото на Животот ( локација во млечниот пат). 21ви декември 2012 година го означува крајот на оваа 5,125-годишна ера во која живееме и почеток на нов живот на Земјата.
Кога го прашаа што новата ера значи за човештвото, Едгар Кејс одговори: “ со целата свест за способноста за комуникација со креативните сили, треба да бидеме свесни за поврзаноста со креативните сили и употребата на истите во материјалните опколувања. Што донесе оваа свесност за време на периодот или годините на ерата на Атлантис и Лемурија или Му? Уништување на човекот и потреби кои се движат по патот на себичноста.” (1602-3)
Кејс не информира дека во претходниот временски циклус, човештвото имало ниво на совест и врска со креативните сили, кои ни овозможија да живееме на повисоки нивоа на материјална ментална и духовна активност на Земјата и надвор од неа. За жал, ние погрешно ги употребивме совеста и моќта кои беа во блиска врска со силите. Оваа погрешна употреба доведе до уништување на нашите големи култури и долг пат на душата низ болка и збунетост, кои беа последица на нашата себичност и доминација на нашата волја, без оглед на волјата на Создавачот, како и на останатите. Сега, како што циклусите повторно се враќаат, се приближуваме кон време кога нивото на свест и врската со креативните сили ќе ни овозможат уште еднаш да ја добиеме оваа моќ. Но, како ќе ги искористиме овојпат?
Пред да се разочараме дека човештвото повторно погрешно ќе ги употреби, ајде да се потсетиме дека многу души а дури и Логосот, Зборот, и понатаму преминуваат во материјалност, со цел да помогнат да се подготви патот за оваа преродба. Ние ја преценуваме моќта на светот и неговите лидери. Невидените, божествени сили имаат поголема моќ и ќе ја надминат темнината и себичноста во светот, пробивајќи се со светлина, која ќе го преобрази ова кралство за илјадници години, кога целото зло и искушение ќе бидат ограничени и ќе завладее златна ера. Библиската книга на откривањето го пренесува ова пророштво: “ Видов ангел кој доаѓа од небото, држејќи го клучот од бездната и долем синџир во неговата рака. Тој го заплени змејот, старата змија, кој е и ѓавол и сатана, кој ја лаже целата населена земја и го врзува за илјадници години.”
Дали 21ви декември 2012 година, е почеток на исполнување на овие прекрасни пророштва од страна на Едгар Кејс и Разоткривањето, или само уште еден чекор од долгиот пат кон ваквото исполнување?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Катаклизма 2012, ако продолжиме со негативното и деструктивно уништување на планетата и на самите себе.И доколку човештвото
мисли дека може да живее без духовното односно без принципи и вредности кои не прават да бидеме луѓе. Ако не се
разбудиме и духовно еволуираме во светлосни битија. Ако продолжиме да ги труеме нашите души односно себе со сопствената негативна енергија а тоа е неприфаќането, нетолерантност омраза гордост его, осудување нашиот страв непростувањето кон себе и се околу нас и ако не разбудиме
доволно љубов во нас за нас и за сите и се околу нас тогаш ова сигурно дека ќе се случи за некого пред 2012 за некого после 2012 изборот е наш затоа да не се плашиме од ништо и да се раководиме и делуваме според нашето срце а не според умот затоа што умот е програмиран
да се плаши неверува и расудува а срцето никогаш не греши и не води кон еволуирање кон светлината и супериорната интелегенција
во секој од нас во чија основа е љубовта....
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Земјата следната година би можела да добие и второ сонце. Една од најсјајните ѕвезди на небото ноќе над нас забрзано губи маса и наскоро би можела да станe супернова.
Сценариотo по кое би требало тоа да се случи, за австралискиот портал Њуз.ком.ау го открива доктор Брад Картер. Се работи за ѕвездата Бетелгес, црвен џин, што нагло губи маса, а тоа е индикатор дека таа ѕвезда умира. Тоа понатаму би значело дека останува без гориво и дека во секој момент може да стане супернова.

Кога тоа ќе се случи, истакнува Картер, најмалку неколку недели потоа ќе видиме и второ “сонце“ на небото.

Истовремено, можно е во истиот временски период да нема ноќ поради суперновата и големата количина на светлина, вели Картер и додава дека тоа би можело да се случи веќе следната година.

Експлозијата на Бетелгес би можела зад себе да остави неутронска ѕвезда или дури црна дупка на 1.300 светлосни години од Земјата, пишува австралискиот портал.

Картер, меѓутоа ги предупредува заговарачите на апокалипса дека не треба да избрзуваат со предвидувања за пропаст на светот, бидејќи Земјата во случај на супернова ќе биде само испрскана со безопасни честички, но дека Земјата ќе има корист од тоа.

“Дождот од неутрини би можел да биде корисен за Земјата. Неутрините всушност произведуваат злато, сребро и сите тешки елементи како ураниум“, нагласува Картер.

(текстот е ископиран од http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81739&kategorija=6)

колку што забележав датумот се совпаѓа со така наречениот „кобен“ 21 декември 2012. :) коинциденција или не?
Дождот од неутрини би можел да биде корисен за Земјата. Неутрините всушност произведуваат злато, сребро и сите тешки елементи како ураниум

Дај нека наврне кај мене у двор неутрини. :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Мистичните христијански текстови од Стариот Завет раскажуваат за таинствениот запис кој Бог го чува во својата десна рака.
Затворен е со седум печати и ја крие тајната на четирите јавачи на апокалипсата.
Со други зборови - тајната за крајот на светот.
Според Библиските текстови, четирите јавачи односно - Освојувањето, Војната, Гладот и најпосле Смртта - ќе го најават Судниот ден и нашиот крај.
Човештвото повеќе од 2000 години живее во страв од овие кобни јавачи, а кој чека ќе дочека.
На интернет со неверојатна брзина се рашири снимката на „четвртиот јавач на апокалипсата“ - снимен на крвавите улици на Каиро.
Зеленото привидени на јавачот и неговиот коњ во галоп се издига над земјата и исчезнува во воздухот.

Сватете го ова сериозно, или отфрлете го како уште едно оптичка илузија, но „јавачот на апокалипсата“ во Египет денес е една од главните вести на ценетите телевизиски станици како Euronews.
И? Што мислите вие?

"When the Lamb opened the fourth seal, I heard the voice of the fourth living creature say, "Come!" I looked and there before me was a pale horse! Its rider was named Death, and Hell was following close behind him. They were given power over a fourth of the earth to kill by sword, famine and plague, and by the wild beasts of the earth."

"The color of Death's horse is written as khlôros (χλωρóς) in the original Koine Greek which is often translated as "pale", though "ashen", "pale green", and "yellowish green"http://en.wikipedia.org/wiki/Four_Horsemen_of_the_Apocalypse#cite_note-LMorris-7 are other possible interpretations"

HAS ALREADY BEGUN.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Ме потсети на Бил Купер, и неговата грижа за лажирање на апокалипсата.
Хахах Behold a pale horse, чудно е како овој човек го потрефи овој настан, да не зборам за 9 11.
http://www.4shared.com/get/W3ytKeSf/Cooper_William_-_Behold_a_Pale.html;jsessionid=AB6764CCFDA24B875276B27C5410740F.dc211
Не ја прочитав цела книга ама ова ме натера да ја читам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom