Дали купувате брендирана или небрендирана облека?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали се марки или не,јас од излог купвам шо ќе ми се бендисат...ме мрзит за шопинзи!
 
Строго брендирана облека носам, никогаш во животот не сум се осудила да носам нешто небрендирано, тоа ми е испод ниво секако, а јас имам имиџ за одржување. Најчесто ја купувам од Шутка во сезона на попусти.
 
хаах и ја исто маче.. следен пат заедно одиме :D
 
Купувам што ми се свиѓа.

Тачно!

И сите го прават тоа. Многу моронско би било да ти се допаѓа некое парче облека а да не го купиш само затоа што не е бренд.
И навистина, што е со снобаријава во државава?
Италија може да ни подзавиди во тоа колку сме модерни и брендирани сите.
 
Купувам исклучиво брендирана гардероба и чевли. Се` ми е наредено по боја, нијанса и категорија. На пример, Prada, Burberry и Dolce & Gabbana стварите ми се изнад Diesel или H&M. Се ужаснувам од небрендирана облека и кога би морал да носам no-name ствари, тоа би било за мене наjтешката казна која не верувам дека би ја издржал. Еднаш сонував дека сум носел шодае патики и два дена не можев да си дојдам на себе. Гадно беше.
 
Ако најдам нешто од нашите производители што ми одговара и по модел и по цена, купувам од нив. Дали знаевте дека штипските фабрики шијат за Mango, H&M... Единствено внимавам на чевлите, да бидат ортопедски, кожни, зошто имам проблеми со нозете и кичмата, но и тие гледам да ги земам на некој попуст...
 
Сирома чоек сум не само јас има и многу сиромаси како мене јас питачам за еден леб цел ден по улиците како уличар сум станал, неам пари за леб да си купам мојот татко е со социјално значи социјален случај е исто така и мајка ми зима инвалитска пензија и детски додаток не е способна за да оди на работа, секој ден трпам за леб абе сиромаштија одвај денот да го прекараш, куќата моја од сите страни ми тече вода, не е доправена немаме пари татко ми вика синко оди малку питачи на улиците да собереш пари да ја доправам куќата па како што можете да видете бидејки сум сиромашен чоек секогаш купувам брендирана облека од најскапите, не одам да купувам облека до Шутка од татко ми е тоа одење до Шутка ми е строго забрането.:D
 
зависи што е за тебе бренд, зошто јас манго, х&м њу јоркер, теранова, не ги сметам за бренд, од бос па надаље...како и да е за мене површни се луѓето што купуваат исклучиво нешто од одредена продавница не размислуваат објективно туку се заслепени од брендот
 
Купувам се што ми се допаѓа а гледам и да има пристојна цена сигурно нема за едно парче облека да давам 5-6000 ,сепак неможам да штедам само на чизми и патики:)
 
зависи што е за тебе бренд, зошто јас манго, х&м њу јоркер, теранова, не ги сметам за бренд, од бос па надаље...како и да е за мене површни се луѓето што купуваат исклучиво нешто од одредена продавница не размислуваат објективно туку се заслепени од брендот

Е тука си грешка. Манго во никој случај не смее да се става во ист кош како теранова и компанија. Во основа, постојат два типа на облека кои се пристапни до поголемата маса - High end и Low end fashion. Манго и Зара ( Zara Women зошто TRF колекцијата е поевтина) се припадници на High end fashion и претставуваат едни од најквалитетните брендови на облека пристапни до купувачите, а сепак не се доволно ефтини за да си ги дозволат сите. За споредба, еден капут во Зара (без попуст) чини 190 евра додека капут во Теранова чини максимум 2500 денари без попуст. Во Манго на пример, просечната цена на џемпер е 2500 денари, а во теранова 700. Така да, зборувано во глобала, оние кои се облекуваат од овие марки можат да сметаат дека се облекуваат брендирано.
 
добро да згрешив малку не требаше да го ставам манго со овие другиве "брендови"-инаку зара да дефинитвно е поише хај енд што би рекла ти, не ми ја чепкај, машката колекција е сон било која сезона
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom