Им обрнувам исто внимание и на друштвото и на партнерот. Добро, можда мааалце повеќе на партнерот

, ама тоа зависи и од друштвото и од моментот...
Имам другар и другарка што порано беа во врска (Почивај во мир, Врско), ама немаа усул луѓево.

Некако беа ненаситни еден од друг, особено на почетокот (а долг почеток беше тоа, за месеци се работи

), и кога ќе излезевме се однесуваа како да се сами: се јадеа буквално.

Не правеа муабет со никој околу нив, само се љубат, се гризаат, се лижат, скоро секс преку алишта

pos

- не знам зошто воопшто излегуваа со нас, наместо да си останат дома на раат да си се гњават.

Дури непријатно ти станува, не дај боже да си сам со нив, не те перципираат, ти се лигават тука пред тебе, ти буљај у таван и свиркај си.
Претерано е ова, треба да се воздржуваш малку кога си во друштво, има моменти кога сте сами и можеш така да се однесуваш, ама и моменти кога сте со други и треба и нив да ги удостоиш со малку chat и зезање.
А секако ни партнерот не смееш да го запоставиш, нека си биде тука до тебе, само да не премине во јавен секс преку алишта, реков веќе.
