Спектакуларни апсења, борба против криминалот, или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Закон за употреба на јазиците.
Разни закони и закончиња, кои воглавном се против демократијата во Македонија (закон за лобирање), или дирекно насочени против Македонскиот работник (Законот за работни односи).
Парното поскапе за 60 проценти.
Струјата ќе оди нагоре.

Ќе има во скоро време забава...наречена борба против криминалот и корупцијата.
Јас мислам дека ова недела, ќе се смисли нешто, со кое на народот ќе му се даде "разонода", за да не мисли на "лошите" работи.

На пример....Заев - втори дел.

Или можеби уште утре....којзнае...?
 
Ма мочај му се на законите...јас само едно знам...кој како си доаѓа на власт овие последниве 15 -тина години, се помалку можам да се шеткарам наоколу... ти ебам визите, и знам дека за истите пари (кои стално остануваат исти) можам да купам се помалку и помалку работи...
За светла и поубава иднина се изнаслушавме до 1990, ама трендот изгледа продолжува со исто темпо, погледни ги рекламните паноа низ градот, а тие два збора се се подалеку и подалеку...да биде трагикомиката поголема тие што ги ширеа тие логоа денес им се остварени соништата
 
Николо Макијавели во една своја книга ни го опишал примерот со античка Картагина, град – држава која за некоја своја војна ангажирала странски платеници како свои војници. По завршувањето на војната, Картагина одбила да им го плати дополнителниот ветен бонус на своите платеници пред да ги отпушти и тие се побуниле. Водачите на платениците свесни за својата ризична положба и знаејќи дека политичката елита на Картагина е многу итра и склона кон заговори и задкулисни интриги, се исплашиле за своите животи бидејќи до нив дошла вест дека Картагинците решиле да им го дадат ветениот бонус на платениците, но под услов овие да им ги пратат како заробеници нивните водачи.

Со други зборови, Картагинците им дале на побунетите платеници понуда која што овие не можеле да ја одбијат: вам ќе ви простиме и ќе ви платиме што ви должиме, ама под услов да ни ги дадете оние кои ве поведоа во вашиот бунт против нас. Исплашени за своите животи, раководителите на бунтот ја направиле единствената паметна работа која што можела да им ги спаси главите: кога дошле преговарачи од Картагина да преговараат со бунтовниците и на платениците да им ја изнесат понудата за поткуп во замена за главите на нивните водачи, раководството на платеничката војска моментално, пред преговарачите дури и да можат да се престават и да си ги кажат имињата, им ги отсекле главите на преговарачите!

И потоа, во кошници им ги пратиле назад на властите во Картагина со порака дека сите платеници кои биле во состојба на бунт, сите учествувале во убивањето на преговарачите и дека со тој чин тие решиле симболично да „ги запалат мостовите“ за помирување и преговори и дека се решени да одат до крај – или победа или смрт. Јасно е дека по ова, Картагинците ги отфрлиле сите можности за понатамошни преговори и поткупи и тргнале во борба против своите побунети платеници. А платениците се бореле до смрт, затоа што знаеле дека после она што Картагинците мислеле дека сите платеници го сториле, немало веќе можност за барање прошка.

Е сега, која е врската меѓу овој пример раскажан од легендарниот и контроверзен политички мислител Макијавели и нашата политичка реалност? Па, многу просто, овде Никола Груевски и неговиот тим ја играат улогата на побунетите платеници против Картагина, а Картагинците секако се водачите на СДСМ, таа криминализирана и корумпирана банда, која за среќа веќе две години не е на власт.

Во случајов, логиката која стои зад спектакуларните апсења и постојаниот прогон врз опозицијата е како сечењето на главите на преговарачите испратени од Картагина.

Премиерот во едно интервју се беше пофалил дека дома имал збирка од над две илјади книги, и тоа главно од историја, политика, економија... ништо чудно што му се потребни четири станови, едниот сигурно му служи како библиотека за сите тие книги. Ако барем половина од книгите по историја ги прочитал, тогаш сигурно знае што го чека ако го изнервира народот свој. Знае дека народот дава власт и зема власт и дека ако му ја земе власта, оние што сега ги прогонува и апси спектакуларно ќе му земат сѐ останато и ќе го фрлат во затвор, за многу години.

Tоа е добро. Добро за нас, обичните луѓе кои само сакаме да живееме во модерна, напредна, богата држава, со економска перспектива за сите нас. Со премиер кој всушност ни е заложник нам, кој буквално го чека темна иднина во темни зандани ако ние го шутнеме од власта, тој ќе стори сѐ за да не нѐ налути нас, гласачите. А најдобар начин и единствен сигурен пат за да го постигне тоа е да работи паметно и чесно.

И затоа, да живеат спектакуларните апсења мотивирани од политички побуди! Токму тоа и треба на Македонија за да има чесна власт, власт која ќе се плаши да не го налути својот народ.



Патем, кога веќе зборуваме за прогонувањето на опозицијата, забележавте ли дека откако претседателот го помилува Заев, од партијата на струмичкиот градоначалник како да заборавија на целата работа, ни пресови држат, ни дебати или трибини организираат. Тотален молк.

Се чини дека единствените кои се трудат таа тема да ја одржат во фокусот на јавноста се вмровците заедно со „нивните“ медиуми и невладини организации, и самиот Заев.

Знае некој зошто? :toe:
 
Зошто ако се толку јаки доказите за сторено дело 80/100 приведени и веќе осудени на пропаст од МВР, ќе бидат наскоро ослободени? Бидејќи МВР-то е неспособно до коска. Бидејќи апси со единицата за брзо распоредување осомничени (без докази) за сторено кривично дело "злоупотреба на службена положба" и за да ја има на вечерните вести на А1 Телевизија.

МВР :bip:
Toa im e skolo od tandemot Lube Boskovski i za zal veke pocinatiot Pane Velev,koi imaa ogneno krstevanje so apsenjata vo Veles.
 
Toa im e skolo od tandemot Lube Boskovski i za zal veke pocinatiot Pane Velev,koi imaa ogneno krstevanje so apsenjata vo Veles.

Уапси пред камера,заеби му колку-толку мирен фамилијарен живот и пушти го во недостаток на докази.Се сеќавам на таканаречените “бомбаши лавови“ од Прилеп кој деновиве се пуштени на слобода во недостаток на докази одкако направија игран филм со нивните спектакуларни апсења.:kesa:
 
присуствував на апсењето на еден професор по музика на сред центар во Струмица па луге мои мислиш се апси бил ладен ај камери и се друго ( го даваа на тв) му ставија лисици и кога сакаше тој да влезе во колата неее не му даваа има да лежиш на хауба ,до ден денес нема процес ,наводно бил обвинет за мито...... и сега кој ке ја плати штетата........ не велам дека не бил таков или онаков ама за начинот на апсење :tapp::tapp: или за судска завршница е тука нема абре ни холивуд не ни е рамен
 
Никола Младенов во новиот број на Фокус дава интересен предлог на оваа тема.Откако осомничениот ќе биде повикан на разговор кај истражен судија тој предлага спектакуларното апсење да се замени првично со домашен притвор.По седум дена кои би биле доволни за подигнување на обвинение на обвинетиот да му се дадат 30 дена да ја спреми својата одбрана до првото судско рочиште.Потоа судскиот процес да биде отворен за јавноста па дури ако треба и пренесуван во живо.Судскиот спор би требало да завши брзо и кај јавноста да не останат дилеми дали осомничениот е криминалец или власта му спакувала случај.
А јас би додал дека и судијата ќе подразмисли дали да биде пристрасен зошто ќе биде изложен на окото на јавноста.
 
Море никако,има веднаш и кугла за нога да му се врзе на обвинетиот а пред судот по цел ден да ја чека Ивона Талевска да се нашминка,или Латас да се врати од педикир.Ако случајно се заглават во гужва и се јават дека нема да можат да присуствуваат,тогаш пикањето кај истражен судија може да се пофтори и друг пат ама важно е ефектот да биде постигнат.Абе Холивуд не им е рамен.:toe:
 
Milco Mancevski treba da uci od nasite gospoda reziseri koi sekoe apsenje go prosleduvaat so odnapred razraboteno scenario.Samo zavrsnica na filmot ne gledame.Posledno Lambe Arnaudov,a predhodno Gradonacalnikot na Aerodrom...
 
баш е супер да си гледаш комуњарчиња што краделе пари со лисици на :tv:мераци
 
Безпрекорната борба на власта, против криминалот и корупцијата во државава, и натаму продолжува....со несмален интензитет, но со нов наслов:
Лов на вештерки.

Пријава за братот на Заев за загрозување на сигурноста

Загрозување на сигурноста. Ова е првата кривична пријава која ја заработи учесник на протестите против притворањето на струмичкиот градоначалник.

33-годишен струмичанец, учесник во толпата на 30 јули на местото викано Слобода, за време на блокадата на патот Струмица - Радовиш, упатувал закани кон полициските службеници кои си ја вршеле работата.
Оваа кривично дело денеска полицијата го обелодени во својот дневен Билтен, на својата интернет страница. Освен иницијалите В.З., во соопштението полицијата објаснува и кој му е брат на пријавениот.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.З. (33) од Струмица за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, инаку брат на градоначалникот, упатувал закани кон полициските службеници кои биле присутни на самото место“, стои во полицискиот извештај.
Освен оваа пријава, во денешниот Билтен на МВР, роднински врски, за другите кои кривично биле гонети за други дела, не се спомнуваат.
Обичај е заштитата на личниот идентитет и на семејствата секогаш да биде запазена на интернет страницата на МВР, дури и во случаи кога пријавените се дел од стореното кривично дело, нивната роднинска поврзаност не се обелоденува.

Хелсиншкиот комитет и МВР се во вербална војна околу пресумпцијата на невиност. Заштитниците на човековите права инсистираа на применување на членот 8 од Европската Конвенција при обезбедување информации за осомничени, обвинети или осудени во кривични постапки, треба да се почитува нивното право на приватност.
Министерството за внатрешни, пак, се сомнева дека реакциите на Комитетот за човекови права имаат политичка позадина.


Извор А1
 
Па сигурно самиот им се пофалил... “ Знаете ли коој сум ЈААСС“, “Знааете ли коој ми е браат?“...:pos2:

И кога го препознале.... “Ќе ве кажам на браатт миии“... “ Батооо беее јавии се во А1...бааатоооо“ :tv:
 
Па сигурно самиот им се пофалил... “ Знаете ли коој сум ЈААСС“, “Знааете ли коој ми е браат?“...:pos2:

И кога го препознале.... “Ќе ве кажам на браатт миии“... “ Батооо беее јавии се во А1...бааатоооо“ :tv:

Смеј се ти колку сакаш.
Но останува фактот дека М.В.Р. се повеќе наликува на партиски штаб.
А ако мислиш дека тоа е добро....продолжи си да се смееш.
 
Па кога МВР не било партиски штаб?


Можеби за време на апсењето на Тарчуловски... или тоа не беше доволно СПЕКТАКУЛАРНО, да му разбиваат врата специјалци и да го киднапираат пред мало дете и жена во 3 сабајле, за да го однесат во Хаг.

Затоа доста жртви ќе изграваат СДСовциве. Искрено да ти кажам, баш е смешно како кукаат за истите работи кои ги правеа во минатото.

И онака ти ќе си пишеш тоа што ти одговара. Бркај работа “другар“.
 
Па кога МВР не било партиски штаб?


Можеби за време на апсењето на Тарчуловски... или тоа не беше доволно СПЕКТАКУЛАРНО, да му разбиваат врата специјалци и да го киднапираат пред мало дете и жена во 3 сабајле, за да го однесат во Хаг.

Затоа доста жртви ќе изграваат СДСовциве. Искрено да ти кажам, баш е смешно како кукаат за истите работи кои ги правеа во минатото.

И онака ти ќе си пишеш тоа што ти одговара. Бркај работа “другар“.

Па нели бе "другар" твоите дојдоа за да ги променат работите во државава. На секоја лоша работа што се случува, вашата одбрана и одговор е, и другите правеа така.
Јас се прашувам, што се поразлични едните од другите ?
Денешниве се поуспешни само во политичката пресметка со ривалите, патризирањето на судството и трупањето на партиски војници во јавната администрација.
Или ти успешноста ја гледаш во алибито дека и другите правеле така.
Доколку е така, зошто го спомнуваш Тарчуловски.
Па тој беше уапсен со амин на твоите...не ти текнуе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom