Спектакуларни апсења, борба против криминалот, или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Ја џабе кршев прсти по тастатурава или ти коментираш колку да се каже нешто?
Не постои обвинител кој што ке прифати дело од МВР без јаки и издржани докази.

Добро, или јас не можам да те разберам, или ти не можеш да ми објасниш.

Како што те разбрав.
Не е крива полицијата што апси без докази, туку се криви судиите што пуштат поради недостаток на докази ?

Или пак врз обвинителите се врши притисок, за да процесуираат дела без докази ?
 
Па врз која основа пријателе се апсат 50/80 луѓе наеднаш, ако се нема докази ?

ama sigurno ne "onaka od razonoda" neli ?
uapsen , obvinet , pritvoren - sugurno ne e - vinoven , a sekoj "obvinet" ne znaci deka e vinoven - koj taboti i gresi , a mozebi obvinitelkite tilku bile "kompetentni" stom gi trgnaa od delata .
 
Зошто ако се толку јаки доказите за сторено дело 80/100 приведени и веќе осудени на пропаст од МВР, ќе бидат наскоро ослободени? Бидејќи МВР-то е неспособно до коска. Бидејќи апси со единицата за брзо распоредување осомничени (без докази) за сторено кривично дело "злоупотреба на службена положба" и за да ја има на вечерните вести на А1 Телевизија.

МВР :bip:
 
Добро, или јас не можам да те разберам, или ти не можеш да ми објасниш.

Како што те разбрав.
Не е крива полицијата што апси без докази, туку се криви судиите што пуштат поради недостаток на докази ?

Или пак врз обвинителите се врши притисок, за да процесуираат дела без докази ?
Се разбравме конечно.Полицијата прибира докази и истите ги изнесува пред суд.Од тука понатаму се е во надлежност на судот.Доказни материјали,комплетна документација иде у суд.И тука настануваат сите куршлузи.
 
ama sigurno ne "onaka od razonoda" neli ?
uapsen , obvinet , pritvoren - sugurno ne e - vinoven , a sekoj "obvinet" ne znaci deka e vinoven - koj taboti i gresi , a mozebi obvinitelkite tilku bile "kompetentni" stom gi trgnaa od delata .

sonne, Јас разбирам нели дека секој што работи, понекогаш и греши.

Но да се нема исход за 95% од случаите кои беа главна забава за народот изминатава година...а кои се гордост на власта во битката по организираниот криминал....е тоа неможам да го разберам.

Тука нешто смрди...море труе.

Или МВР е неспособно да обезбеди издржани докази.
Или нема криминал.
 
Зошто ако се толку јаки доказите за сторено дело 80/100 приведени и веќе осудени на пропаст од МВР, ќе бидат наскоро ослободени? Бидејќи МВР-то е неспособно до коска. Бидејќи апси со единицата за брзо распоредување осомничени (без докази) за сторено кривично дело "злоупотреба на службена положба" и за да ја има на вечерните вести на А1 Телевизија.

МВР :bip:
За да имаат клошари ко тебе за што да јадат гомна.Единицата за брзо распоредување?Ако имаш блага претстава за тоа што го збориш ке беше малку по културен.
 
Да, единица за брзо распоредување. Нинџи, у секој случај. На види видео, божем не знаеш. ВИДЕО

И не сум клошар :)
А најмалку јадам гомна. Знам дека боли вистината. Ама вистина е бе :)
 
Драгиот ни наш Премиер денес отвораше ново крило во Истражниот Затвор Шутка.

Верувале или не - цитирам - „Борбата против корупцијата и организираниот криминал, според премиерот Груевски, продуцирале со зголемен број ПРИТВОРЕНИ лица со што се надминал капацитетот на соодветните установи“ според новинарот на ТВ Сител.

Значи во една нормална демократска земја борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе придонесе со зголемување на ЗАТВОРЕНИТЕ лица. Па сега наместо да се зголемува капацитетот на затворите како КПУ Идризово очигледно е што сака да постигне владата. Сите кои не и одговараат да ги смести во притвор едно година дена (толку се лежи кај нас за сериозни престапи: оружени грабежи и сл.), целосно да им го урне угледот и за тоа никој да не одговара.

Така неможе. За секој случај на неоправдано притворање некој треба да одговара, а не невини и недолжни луѓе да црвосуваат по затворите само заради нечиј ќеф.
 
Да, единица за брзо распоредување. Нинџи, у секој случај. На види видео, божем не знаеш. ВИДЕО

И не сум клошар :)
А најмалку јадам гомна. Знам дека боли вистината. Ама вистина е бе :)
Боли вистината,тука си во право.А од мое искуство можам да кажам само едно на муабетиве против МВР---Работата на Министерството за внатрешни работи е осудувана од оние кои го прекршуваат законот т.е од криминалците.А бидејки на лагата кратки и се нозете секој кој што заслужува ке си дојде на ред и кој губи има право да се лути.
 
Стоп.
Не не прави пола од членовите што ја оценувавме работата на твојата сакана министерка како криминалци. Впрочем, делата треба да ја оценуваат работата.
Што направи министерката? Затвори 100 души без никакви докази? Го обвини Таневски за убиствата, толку се фалеше по телевизии, за на крај осомничениот да се самоубие, за најнакрај да се укаже дека некој всусшност го убил?
Фала Министерке моја најсакана.

:bip:
 
me zanima ne sum strucnak vo ova, koja e uloga na istrazen sudija i dali istrazen sudija pokrenuva obvinenie ili istoto go pravi policijata?
 
Добро бе луѓе,гледам,читам и по незнам кој пат се нервирам од тоа што ке го прочитам.Што мислите вие за МВР,дека се собрани кондураџии,семкари,бербери па се прават полицајци?
Позади секоја превземана активност од страна на МВР стојат денови,месеци понекогаш и години на истражување,прибирање докази и реализација.Од кога ке се реализира некој случај тој се предава на судството ни наше“ценето“ и тука престанува дејствието на МВР.
Ако ја цитираме одбраната и најголемите историски криминалци се невини или недокажани.
Ал Капоне е уапсен за затајување даноци а на душа носел над 100 убиства.
Не мешајте политички манџи во работа на министерство чија што должност е за виновните да прибере докази и да ги донесе пред лицето на правдата.А кај нас правдата не само што не гледа туку изгледа и е глува и глупа.

Па резултатите на тоа укажуваат...За жал.:toe:
 
Па резултатите на тоа укажуваат...За жал.:toe:
Тогаш немој ни под точка разно да помислиш да ги викнеш ако случајно ти ја здиплат колата, или недај ти упаднат дома те опљачкаат и при тоа на сите дома маме ви расплачат од ќотек!
 
Тогаш немој ни под точка разно да помислиш да ги викнеш ако случајно ти ја здиплат колата, или недај ти упаднат дома те опљачкаат и при тоа на сите дома маме ви расплачат од ќотек!

Обичните полицајци и вработени во МВР, совесно си ја вршат својата работа.

Најверојатно поентата на Калипсо беше, дека рибата секогаш смрди од главата.
 
Тогаш немој ни под точка разно да помислиш да ги викнеш ако случајно ти ја здиплат колата, или недај ти упаднат дома те опљачкаат и при тоа на сите дома маме ви расплачат од ќотек!

Немој да се жестиш Воне, секоја чест за тие полицајци кои совесно ја вршат својата работа. Но аматерски изведените акции и спроведени истраги ми даваат за право како граѓанин на Македонија да ја критикувам полицијата за чии плати плаќам данок. Поради таквите нестручни полицајци и нивните нецелосни или некомпетентни истраги, ќе плаќаме дебели обештетувања, пак од наши пари.:toe:

Обичните полицајци и вработени во МВР, совесно си ја вршат својата работа.

Најверојатно поентата на Калипсо беше, дека рибата секогаш смрди од главата.

Рибата смрди од главата, ама се чисти од опашката, па така најмалку виновните го јадат стапот за сите, редовно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom