Спектакуларни апсења, борба против криминалот, или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
НАЦИОНАЛИСТ ЦАРИНИЦИТЕ НЕ НОСАТ ОРУЖЈЕ ,НЕ ЛУПЕТАЈ ГЛУПОСТИ ,ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ДА ,ОСВЕН МОБИЛНИТЕ ЕКИПИ(ЦАРИНА) ДРУГ НЕ НЕМА ОРУЖЈЕ . а за мешањето баби и жаби,разликувај ,апсење на убиец и осомничен за злоупотреба,мислам дека разликата е север југ,и друго никој не го брани ЗЗ да не му се суди туку на начинот на кој е приведен.Ако веке има кривична да се повика на суд па ако не се јави тогаш да се приведе како налага законот ,тоа да ама кај нас тоа не е целта ,целта е да се оцрни некој а дали е невин или не не е важно
 
Да не сакаш и црвен тепих да му постелат?

Каков црвен....
Портокалов...наранџаст тепих.
Нова мода...нови критериуми.
Ко на отварањето на салата "Борис Трајковски".
 
Ова е клучната реченица, основна наша карактеристика:toe:
Полека!..стрпи се!...почекај!..а во меѓувреме..прошол возот!:toe:

Да...
Но некогаш е подобро убаво да го одмериш тоа што мислиш да го направиш, или напишеш....отколку непромилено да влечеш потези, за кои подоцна ќе се каеш.
Ова не во врска со законот...туку општо.
 
Една од најспектакуларните акции на ДПМНЕ во ’борба со организираниот криминал’ беше и Змиско Око. Камери, медиуми, публицитет невиден. Повеќе од 100 луѓе заглавија во притвор и по 9 месеци (сумарно од сите акции).

Денес Канал 5 даде известување од рочиштето одржано во импровизираниот суд. Верувале или не - не само што вештаците не утврдиле штета туку патарините донеле добивка, одосно наплатиле повеќе од предвиденото во 2007 година. Значи Владата ги ’бутнала’ во притвор луѓето што си ја работеле работата и подобро од тоа што таа очекувала.

Е сега не е прашање како ќе заврши процесот - луѓето ќе ги ослободат; не е ни прашање дали тие ќе побараат оштета за загубениот углед, работа и времето поминато во притвор - затоа што веќе повеќето од нив поднеле представки пред судот во Стразбур; не е ни прашање кој ќе ја плати оштетата - оштетата ќе ја платиме сите ние со парите кои ги собира државата од нас; прашањето е што ќе се случи со клучните лица во МВР и Обвинителството кои тврдеа ’Имаме НЕСОБОРЛИВИ докази’. Јас мислам дека ќе биде фер Јанкуловска, Котевски и Шврговски да заглават во Шутка барем 9 месеци со врвни 100 души од нивните институции за никогаш повеќе да не им текне да се изживуваат над недолжни луѓе.
 
тој што има диплено, крадено, што злоупотребувал службена положба..Море не со лисици, гол треба да се носи во судот, целиот свет да го гледа..И оние што крадат, да го гледаат тоа, да видиш дали ќе чепнат нешто туѓо после..
Потполно се согласувам со тебе и со сите останати кои го бранат овој став.
НО!!!!!!
Никој од сите оние притворени не крадел! Уствари, јас не знам дали крадел, ама МВР нема докази дека крадел. Одејќи според она "Никој не е виновен додека не се докаже спротивното" (значи на суд секогаш ти го напаѓаш крадецот, никогаш не се брани он со факти дека не украл за тоа што го тужиш) сите тие притворени беа една ебена фарса и еден ебано очаен обид за собирање на поени меѓу офците од народ. Успешна операција, свака ви част... Добивте уште 4 години верни кучки (ништо чудно после овој пост до сабајле да ме соберат тешко вооружени специјалци од мојот топол дом).
Целосно разочаран сум од работата на МВР. Тек сега почнаа да се гледаат нивните огромни неуспеси. МВР-то не е тука само за да отиде да го уапси Фатмир од долно мочани бидејќи дила трева по комшии, туку и да обезбеди непобитни докази дека он навистина го прави тоа!
Ебате фотогеничните, сегде мора да ги има. Без разлика што тотална утка е нивната "слика" а раја се пали.

Ќе напоменам 2 најголеми неуспеси на МВР (на времето се мававме во гради дека тие се нивни најголеми успеси)
1. Вештачењето за Змиско око не може да ја покаже штетата | Извор
2. Танески починал од “насилно задушување заради удавување” | Извор

А како бакшиш, државата (ние граѓаните) ќе мораме да ги оштетиме лажно обвинетите со 5 милиони евра. Онолку за колку што беа обвинети првично.

На здравје бричење.
Со љубов,
Твоја ВМРО. ДПМНЕ.
 
Инаку, еве уште една, од многуте "успешни " борби против организираниот криминал на ова Влада:

Падна пресудата за шверц на мигранти и луксузни возила позната како „Југ“. Еден од најобемните судски процеси Врховниот суд го поништи, дознава А1.
Во средата било испратено решението до Основниот суд 1, со забелешка дека е повредена постапката или посебните истражни мерки преку кои се собирале докази траеле подолго од дозволеното.
Во Основниот суд се шокирани од ваквата одлука, но ќе мора да закажат ново судење во услови кога некои веќе ја издржале затворската казна.

Оттаму тврдат дека имаат доказ за посебните истражни мерки кои, според нив, траеле помалку од шест месеца и повторно ќе ги презентирале на повтореното судење.

Во процесот „Југ“, кој заврши во ноември 2006-та, 26-те обвинети добија 106 години затворска казна за шверц на мигранти и луксузни возила.
Обвинителството во шест месеца, колку што ги следело, ги имаше обвинето дека во девет наврати прошверцувале стотина албански имигранти од Македонија во Грција, но и дека шверцувале крадени џипови во Македонија.

Двајцата првообвинети како организатори, Дејан Стамков и Јане Белдедовски, добија 13, односно 10 години затвор.
Целиот процес тогаш доби и политички димензии. СДСМ за нискиот рејтинг пред изборите го обвини братот на уапсениот командир на граничниот премин, професорот Ѓорѓи Иванов, дека ги фингира анкетите.

Обвинетиот Блажо Иванов, кој по едногодишниот притвор беше ослободен, во судницата тврдеше дека бил инволвиран во аферата поради реваншизам на екс цариникот Илија Иљоски, затоа што не дозволил шверц на цигари кон Грција.


Извор А1.
 
За Танески ми текна...
Умре човекот, а мистеријата остана, или се работи на случајот?
Мислам, не само дали е (само)убиство, туку и дали е убиец или не...
 
Добро бе луѓе,гледам,читам и по незнам кој пат се нервирам од тоа што ке го прочитам.Што мислите вие за МВР,дека се собрани кондураџии,семкари,бербери па се прават полицајци?
Позади секоја превземана активност од страна на МВР стојат денови,месеци понекогаш и години на истражување,прибирање докази и реализација.Од кога ке се реализира некој случај тој се предава на судството ни наше“ценето“ и тука престанува дејствието на МВР.
Ако ја цитираме одбраната и најголемите историски криминалци се невини или недокажани.
Ал Капоне е уапсен за затајување даноци а на душа носел над 100 убиства.
Не мешајте политички манџи во работа на министерство чија што должност е за виновните да прибере докази и да ги донесе пред лицето на правдата.А кај нас правдата не само што не гледа туку изгледа и е глува и глупа.
 
Добро бе луѓе,гледам,читам и по незнам кој пат се нервирам од тоа што ке го прочитам.Што мислите вие за МВР,дека се собрани кондураџии,семкари,бербери па се прават полицајци?
Позади секоја превземана активност од страна на МВР стојат денови,месеци понекогаш и години на истражување,прибирање докази и реализација.Од кога ке се реализира некој случај тој се предава на судството ни наше“ценето“ и тука престанува дејствието на МВР.
Ако ја цитираме одбраната и најголемите историски криминалци се невини или недокажани.
Ал Капоне е уапсен за затајување даноци а на душа носел над 100 убиства.
Не мешајте политички манџи во работа на министерство чија што должност е за виновните да прибере докази и да ги донесе пред лицето на правдата.А кај нас правдата не само што не гледа туку изгледа и е глува и глупа.

Па врз која основа пријателе се апсат 50/80 луѓе наеднаш, ако се нема докази ?
 
Па врз која основа пријателе се апсат 50/80 луѓе наеднаш, ако се нема докази ?
Ја џабе кршев прсти по тастатурава или ти коментираш колку да се каже нешто?
Не постои обвинител кој што ке прифати дело од МВР без јаки и издржани докази.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom