Може да е така но и не мора. Зависи што ќе дефинираме под карактер и како тој карактер е оформен? Делумно е секако генетиката одговорна но има и еден куп надворешни фактори каде две личности навидум многу слични во различни животни услови развиваат сосема поинакви карактерни особини. Значи има и нешто што се вика надворешен фактор а тој е дефинитивно променлива категорија.
Карактер може да се смени затоа што не е забетонирана категорија но проблемот е што околу 95% од популацијата заради преголемата самобендисаност не е способна да го согледа во длабочина сопствениот карактер и да ги промени оние особини кои се слаби точки какви што има кај секого.
Тие што имаат способност да гледаат, разберат и прифатат некои работи за себе кои и не се така позитивни можат и нешто да променат па би рекол и од корен да се променат. Останатите ќе останат најчесто какви што ги дал господ. Значи во апсолутни рамки не си во право а во релативни си во право

.
Инаку се согласувам дека голем шок може да предизвика „иницијација„ која може да доведе и до трајна промена на карактерот но само под услов ако дојде и до промена на свеста инаку ќе биде како што кажа, по извесно време се ќе се врати по старо.
Инаку повеќе по темата. Изгледот е променлива категорија, треба да ни се допаѓа но не смее да биде круцијален фактор за нашата одлука затоа што е една од најпроменливите животни категории во позитивна а и во негативна смисла така да некогаш добиваш шатче кое станува лебед а некогаш лебед кој станува патка така да треба и малку осет да се предвиди иднината а и доста среќа

.