- Член од
- 6 јануари 2010
- Мислења
- 1.120
- Поени од реакции
- 104
- Возраст
- 32
Не ги лажам за ништо затоа што се многу либерте и коректни, знаат (скоро) се за мене, знаат со кого се дружам и ми го знаат цело друштво, знаат кај искачам, знаат што правам, така да не гледам причина да ги лажам. И да напраам некоја глупост прво им ја кажувам на нив наместо да ги лажам, затоа што знам дека нивниот совет ќе влијае многу врз мојата одлука, која, доколку би ја донела сама може и да е погрешна. Дури и да не ми дозволат нешто, не ни помислувам да ги излажам, ќе напраиме муабет и откако ќе ми дадат разумна причина зошто нешто не ми е дозволено, го прифаќам тоа и готово. Се додека живеам под нивен покрив и ме финансираат, не планирам да ги лажам.
Е сеа тоа што паѓаат на треп-треп, тоа е друг муабет
Пример: "Мамоооо... треп, треп..." На што следува "ако ти треба и ти е неопходно, купи го". Лажењето дека ми требаат пари за нешто сосема друго за јас да си го купам она што го сакам ми е многу бедно. На крајот на краиштата, и они биле деца и ги знаат тие финти.