Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Секаде низ форумов почнаа да се отвараат теми со содржина слична на онаа која ќе ја има и оваа тема. Ако не се лажам, неколку години наназад, постои ваква тема во која секој си прави кратко резиме на она што му се случило во текот на цела година
Па повелете, на само 3 недели од новата година, во кратки црти раскажете го она што ви ја одбележа оваа 2009 која се ближи кон самиот крај
Ќе започнам јас. Годината ми почна доста пасивно. Ништо не ми се случуваше на приватен план. Школото си течеше по старо, на играорна немаше нешто посебно а ноќниот живот тој период ми беше сведен на минимално ниво.
Некаде на пролет започнаа да се случуваат доста интересни работи. Прво, со играорната освоивме златен пехар (прво место) на интернационален фолклорен фестивал, потоа исто со играорната отидов во Хрватска на една недела и додека бев таму дознав дека сум поставен за модератор на Кајгана
Една недела откако се вратив, заврши школската година и почна летото а со тоа поинтензивно и забавниот живот. Проштеки низ парк, вечерни искачања, дневни кафиња... На крајот на јуни со играорната отидов и во Полска. Нешто по што ќе ја памтам оваа година е дефинитивно посетата на Аушвиц. Мислам дека тоа е нешто кое до сега највеќе ме има потресено. Во Полска си додадов уште една типка на списокот (поздрав до Полина
)
Откако се вратив од Полска, еден месец бев комплетно посветен на самиот себе и на друштвото. Друго ништо не ми беше важно. На почеток на август отидов на одмор во Црна Гора и си поминав прекрасно. Се вратив некаде на 20ти август и последните 10 дена од распустот си ги поминав прекрасно.
На 1ви септември официјално завземав статус матурант
Еден месец подоцна отидовме на екскурзија во Италија каде си поминавме прекрасно
После ексукрзијата следеа некои 7-8 родендени, па се до сега повеќе сум посветен на забавата отколку на учењето.
Се надевам така и ќе ги поминам останатите денови од декември со што ќе ја заокружам 2009, за мене една од најпродуктвините и најуспешните години до сега