20% побрз интернет

Статус
Затворена за нови мислења.

ScarFace

Командант
Член од
11 јануари 2006
Мислења
124
Поени од реакции
2
Кој би рекол дека 20% можат толку многу промени да донесат. Со помош на овој мини твик, ќе си го подобрите сурфањето и ќе го забрзате прикажувањето на страниците за цели 20%. Еве што треба да направите.

1. Од Start изберете Run…
2. Во соодветното поле внесете “gpedit.msc“ (без наводниците);
3. Во новоотворениот прозорец Group Policy кликнете на папката Administrative Templates сместена во секцијата Computer Configuration;
4. Од Administrative Templates изберете Network и потоа QoS Packet Scheduler;
5. Потоа од десниот дел на прозорецот, двапати кликнете на Limit reservable bandwith;
6. Од новоотворениот прозорец изберете enable и наместо 20, внесете вредност 0 (нула);
7. Кликнете OK и затворете го прозорецот Group Policy;
8. Отворете го вашиот Интернет прелистувач и почувствувајте ја разликата.

Поентата на овој твик е во активирањето на опцијата ‘Limit reservable bandwith’, која иако не е активирана има default вредност 20 и автоматски ви крати 20% од овозможениот бендвит. Така и не ви е дозволено да го користите вашиот Интернет оптимум. А вие нели не сакате никој ништо да ви забранува.

Напомена: Овој твик функционира на Windows XP Professional и Windows 2000, а не важи за Windows XP Home Edition (зашто таа верзија од XP не поседува Group Policy менаџер).
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Е ме мрзи сеа по третпат иста работа да објаснувам. Само ке кажам дека не е тоа што мислите. Кого го интересира нека гугла или нека пребара по форумов. Канта плиз.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68

Значи на виста не работи
Алтернатива за ова?
Едит: пробав да го одинсталирам Qos Packet Sheduler Па после цел интернет работеше ко трактор и морав да го преинсталирам
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ако имате Windows XP, тогаш можеби би сакале да го пробате овој совет со кој би ја зголемиле брзината на вашата конекција.

Да напоменеме дека треба да сте логирани како Administrator.

1. Start - Run - впишете gpedit.msc

2. Отворете ја гранката Local Computer Policy / Administrative Templates / Network
3. Влезете во QoS Packet Scheduler
4. Кликнете два пати на Limit reservable bandwidth

5. Одберете Enable во опциите
6. Каде што вели Bandwidth limit % впишете 0 како вредност, а потоа кликнете Apply

Microsoft XP преку ова подесување резервира 20% од интернет конекцијата за себе и своите апдејти. Со ова, теоретски добивате 20% побрз интернет. Проверете по рестартот и пишете ако навистина функционира :)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Не вреди она горе ... не пробвите :)

Колку пари толку музика .... :pipi: од фичо ферари не се прави :smir:
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ај ке кажам пак за оние кои не прочитаа. НЕ РАБОТИ ОВА ТАКА (по третпат:vozbud:)!!!!

Ова е опција за оперативниот систем да зема 20% од интернетот (за апдејт и сл) САМО КОГА МУ Е ПОТРЕБНО. Значи со исклучувањето на оваа опција нема да имате 20% побрз интернет туку само ке му забраните на Виндовсот да си земе 20% кога ке ви текне да праите Windows Update.

Ако сакате 20% побрз интернет барајте го од провајдерите:tapp:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ако имате Windows XP, тогаш можеби би сакале да го пробате овој совет со кој би ја зголемиле брзината на вашата конекција.

Да напоменеме дека треба да сте логирани како Administrator.

1. Start - Run - впишете gpedit.msc

2. Отворете ја гранката Local Computer Policy / Administrative Templates / Network
3. Влезете во QoS Packet Scheduler
4. Кликнете два пати на Limit reservable bandwidth

5. Одберете Enable во опциите
6. Каде што вели Bandwidth limit % впишете 0 како вредност, а потоа кликнете Apply

Microsoft XP преку ова подесување резервира 20% од интернет конекцијата за себе и своите апдејти. Со ова, теоретски добивате 20% побрз интернет. Проверете по рестартот и пишете ако навистина функционира :)
Превземено од овде.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
абе го забрзва го имав твикнато на икс пе тие 20%се за мајкрософт да има пристап до компјутерот
 
Член од
8 јуни 2006
Мислења
131
Поени од реакции
1
и кај мене е забрзан...Не ми се чини, туку download-от ми е 28 кб/с
А порано ми беше 20 кб/с
 
Г

Гоццццце

Гостин
Види вака , лимитот не е на даунлоадот , туку на времето за кеширани податоци. Значи нема врска дека ти се зголемил дауноладот. А тоа 20 % +- не мења ништо . Чим мајкрософт го стаиле да биде 20 нека остане 20. :smir:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.522
Поени од реакции
5.515
Функционира ова или не (да знам дал да пробам)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Функционира ова или не (да знам дал да пробам)
Како велат , за Проба пари не се зема . Плус тоа не е и нешто штетно , јас го направив али ни конекција побрза , ни па нешто друго .. :)) :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom