A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
само да не испадне работаа...пуштивме канали, ќе се доплаќа за нив
 
Првите 2-3 месеци гратис, после ќе си доплаќаш за тие.
 
Може и да бидат вклучени во дтв плус. Мене ме интересира дали ќе има хд.
 
Пазите сценарио пуштија спорт клуб од кога завршија сите првенства ќе има летово и на есен пак да ѓи скинат е тек тогаш ќе има смеење :)
Нека го направат тоа, таман ми завршува договор со нив некаде во ноември.....одма на Телекабел одам.
Ама барем летово раат Мото ГП, Формула и НБА - плјеофов ќе се гледа.
 
1562s5e.jpg
 
„Близу“ ги воведува „Спорт Kлуб“, „Спорт Kлуб + “ и уште 16 други канали

Почитувани,
Телекомуникацискиот оператор „Близу“ минатиот месец постигна согласност со каналите „Спорт Kлуб“ и „Спорт Kлуб +“. Овие канали ќе бидат вклучени во сите дигитални пакети на „Близу“ каде сите претплатници ќе имаат можност да ги следат каналите бесплатно до 31 мај 2012 година.
Истовремено, „Близу“ почнувајќи од 3.5.2012 го воведува и „Тринг“ пакетот кој вклучува 15 канали со најразновидни содржини на албански јазик. Овој пакет корисниците ќе можат да го следат бесплатно до 30 јуни 2012 година.
Уште еден од каналите со кои е збогатена програмската понуда на „Близу“ е и каналот, Радио-телевизија Црна Гора (РТГЦ), кој е повторно вратен бесплатно во програмските листи. Каналот ќе биде бесплатно достапен на сите дигитални корисници на ДТВ и ДТВ Плус, како и пакетите кои ги вклучуваат овие два дигитални пакети.
Исто така, ве известуваме дека почнувајќи од 1 Мај каналот Discovery Travel & Living престанува со работа. Поради тоа ќе биде отстранет од сите АТВ и ДТВ програмски листи.
Со почит,
Близу ДООЕЛ Скопје
Извор Близу
 
Одлично сега барем ке има нешто плус спорт, само тоа не ми се допага бесплатно до 31.05.2012, изгледа после ке се доплаќа.
 
Најверојатно ќе остане бесплатно во ДТВ+ и пакетите три во едно освен Старт (тој од 1000 денари, најефтиниот).
 
Леле Спорт Клуб на Близу. Кој би рекол, има да се изнагледам асално спорт.:vozbud:
Само не знам дали е ова вклучено во пакетов што го користам или пак ќе трае промотивно неколку месеци, па после ќе се доплатува.
 
Сигурно ќе остане бесплатно во поголемите пакети. Во ДТВ 60 ќе се доплатува минимална сума тоа е сигурно. Ќе видиме одлуката каква ќе биде. Се преговара за тринг каналите на дел од нив да има македонски превод, поточно на филмските tring fantasy,tring comedy,tring max,tring super итн. Ќе го видиме крајниот исход
 
Се надевам во брзо време ќе ги понудат спорт клуб и во ХД.А добра работа ако ги преведат тринг каналите што се за филм.Добри работи пуштаат.
 
Фино сефте на Спорт Клуб - АТП Мадрид уште некој ден и Њукасл - Сити, меч кој можеби ќе ја одлучи титулата во Англија. :LOL: А да, и ФА финалето.
 
Гледам на Тринг каналиве има доста филмови и серии, ама јас сум на ДТВ 60 и сигурно нема ниеден да остават...
 
Ја сум корисник на ДТВ+ и сега на ТВ се појави:

Каналите СпортКлуб и СпортКлуб+ бесплатно ќе ви бидат достапни до 31.5.2012

Со ова изгледа сакаат да кажат дека ќе се доплаќа за нив :unsure:
 
Meне ми рекоја ќе биле дел од пакет, smart пакетот ми се чини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom