Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
А ако сакаш да отстраниш боја освен со пескарење можеш да ја намачкаш до глицерин (и за еден ден ке набубри и ка почни да се лупи). После со челична четка на бормашина лесно ке ја средиш работата. Од каде го знам ова? Дотурав глицерин во колата и ми се истури... За еден ден секаде каде што имаше глицерин немаше боја...чист метал. Ај после миниум да не `рѓоса.
 
Неможам да сфатам...металот не е сунѓер...тоа се задржува на површина...а сигурно со стругањето ќе излези...што знам...
Ќе се распрашам и јас...
 
Па... незнам што велат компетентни лица за тоа со глицерин, ама мислам дека откако ке свршиш работа, миење на перална, бришење со еленска кожа и поминување со нитро (па после миниум) неби требало да има никаква штета по бојата + незнам некој посалам мајстор што може да ми објасни за тоа. Ај Струмикс ако можеш прашај некој!
 
А да земиме едно парче лим и да го напраиме тоа...да видиме што ќе испадни. :) хехехехехе
 
Најубаво е да експериментирате на нешто кое не ви е битно, отколку на автомобил кој го реставрирате за да не го испозаебете.

Бреј, колку сум бил јас паметен, а?!!
 
Затоа викам лим...:)

Ама според некои читав вака на нет...поубаво е да си ја има старата боја како своевидна заштита, доволно е само фино шмиргрлање со водобрусна, па после чистење од прашина, па прајмер...па тој со фина 800-ка водобрусна...и фарба...два слојаа...
 
Мајсторов расправаше дека некои хемикалии можат да останат во самиот лим, бидејќи е порозен...Демек микроскопски ако гледаш, ова, она (заб. на ав.) и тие си работат во лимот, и може да излчезат некогаш на површината...
@VW: Е подобра подлога, но што ако пак почне да јаде корозијата, која била во зачеток во моментот на реставрација, сеуште невидлива?
 
Затоа брусалицата каде што ти е сомнителна...каде што набабрува...
Јас сум за детално чистење...плус тоа ќе биде прва фарба после тоа :)

Ај големите површини во ред...брусалица, метална четка...ама каналчињата што се за цедење на водата од покрив...разни ненафатливи места?

Па еве Струмикс ти реставрираш, кажи како ја суреди старата боја?
Ја остави..ја избруса целата...пескарење...што?
 
Ми се еба мамата со стругање до гол лим, мамата....И, затоа ми дојде нерва кога разбрав оти имало и пескарење...
 
Пескарење е надобро ама скапо е. Штознам... каде што ти е сомнително ке удриш 2-3 слоја миниум. Ама незнам дали тоа би ти го решило проблемот за подолго време. Можно е пак да јави по 10-15 години. За ова само некој што работел може да каже. Струмикс што велиш?

А за тоа со глицеринот... Чистеа бандажи пред некое време комшиите така. Ги исфарбаја па еве немаат гајле.
 
Џабе ти е да удриш миниум, кога накоро пак ќе излезе. `Рѓата е како чума. Се шири и од најмала трага. МОРА да ја снема комплетно. Миниумот заштитува однадвор, а ако остане нешто под него...крај! Исто како и без миниум.
Туку добив една идеја во разговор со marcus пред некој ден:
Спомна дека можеби во САНОС имаат апаратура за цинкување? Тие ја изработуваат шасијата, а?
 
Струмикс околу ова:
Струмикс напиша:
Ми се еба мамата со стругање до гол лим, мамата....И, затоа ми дојде нерва кога разбрав оти имало и пескарење...
кога ја иструга до гол лим со што ја заштити додека да ја шприцнеш со првиот слој на Primer затоа што знам дека ако не си внимателен околу комплетно вадење на `рѓата после тоа може скапо да те чини. Ова те прашувам чисто ради љубопитност:smir:
 
Моментално стои кај лимарот кој ќе ја фарба, искрпена, средена, гола школка, покриена со церада, затворена убаво. Има само еден слој миниум на неа, а накнадно кога ќе се фарба, ќе се види со што ќе ја работам.
Инаку, оздола и внатрешноста со багажникот се убаво премачкани со три слоја пластобит од сивиот, врз кој ќе оди фарбата (оздола исто)
 
@ Струмикс

Пеер...то поцинкувањето ќе биди ѓаол и пол...
Прашав за пескарење во БТ ...не се нафаќа...не му се исплаќало (ЗОШТО?! не ми е јасно, користи ситна песок или дробена пластика под одреден притисок и агол...мора внимателност ама...скапо?!)

Како ја чистеше старата боја на недостапните места?

Користеше некое некако средство...начин...или директно со (што?)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom