Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Олово...true Hot Rod :) како што скапуваат...ќе ми треба една кога оловни плочки:) хаха
има еден го глеам на нет македонче реставрира Fiat 128 Sport, многу мака видел :)
http://www.fiat128sport.blog.com.mk/
 
Имавме еднаш вакво Фиат 128 спорт. Старио мој вика дека се многу брзи околу 180 оди на рамно (партал ги правел BMW 318 од `78). Има 2 верзии со 1100 кубици 55 коња (101 мотор) и 1300 кубици 70 коња. Тоа што сме го имале ние било 1300 (јас го памтам ама многу малку). Лута машина, ама многу се ретки. Подвозје менувач и сите делови на него се исти со 101. Само моторот е малку различен.
 
Не е различен моторот, него оној од 1300 кубика е оној од 101 специал.
 
Да за истиот тој мисли...
Имаше кај мене предзграда...скапан на СЕКОЕ место така трулеше...безнадежен беше (пред 2-3 години) и го зедоа тогаш со акцијата за собирање на „стари и дотраени возила”. Какви машинчиња кренаа од градов...то чудо! Се што видоа старо, а не мрднато година дена...се беше за старо железо. Газдите па, им ги бараш да им ги купиш...не ти го даваа...кога видоа на крајот со куси ракави дека останаа „абе да знаев за беспари ќе ти го даев!” ...

Во БТ глеам сеа се врти едно ЕКСТРА скапано со жолто Ferrari коњче на хауба, полу Fiat 128 Sport:) а има една Berlina како стандардна Застава 128 само со штопови како лада назад ама не е цвеќе за мирисање има пооооооолно работа. Имаше на времето повеќе Fiat 128, наеднаш ги снема...
 
Струмикс ако најдеш нешто во Струмица така салам зачувано Заставче или Fiat-че кажвај!
 
Btw Струмикс бев до отпадите да видам што има што нема. Гледав и за тебе Zastava 1300 ама освен компресирани и полураспадните немаше ништо. Ама колку што знам немаа Заставините модели такви лајсни под вратите
196305ut4.jpg


Само Fiat-ите имаа...
 
Имаа првите заставини 1300, само склопувани во Крагуевац...до 70 и некоја

За поправката на лимаријата со олово т.е. мешавина од калај и олово, да си знаете дека е тоа, всушност, најраниот автолимарски марифет, пред да се појави китот, и истиот масовно да се „злоупотребува” од занаетот.
И, со добра обработка, стругање и сл. нема да се појават „бранови” на лимот, како што е тоа случај со лимот. А и не распукува.
 
И, замислете, дури денес слушнав дека во Струмица можело да се однесе било што на пескарење...Ќе се убиев! Ама, скапо било рекоа...
 
Да бе разбрав и во БТ пескарел некој...
Ама бегај...бељата ќе си ја фатиш...ќе ти го извиткат металот, ќе стегне на којзнае колку bar-и како слика од Picasso ќе ти ја направат колата...

Што викаш за ова?

Разредувач (поп. Разреџивач) испрскај ја целата кола...остави ја 2-3 минути...бормашина со железна четка...и вагјај боја!

Ќе успее велиш?
 
Абе ти па, тоа со ситни гранули се мава, не оштетува ништо...нема да е пикасо тертип, испитав денес лимари...
А, и за онаа со разредувачот си прашав, и одговорот беше не, со образложение дека хемикалиите мора да останат некаде, најчесто во лимот, и може да се одрази на новата боја во вид на флеки и ми препорачаа механичко отстранување на бојата, како подобро.
 
Епа фино е тоа да се знае...
ќе влезев јас со разреѓивач и машинката...лом!
Само не ја сфаќам логиката...какво дејство би имал разрегивачот на лимот? тој само ја отстранува бојата...врвиш со влажна крпа после тоа, неутрализира...прајмер...два слоја боја...
Кутра железна четка што ќе гледа :) хехе
 
Демек, хемикалиите остануваат, па макар и минимално, се впиваат во лимот, и така, еден убав ден, на хаубата една флека посветла, потемна...каква сакаш...
А сигурно поарно разбираат и од мене и од тебе во лимарија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom