Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
На 1300, скоро и да нема недостапни места, освен „бункерите” во багажникот, зад задните тркала, каде одев со најтенката можна челична четка, машински се разбира, и колку сум фатил толку, ама добро сум фатил, бидејки се отворија дупкички долу на крилото.
Потоа, споевите на предното крило на А носачот, одвнатре, каде крилата беа изгниени, па стручно лице ги сечеше, и јас пак по истиот терк работев, а за другото, има достап кога се е извадено.
Сега е буквално само школка со крила, преден и заден везен лим, без врати стакла, подвозје....внатрешност нема...тапацирунг нема...ништо нема, само инсталацијата стои, подместена малце од шелните кајшто оди, заради припрема.
Имав среќа што не беше премногу изгниена, и немаше некои големи дупки, но средниот праг и на двете страни е ново парче лим, како и надворешните прагови. Шасијата само на едно место беше малку гнила, на десниот спој со предниот везен лим, заради конструкцијата на системот за ладење, кој нема експанзионен сад, туку едно црево од ладникот кое ја истура надвор вишокот течност, и каде капело на шасијата, го дупнало.
Подот беше здрав, ама варовите на праговите со подот беа начнати, како и столбовите на А носачите долу на двете страни.
 
Значи се извади со железна четка а?...на бормашина и стругај...
јас така цел под го истружив на последнава буба...и еден УБАВ слој миниум...претходно со средство кое ја врзуваше рѓата во црн прав...
 
Абе сега се сетив...ваква тема имаше, па колега Волксваген, ја споив со твојата.
Да продолжиме тука!
 
Не се избриша темава? Мислев дека со падот на серверот отиде јабана...
Ок, и значи со железна четка брка се работа а?
Иначе Струмикс...што предлагаш?

Zastava 750/850 или Zastava 101?

Би одел и на Zastava 1300 ама и тоа исто ко фичото треба да чекам поќе време за делови...фак!
 
101 Медитеран, со мотор 1.3
Закон!
Пуштив абер и по Струмица да ме известат ако има нешто...
 
Супер...фала!

Ех лани што убава Медитеранка најдов. 600 евра регистрирана, војничка зелена. Тип Топ беше. Со татко ми бевме. Уште го праев Голфот. И на крајот од денот се кандисавме...ама ја продадоа! 1.1 беше.
 
Во Англија гледав ги мачкаат лимовите од внатрешноста со масло за да не ги фаќа рѓата... Струмикс, дали имаш некои слики да видиме како се изработува фиатот?
 
Слики за жал, немам. Не сум по техниката многу, а и немам со што...
Ќе има слики еден ден кога ќе е готов! Ќе ја преполнам галеријата, здравје.
А за масло, има само во внатрешноста на праговите премачкано на фиатот.
 
Мислам дека тоа е најефикасно против рѓа. 1-2 слоја прегорено масло да се залепи и нема гајле.
 
За таа намена има Битумен
 
-=}{VLATCHE}{=- напиша:
За таа намена има Битумен
Точно!
Маслото...мислам дека многу многу нема да заштити како битуменот, кој е погуст и е потежок од маслото. За оние кои не знаат, битуменот е продуктот кој прв се „дестилира“ од нафтата (суровата), а од таа дестилација плинот е последното дестилирање. Тешките масла се втори...
 
еве ги


А имав и прилика да поразговарам со сопственикот. Внатре многу добро е среден (можи да не се гледа добро на сликите) од страна на кров, седишта, тапацири... Со еден збор перфект. Го коштало околу 500 евра (само работна рака).
http://img235.imageshack.us/img235/3888/mercedes1gk1.jpg
http://img404.imageshack.us/img404/7059/mercedes4fi1.jpg
http://img233.imageshack.us/img233/6632/mercedes5vp2.jpg
Зафркава страната нешто... Ке ги видиш стрпи се малку.

Ете. Се намачив дури ги ставив сликите (само следи го линкот) имам уште една ама не сака повеќе да става. Тоа е. Внатре има дисплеј за DVD плеер, позади задните седишта 2 елипси и еден голем вуфер. Ај чекам коментар.
 
Се убаво, само тоа со ДВД-то не му требало. Според мене, се губи автентичноста на колата.
Инаку, одлично, макар што јас би одел на крем боја внатрешност. Бели не верувам дека ги правеа внатре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom