Видиш, кај мене на ушето, стаив онаму погоре, не знам како се вика тој дел од увото, али таму не ми трпеше, ме болеше а у. Али не верувам дека е до мојот организам, оти имав околу 10тина други менѓуши (седум дупчиња на едното уво, три на другото) и ни една не напраи проблем. А на јазик и нос, и тетоваживе без проблем. Кај тетоважи, кога е више тоа темата, зависи и од каква боја е тетоважата - во црвената се содржат некои нешта на кои може некој да биде алергичен, што е причината зошто кога се тетовираш у боја, прво треба да те капнат со малце масло на кожа да проверат.
Зависи од многу нешта, и како е направено, и како се грижиш за тоа покасно, и како ти реагира телото на тоа. Али ако сакаш, не може да те спречи нешто - само ќе се трудиш повеќе. Јас на увото уште три пати после дупнував, и третиот пат конечно беше без проблем. Ја имам веќе две години сега, и не сум имала никакви проблеми.